Новинарот Зоран Иванов, во Отворено студио на ЦИВИЛ, за инцидентот во Канал 5 и вклучувањето во емисијата „Само вистина“, на директорот Иван Мирчевски, кога го избрка гостинот Исмет Рамадани, советник во Владата, изјави дека Мирчевси го навреди и новинарот кој ја водеше емисијата.
„Ова што Мирчевски го направи, таа ароганција доаѓа, тоа кога човек малку се заситува, малку се занесува, телевизијата е моќна алатка, студиото е моќна платформа, а микрофонот оружје, и ти да упаднеш така во телевизија…“, изјави Иванов.
Б. Ј.
разговорот го водеше: Дехран Муратов
камера и монтажа: Ариан Мехмети