Цивил е за цивилизирано, цивилно и демократско општество. Така се поставија како редакција од самиот почеток и така делуваат во нашиот медиумски, интернет простор. Со своите содржини даваат прилог кон навременото и објективно известување, отворајќи, но и расветлувајќи деликатни прашања од нашиот општествено-политички контекст.
Она што е иманентно за оваа организација, е борбата за човековите права, преку објавените стории и прилози, што е особено важно за евроинтегративниот правец по кој се движи Македонија.
Така што, придонесот на Цивил е како на своевиден катализатор и поттикнувач на демократизацијата на општеството, преку јавно искажаниот збор кој треба да поттикне на проактивност од страна на сите чинители.
Цивил е на вистинската страна на историјата. Тоа е најтешкиот, но и единствен пат за изградба на хумано, правично, цивилно општество.
Само продолжете така, дечки и девојки!