ВЕСТ НА ДЕНОТ
Кривичната постапка за случајот „Траекторија“ запре, во согласност со измените во Кривичниот законик
Имајќи го предвид предлогот на Јавното обвинителство и измените на Кривичниот законик, Судечкиот совет при Основниот Кривичен суд Скопје денеска ја запре кривичната постапка за случајот „Траекторија“.
Судот донесе решение, се запира кривичната постапка против обвинетите Владимир Пешевски, Миле Јанакиески и Љупчо Георгиевски за „злоупотреба на службена положба и овластување“, како и обвинителниот предлог против Никола Груевски за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“.
ИЗЈАВА ДЕНОТ
Адеми: Вмешувањето на политиката во судството е присутно, не се почитува уставното начело на поделба на власта
Вмешувањето на политиката во судството во нашата држава е присутна појава и тоа е веќе нотирано како проблем кој ја нарушува неговата независност. Факт е дека не се почитува уставното начело на поделба на власта. Постојат ситуации на обиди за директно мешање на политиката и на другите власти, поради реализација на агенди кои не се во корелација на владеењето на правото и на надлежностите на судската власт. Но, ние како Врховен суд и како највисок суд во државата не дозволуваме и не смееме да дозволиме преку таквите обиди да се наруши независноста на судството и со тоа да падне неговиот углед, односно угледот и авторитетот на Врховниот суд, изјави претседателката на Врховниот суд Беса Адеми.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Германската министерка Бербок е уверена дека ЕУ ќе ја поддржи кандидатурата на Украина
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска изјави дека е уверена оти ЕУ ќе ја поддржи кандидатурата на Украина да се приклучи на блокот следниот месец на самитот што се смета за клучна пресвртница во напорите на Киев да се интегрира со Западот.
Жестоки руски напади со дронови на Харкив: Повредени осум лица, изгаснат голем пожар во градот
Во областа Основјански во градот Харкив, пожарникарите гаснеа пожар од големи размери што избувна како резултат на синоќешниот руски напад со дронови.
ЦИВИЛ за војната во Газа
Масакрот мора да престане и да му отстапи место на дијалогот!
ЦИВИЛ го повторува повикот за итен прекин на огнот и целосно и непречено отворање на сите патишта за хуманитарна помош за настраданото население во Појасот Газа, се наведува во соопштение од ЦИВИЛ.
ЦИВИЛ упатува најостра и недвосмислена осуда за терористичкиот напад на Хамас во Израел, каде што брутално беа убиени повеќе од 1.400 луѓе, меѓу кои и жени и деца, а киднапирани беа повеќе од 245 луѓе, меѓу кои и странски државјани.
ЦИВИЛ продолжува со осудата и протестот до израелската влада која е одговорна за неселективното бомбардирање и убивање цивили, уништување на критичната цивилна инфраструктура, егзодусот на повеќе од еден милион луѓе под закана со жесток оган, и повикува на олеснување и помош во снабдувањето на два милиони луѓе со храна, гориво, електрична енергија, вода и лекови.
ФЛЕШ ВЕСТИ
АМНЕСТИЈА Законот за амнестија не доби поддршка од Собранието, министерот Лога најави дека ќе го поднесе повторно по редовна постапка
ЕВАКУАЦИЈА Во текот на вчерашниот ден, тројца државјани на Република Северна Македонија (татко и две деца), безбедно ја напуштија Газа и во придружба на вршителот на работи во нашата Амбасада во Каиро, Елма Алторок, беа упатени кон египетскиот главен град, а од таму кон Северна Македонија, соопштија од македонското Министерство за надворешни работи.
ЛАЖНА ВЕСТ Премиерот Димитар Ковачевски како лажни вести ги оцени тврдењата дека се планира продажба на дел од Македонскиот електропреносен систем оператор – МЕПСО.
ИЗРАЕЛ –ГАЗА
Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА) денеска соопшти дека близу 50 нејзини објекти и имоти во Појасот Газа се оштетени, а некои биле „директно погодени“, се наведува на веб-страницата на УНРВА.
Бомбите, недостатокот на вода, храна, лекови, електрична енергија и оштетенитe патиштата од израелската офанзива го оневозможуваат животот на лицата со посебни потреби во Газа.
АЛ-ПРЕС
Редакциски избор од албански медиуми: Според Би-Би-Си Баша бил тајно финансиран од Русија; рациите на СО во Косово поврзани со спроведувањето на правдата; рударите на Трепча го прекинаа десетдневниот штрајк
ОТВОРЕНО СТУДИО НА ЦИВИЛ
Иванов: Телевизијата е моќна платформа, микрофонот е оружје
Костовски: Инцидентот во Канал 5 е скандал пар екселанс, прашање е кои ќе бидат последиците
ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Со стара вест од пред 3 години, дел од македонските портали, вчера и денес продуцираа „сензационална“ содржина, која секако ќе им биде добредојдена во борбата за кликови. За клик повеќе, професионалност и вистинитоста паѓаат во вода. Можеби и никој нема да забележи дека веста е „бајата“, секако, доколку не се „дежурните“ факт-чекери и разобличувачи на лажни вести.
ЗЕЛЕН ФОРУМ
СЛОБОДНА ЗОНА
“Околностите се екстремни, нема потреба да се лажеме. Оној, пак, што ги прима заканите без своја волја е ставен на шаховска табла како пиoн. А секој оној што мисли дека со тоа си прави лична промоција, го замолувам рибачењето да го испроба на своја кожа.“, пишува Ненад Јовановиќ во колумната „Бркај ме нежно“.
„Директорот на Канал 5 телевизија нè потсети на „Началничните“ медиумски невремиња од времето на режимот. Она што може да се направи за поддршка на Исмет Рамадани е да не им се гостува во „директорските“ им емисии. Или да им се одмолчи цела емисија, беше мојот прв кометар за скандалот во Канал 5, што го приреди директорот на телевизијата.“, пишува Јане Ѓорѓиоски во колумната „Каква порака испраќа Мицкоски со скандалозната поддршка за Канал 5?“.
„Мицковски е како свената булка крај шините. Неговото деструктивно однесување во политиката, бескрајниот лелек, ирационалното инаетење и контрирање го оставаат сам, како цвеќенцето кое, кутрото, го употребив како метафора за неговата појава. Нека ми простат љубителите на флората.“, пишува Џабир Дерала, во колумната „Мицковски- свената булка крај шините“.
Подготви: Д. Тахири