• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Алексеј Навални – Исус од Москва

February 18, 2024

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Алексеј Навални – Исус од Москва

February 18, 2024 12:09
in АНАЛИЗИ, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Ако некој досега воопшто се сомневаше дека ќе има поинаков епилог од политички мотивираната судска фарса во која беше обвинет и осуден рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, сега веќе нема ни трошка сомнеж дека токму Путин е нарачателот и одговорниот за смртта на Навални. Умираше на рати, бавно и болно, почнувајќи со неговото труење со смртоносниот нервен агенс Новичок од страна на Руската Федерална служба за безбедност во 2020 година, за, откако се врати по лекувањето од Германија на почетокот на 2021 година, да биде уапсен, затворен во многу тешки услови, и неодамна префрлен во оддалечена, брутална затворска колонија над Арктичкиот круг, каде што редовно беше сместуван во самица на долги периоди наспроти руските закони, за кои се испостави дека токму државата не ги почитува, и кои за некого значат само „мртва буква на хартија“.

Додека здравјето на Навални стануваше сè покревко, неговите барања за соодветен медицински третман постојано беа одбивани. Тој можеше да комуницира со надворешниот свет единствено преку своите адвокати , но остана пркосен до крај. Со неговата смрт, Русија ја загуби својата најхрабра опозициска фигура, и сега се поставува прашањето зошто Навални се врати во Русија од Германија во 2021 година, кога знаел дека ќе биде уапсен?

Во јануари 2021 година, Алексеј Навални со објава на Инстаграм ги шокираше своите приврзаници и го најави своето враќање во Русија по закрепнувањето во Германија од труењето за кое го обвини Кремљ.

„Никогаш не се прашував дали треба да се вратам, едноставно затоа што никогаш не заминав“, напиша тој на 13 јануари 2021 година. „Завршив во Германија откако слетав во кутија за интензивна нега, од една причина: се обидоа да ме убијат. “

Веста беше примена од неговите соработници низ Русија како можно изгревање на нова ера во руската политика, момент кога антикорупцискиот крстоносец кој преживеа обид за атентат дојде дома за да се соочи со човекот што го обвини дека е нарачателот: претседателот Владимир Путин .

Неговите поддржувачи тргнаа во Москва за да го поздрават по неговото планирано пристигнување во главниот град на 17 јануари. во бројки што би ги заштитиле и нив и Навални од заканите упатени од официјални лица кои имаат намера да го уапсат при пристигнувањето.

Но, набрзо еуфоријата исчезна по задушувањето на сега веќе забранетата политичка мрежа на Навални и граѓанското општество пошироко. Илјадници демонстранти се приведени и многумина затворени, а повеќе од половина од политичките координатори на Навални ја напуштија Русија или беа уапсени поради нивниот активизам, а некои беа ставени на списоците на барани како „терористи“ или „екстремисти“.

Новинарите кои ги испитуваа околностите за труењето на Навални и ги наведоа неговите истраги за корупција, беа означени како „странски агенти“. Иако малкумина не ја пофалија храброста на Навални, по бранот политички репресии што се појави со неговото враќање, а особено сега по неговата маченичка смрт во екстремни услови  во казнената колонија на Арктикот, многумина се прашуваат: Дали на крајот вредеше?

Навални веруваше дека неговата мисија е да продолжи да се бори против корумпираниот, репресивен руски систем под диктатурата на Путин, и во видеото објавено пред неговото апсење, како да претчувствуваше дека можеби нема да го преживее затворот, ги повика Русите да не се предавват, и да ја продолжат неговата борба.

„Не смеете да се откажете. Ако одлучат да ме убијат, тоа значи дека сме неверојатно силни“, им порача Навални на Русите.

Навални од самиот почеток вети дека ќе се врати, отфрлајќи ги сугестиите по закрепнувањето во Германија да избере егзил на Запад наместо затвор во Русија, и иако знаеше дека неговото апсењето беше речиси сигурно, тој избра да се врати за да ја продолжи борбата поротив аномалиите во руското општество и корумпираниот државен апарат, на чело со диктаторот Путин.

Прифаќајќи дека по апсењето може да  остане долго зад решетки, тој избра даостане запаметен во историските книги, по примерот на Ганди кој ја водеше Индија до независност од вековната британска доминација, или Нелсон Мандела, кој ја предводеше еманципацијата на Јужна Африка од владеењето на белото малцинство и беше избран како нејзин прв црн претседател откако помина 27 години во затвор.

Или можеби уште побиблиски, дисидентот од Москва избра да се врати и да се жртвува, исто како Исус од Назарет, кој иако знаеше дека ќе биде предаден на тајната вечера, сепак избра да оди, жртвувајќи се за доброто на човештвото.

Навални долго време беше трн во окото на претседателот Владимир Путин, откривајќи ја корупцијата на високи места, водејќи кампања против владејачката партија Единствена Русија и организирајќи некои од најголемите антивладини протести видени во последниве години,

Навални беше најпознат по неговиот антикорупциски активизам и возбудливите видеа на Јутјуб кои ги продуцираше и разоткривајќи корумпирани функционери, од кои најпознатото, „Палата на Путин“ беше објавено во јануари 2021 година, за имотот на диктаторот на Црното Море вреден 1,35 милијарди долари со подземно лизгалиште за хокеј, приватно казино и амфитеатар. Собра 122 милиони прегледи. Навални почна да се фокусира на корупцијата на почетокот на неговата деловна кариера кога стана акционер-активист и ги прозиваше корпоративните функционери на состаноците на акционерите за изворите и распределбата на нивната заработка. Неговата антикорупциска фондација, иако е забранета во Русија, продолжува да работи во егзил.

Навални создаде успешна политичка организација со ограноци низ цела Русија. Го основаше Фондот за борба против корупцијата, кој ги обедини проектите „Смарт воутинг“, „Синдикејт Навални“, „Роспил“, „РосЖКХ“, „Росјама“, „Росвибори и „Добра машина на вистината“ и се залагаше за „паметно гласање“ – оние кои се против Путин треба да гласаат за кандидати кои би можеле да го победат кандидатот на Единствена Русија, било да се тоа комунисти или од екстремно десничарската Либерално-демократска партија.

Во 2009 година беше прогласен за личност на годината од весникот „Ведомости“. Во 2012 година, Тајм го стави на листата на 100 највлијателни луѓе во светот, а во 2017 година на листата на 25 највлијателни луѓе на Интернет. Во 2017 и 2019 година, „Ведомости“ го прогласи за политичар на годината.

Со неговата смрт среде се порепресивните потези од Кремљ, Русија остана без единствениот вистински опозициски лидер.

По кандидатурата на Путин за реизбор во средината на март, Кремљ веќе започна со  елиминација на сите опозиционери од гласачкото ливче, од кои најистакнат е Борис Надеждин, кој се противи на војната со Украина и собра повеќе од потребните 100.000 потписи за да биде на гласачко ливче. Пропагандистите во Москва веќе интензивно работат на терен по тоа прашање, со лични дисквалификации на против кандидатите, преку дискутабилни одлуки на корумпираниот судски систем, до физички ликвидации. Без сомнение Кремљ ќе се погрижи да спречи големи протести по смртта на Навални, апсејќи стотици демонстранти кои се собраа да му оддадат почит на Навални, обвинувајќи го Путин како виновник за неговата смрт, и веќе негираше дека има некаква врска со тоа, додека се уште не го предава неговото тело на семејството, купувајќи време за да ја заташка истрагата..

Целта на Путин е да го елиминира секој противник на неговото автократско владеење, со огромна веројатност дека репресијата ќе се зголеми по неговиот реизбор. Дали слободоумните Руски ќе соберат сила и доволна масовност за да ја продолжат борбата на последниот руски опозициски лидер, или ќе бидат вовлечени во нова сталинистичка ера која наликува на годините на владеењето на Јосип Висарионович Џугашвили и на се она што следеше по смртта на диктаторот, и ќе дозволат саможртвувањето на Навални да биде залудно.

Или, ќе го воскреснат милиони негови сограѓани за кои толку несебично го жртвуваше својот живот со масовни протести низ руските градови, заслепените ќе прогледаат, замолчените ќе прозборат, заблудените ќе се освестат, и ќе ја продолжат неговата борба против злото во Русија. До конечна победа, за доброто на Русија, за доброто на сите нас.

А Велигден наближува…


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia

 

Tags: Алексеј НавалниВладимир ПутиндемократијаРусијачовекови права
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ