ВЕСТ НА ДЕНОТ
Во Србија уапсен Милан Радоичиќ, организаторот на вооружениот напад во Бањска
Српското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека е уапсен Милан Радоичиќ, контроверзниот бизнисмен кој според сопствените тврдења е организатор на вооружениот напад во Бањска во Косово, при што загинаа четири лица. На Радоичиќ одреден му е 48-часовен притвор.
Радоичиќ на 29 септември преку својот адвокат ја презеде одговорноста за вооружениот конфликт во селото Бањска, а следниот ден како граѓанин беше сослушан во полиција. По неговото сослушување беше најавено дека предметот ќе го преземе белградското Вишо јавно обвинителство во Белград.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Ковачевски: Предлог-законот за амнестија не е правен за личности
Предлог-законот за амнестија е испратен во собраниска процедура без европско знаменце и не е правен за личности, туку за дела од помал обем, со намера за релаксирање на пренатрупаните капацитети во затворот Идризово и во другите сместувачки објекти во рамките на Управата за извршување на санкции, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Единството на НАТО и ЕУ доведени во прашање откако проруски политичар победи на парламентарните избори во Словачка, први на удар мигрантите
Популистичката партија СМЕР на чело со про-Кремљ политичарот и поранешен премиер, Роберт Фицо се етаблираше како победник на изборите во Словачка откако обезбеди повеќе гласови од ривалите, покажуваат официјалните резултати, што дополнително ги подгрева стравувањата за можен удар врз единството во НАТО и ЕУ во врска со Украина, како и предизвиците за заедничката мигрантска политика на ЕУ.
Шмигал: Министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ и Украина ќе имаат нова средба во декември
Украинскиот премиер Денис Шмигал денеска најави дека министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ и Украина ќе имаат нова средба во декември.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ЗАКОН ЗА АМНЕСТИЈА Владата го испратила Законот за амнестија до Собранието, информираат од Кабинетот на претседателот на Парламентот. Законот е предложен да се носи по скратена постапка, а тој веќе е доставен до пратениците од страна на претседателот на Собранието Талат Џафери.
КУЛТУРА Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на прес-конференција во Владата соопшти дека од денеска (3 октомври) во 12 часот е отворен системот за електронско пријавување на Конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2024 година.
ПОДДРШКА Прирачник за поддршка на работодавачи при вработување на лица со аутизам е изработен во рамки на Еразмус + проектот: „Labor Inclusion for People with Autism“ („LIPS“), информираа денеска од Здружението за унапредување на квалитетот на живот на лицата со нарушувања од спектарот на аутизам „Сина светулка“.
САНАЦИЈА АД ЕСМ почнува со подготвителни активности за санација на цевководот на мостот „Беласица“ во Скопје и уверува дека цевководот ќе биде целосно функционален и ќе се обезбеди непрекинато парно греење за граѓаните на Град Скопје.
БИЛАТЕРАЛА Во Скопје вчера се одржа состанок на експертските работни групи на Министерствата за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија, објавено е на сајтот на македонското МНР.
СВЕТ
Популистичката партија СМЕР на чело со про-Кремљ политичарот и поранешен премиер, Роберт Фицо се етаблираше како победник на изборите во Словачка откако обезбеди повеќе гласови од ривалите, покажуваат официјалните резултати, што дополнително ги подгрева стравувањата за можен удар врз единството во НАТО и ЕУ во врска со Украина, како и предизвиците за заедничката мигрантска политика на ЕУ.
*
Полска од полноќ ќе воведе привремени проверки на границата со Словачка, најави денеска полскиот министер за внатрешни работи Мариуш Камински.
*
Чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракусан денеска изјави дека и Прага воведува привремена контрола на границата со Словачка.
*
Група жени од Гренланд бараат отштета од Данска поради спроведување на кампања за принудна контрацепција во текот на 60-тите години од минатиот век, изјави денеска адвокат на жените.
*
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел синоќа упати покани до лидерите на земјите членки на ЕУ за учество на неформалниот Самит на Унијата, што ќе се одржи в петок во шпанскиот град Гранада во организација на премиерот на Шпанија, Педро Санчез.
АЛ-ПРЕС
Европскиот парламент денеска ќе расправа за нападот на косовската полиција, се очекува резолуција, Специјалното обвинителство на Република Косово соопшти дека започнало истрага за нападот во Бањска и дека во моментов е во процес на прибирање информации и докази поврзани со овој случај, а паралелни истраги најави и Обвинителството на Србија, РЕДАКЦИСКИ ИЗБОР.
МУЛТИКУЛТУРА
ЦИВИЛ – Центар за слобода со поддршка од Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу одржa јавен настан „Граѓански дијалози за односите меѓу заедниците: Предизвици и решенија“ во Општина Чаир.
Настанот го водеше Дијана Тахири од ЦИВИЛ, а на почетокот говореа градоначалникот г. Висар Ганиу и претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала. По воведните излагања на Дерала и Ганиу беше отворена дискусија во која учесниците говореа за предизвиците, но и за решенијата што ги предлагаа. Настанот е дел од активностите од проектот „Заедно за подобра иднина“, кој ЦИВИЛ го спроведува во соработка со министерството за надворешни работи и Европски прашања, на Големото војводство Луксембург.
AНАЛИЗА
Интересно е тоа што во јуни портпаролот на Кремљ Песков изјави дека една од целите на специјалната операција (демилитаризација на Украина) е постигната. Путин тврдеше дека украинскиот воено-индустриски комплекс е ефикасно уништен. Затоа наративот на Кремљ „додека Запад ја снабдува Украина со оружје, крвавата војна ќе продолжи“ доби толкава тежина.
Путин тврдеше дека украинскиот воено-индустриски комплекс е ефикасно уништен. Затоа наративот на Кремљ „додека Запад ја снабдува Украина со оружје, крвавата војна ќе продолжи“ доби толкава тежина.
Подготви: Д. Тахири