ЦИВИЛ повика на ослободување на руските политички затвореници и одговорност на Путин за злосторствата
Претставници на ЦИВИЛ денеска пред руската амбасада во Скопје, со протестно писмо по повод смртта на рускиот борец за демократија и човекови права, Алексеј Навални, се обратија до руските граѓанки и граѓани.
Дел од активистите на ЦИВИЛ носеа маички со ликот на Навални и слоганот Je suis Navalny, додека го читаа писмото насловено како „Отворено писмо до граѓанките и граѓаните на Руската Федерација“. Писмото беше прочитано на македонски, албански и англиски јазик.
ЦИВИЛ го одржа настанот пред руската амбасада во Скопје во знак на солидарност и почит кон делото на Навални и крајна осуда на диктаторскиот режим на Путин.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Џафери за препораката на Советот на Европа во врска со Хашките случаи: Тоа е завршена работа, законите се донесени
-Веќе дадов одговор за тоа дека е завршена работа во контекст на она што е законодавство и состојбата во државата. Завршена е таа приказна, законите се донесени, изјави кратко Џафери одговарајќи на новинарски прашања во однос на препораката на Советот на Европа за отповикување на Законот за амнестија од 2011 и процесирање на четири Хашки случаи.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ДИК Претседателот на Собранието Јован Митрески денеска ќе одржи редовна понеделничка координација со првите луѓе на пратеничките групи на која се очекува да биде договорено кога ќе се одржи пленарната седница за избор на седмиот член на Државната изборна комисија (ДИК).
МОН Врсничкото насилство не е одговорност само на Министерството за образование и наука, туку сите институции треба да се вклучат во превенција на оваа појава, изјави министерот Јетон Шаќири и апелираше до сите институции да се посветат на овој проблем согласно нивните надлежности и до родителите да соработуваат за да има што помалку случаи на булинг.
ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ СДСМ својот претседателски кандидат ќе го има на крајот на овој или на почетокот на идниот месец и тој ќе биде поддржан од нашите коалициски партнер, изјави претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Јапонија ќе обезбеди финансиска помош од над 10 милијарди долари за Украина
*
Бајден го обвини „недејствувањето на Конгресот“ за украинското повлекување од Авдиивка
*
По разрешувањето на Валериј Залужни како врховен командант на вооружените сили на Украина и назначувањето на Олександр Сирскиј на негово место, руската пропаганда создаде бран апсурдни фалсификати. Дезинформациите одат до таму што лажно се тврди дека поранешниот началник на украинската армија, наводно, се приклучил на Европската солидарност и повикал на државен удар.
СВЕТ
ЕУ– Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска ја најави својата кандидатура за втор петгодишен мандат на чело на извршното тело на ЕУ.
ГАЗА – Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Обединетите нации Линда Томас-Гринфилд предупреди дека доколку алжирската предложена резолуција со која се повикува на хуманитарен прекин на огнот во Газа излезе на гласање во Советот за безбедност на ОН, како што е изготвена, таа нема да биде усвоена од Вашингтон.
ЗАКАНА Унгарската екстремна десница се заканува на притворената италијанската антифашистка во Будимпешта со бесење.
СРЕДБА Сопругата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, Јулија Навални денеска во Брисел ќе се сретне со министрите за надворешни работи на ЕУ, три дена по неговата смрт во руски затвор.
НАВАЛНИ Лоцирано е телото на Навални, снимките од уличните камери го откриваат мистериозниот транспорт на телото по неговата смрт
АЛ-ПРЕС
Редакциски избор од албанските медиуми во регионот
– Газета Експрес: Терористичкиот напад во Бањска го замрзна дијалогот, нема датум кога се очекува да продолжи
– Албеу – Сарацин: Косово и Србија ќе го унапредат спроведувањето на Охридскиот договор
– ЈОЌ Албанија: Хакери објавија интерни документи на компанијата ОНЕ Албанија
– Еуроњуз – Малцинствата со жалба: Треба да се смени изборниот систем, да се вклучиме и ние
– КОЛУМНА -Панорама: Сартори и „политичката измама“ на нашата демократија 👇
СЛОБОДНА ЗОНА
„Алексеј Навални ги издржуваше најтешките затворски услови во земјата од декември, областа е брутално студена. Во август, неговата затворска казна беше продолжена за уште 19 години по обвиненија поврзани со неговата антикорупциска фондација. Поддржувачите рекоа дека обвиненијата се политички мотивирани и дел од кампањата на Путин да го замолчи.“, “Смртта на Алексеј Навални“.
„Дека за пасошите надлежните се виновни се многу виновни ама, посебно некои ТВ уредници, начекаа, со посебно нагласена страст начекаа нагласено да се подзагребат кај потенцијалните постизборни властодршци, начекаа една фина полтронска ситуација да им се покажат но, притоа, премолчуваат за тајминзите кога трезвените и рационалните граѓани не им поверуваа на партиските квазипатриотски манипуланти…“, по допрен глас од Зоран Иванов –„Ајде сега заведените нека тропнат и на совеста на партиските преваранти и на совеста на редакциските манипуланти“.
„Колкава е таа севкупна моќ на еден апарат, почувствуваа и оние кои се одлучија нешто да ѝ замерат и на МПЦ за нејзините дворски, главно проруски игри. Нема за овие „сили во воздухот“ скршнување од доминантниот колосек, кој води рамно кон планот Б што стои над вратите на крајот од изборниот процес.“, Љубомир Костовски во колумната „Одразот на Путиновиот Гулаг во македонските очи“.
„Ако некој досега воопшто се сомневаше дека ќе има поинаков епилог од политички мотивираната судска фарса во која беше обвинет и осуден рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, сега веќе нема ни трошка сомнеж дека токму Путин е нарачателот и одговорниот за смртта на Навални.“, Драган Мишев во колумната „Алексеј Навални – Исус од Москва“.
Подготви: Д. Тахири