• Latest

24 ЧАСА: Во Србија уапсен Милан Радоичиќ; Предлог законот за амнестија доставен во Собрание; Ковачевски вели дека законот за амнестија не е правен за личности; проруски политичар победи на парламентарните избори во Словачка

October 3, 2023

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

November 7, 2025

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

November 7, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Во Србија уапсен Милан Радоичиќ; Предлог законот за амнестија доставен во Собрание; Ковачевски вели дека законот за амнестија не е правен за личности; проруски политичар победи на парламентарните избори во Словачка

October 3, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Во Србија уапсен Милан Радоичиќ, организаторот на вооружениот напад во Бањска

Српското Министерство за внатрешни работи  денеска соопшти дека е уапсен Милан Радоичиќ, контроверзниот бизнисмен кој според сопствените тврдења е организатор на вооружениот напад  во Бањска во Косово, при што загинаа четири лица. На Радоичиќ одреден му е 48-часовен притвор.

Радоичиќ на 29 септември преку својот адвокат ја презеде одговорноста за вооружениот конфликт во селото Бањска, а следниот ден како граѓанин беше сослушан во полиција. По неговото сослушување беше најавено дека предметот ќе го преземе белградското Вишо јавно обвинителство во Белград.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Ковачевски: Предлог-законот за амнестија не е правен за личности

Предлог-законот за амнестија е испратен во собраниска процедура без европско знаменце и не е правен за личности, туку за дела од помал обем, со намера за релаксирање на пренатрупаните капацитети во затворот Идризово и во другите сместувачки објекти во рамките на Управата за извршување на санкции, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Единството на НАТО и ЕУ доведени во прашање откако проруски политичар победи на парламентарните избори во Словачка, први на удар мигрантите

Популистичката партија СМЕР на чело со про-Кремљ политичарот и поранешен премиер, Роберт Фицо се етаблираше како победник на изборите во Словачка откако обезбеди повеќе гласови од ривалите, покажуваат официјалните резултати, што дополнително ги подгрева стравувањата за можен удар врз единството во НАТО и ЕУ во врска со Украина, како и предизвиците за заедничката мигрантска политика на ЕУ.

Шмигал: Министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ и Украина ќе имаат нова средба во декември

Украинскиот премиер Денис Шмигал денеска најави дека министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ и Украина ќе имаат нова средба во декември.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ЗАКОН ЗА АМНЕСТИЈА Владата го испратила Законот за амнестија до Собранието, информираат од Кабинетот на претседателот на Парламентот. Законот е предложен да се носи по скратена постапка, а тој веќе е доставен до пратениците од страна на претседателот на Собранието Талат Џафери.

КУЛТУРА  Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на прес-конференција во Владата соопшти дека од денеска (3 октомври) во 12 часот е отворен системот за електронско пријавување на Конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2024 година.

ПОДДРШКА Прирачник за поддршка на работодавачи при вработување на лица со аутизам е изработен во рамки на Еразмус + проектот: „Labor Inclusion for People with Autism“ („LIPS“), информираа денеска од Здружението за унапредување на квалитетот на живот на лицата со нарушувања од спектарот на аутизам „Сина светулка“.

САНАЦИЈА АД ЕСМ почнува со подготвителни активности  за санација на цевководот на мостот „Беласица“ во Скопје и уверува дека цевководот ќе биде целосно функционален и ќе се обезбеди непрекинато парно греење за граѓаните на Град Скопје.

БИЛАТЕРАЛА Во Скопје вчера се одржа состанок на експертските работни групи на Министерствата за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија, објавено е на сајтот на македонското МНР.

СВЕТ

Популистичката партија СМЕР на чело со про-Кремљ политичарот и поранешен премиер, Роберт Фицо се етаблираше како победник на изборите во Словачка откако обезбеди повеќе гласови од ривалите, покажуваат официјалните резултати, што дополнително ги подгрева стравувањата за можен удар врз единството во НАТО и ЕУ во врска со Украина, како и предизвиците за заедничката мигрантска политика на ЕУ.

*

Полска од полноќ ќе воведе привремени проверки на границата со Словачка, најави денеска полскиот министер за внатрешни работи Мариуш Камински.

*

Чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракусан денеска изјави дека и Прага воведува привремена контрола на границата со Словачка.

*

Група жени од Гренланд бараат отштета од  Данска поради спроведување на кампања за принудна контрацепција во текот на 60-тите години од минатиот век, изјави денеска адвокат на жените.

*

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел синоќа упати покани до лидерите на земјите членки на ЕУ за учество на неформалниот Самит на Унијата, што ќе се одржи в петок во шпанскиот град Гранада во организација на премиерот на Шпанија, Педро Санчез.

АЛ-ПРЕС

Европскиот парламент денеска ќе  расправа за нападот на косовската полиција, се очекува резолуција, Специјалното обвинителство на Република Косово соопшти дека започнало истрага за нападот во Бањска и дека во моментов е во процес на прибирање информации и докази поврзани со овој случај, а паралелни истраги најави и Обвинителството на Србија, РЕДАКЦИСКИ ИЗБОР.

МУЛТИКУЛТУРА

ЦИВИЛ – Центар за слобода со поддршка од Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу одржa јавен настан „Граѓански дијалози за односите меѓу заедниците: Предизвици и решенија“ во Општина Чаир.

Настанот го водеше Дијана Тахири од ЦИВИЛ, а на почетокот говореа градоначалникот г. Висар Ганиу и претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала. По воведните излагања на Дерала и Ганиу беше отворена дискусија во која учесниците говореа за предизвиците, но и за решенијата што ги предлагаа. Настанот е дел од активностите од проектот „Заедно за подобра иднина“, кој ЦИВИЛ го спроведува во соработка со министерството за надворешни работи и Европски прашања, на Големото војводство Луксембург.

AНАЛИЗА

Путин се обложува на обидите да се запре снабдувањето со западно оружје за Украина како услов да ја добие војната

Интересно е тоа што во јуни портпаролот на Кремљ Песков изјави дека една од целите на специјалната операција (демилитаризација на Украина) е постигната. Путин тврдеше дека украинскиот воено-индустриски комплекс е ефикасно уништен. Затоа наративот на Кремљ „додека Запад ја снабдува Украина со оружје, крвавата војна ќе продолжи“ доби толкава тежина.

Путин тврдеше дека украинскиот воено-индустриски комплекс е ефикасно уништен. Затоа наративот на Кремљ „додека Запад ја снабдува Украина со оружје, крвавата војна ќе продолжи“ доби толкава тежина.

Подготви: Д. Тахири

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ