• Latest

Албански медиуми: Според Би-Би-Си Баша бил тајно финансиран од Русија; рациите на СО во Косово поврзани со спроведувањето на правдата; рударите на Трепча го прекинаа десетдневниот штрајк

November 3, 2023

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Според Би-Би-Си Баша бил тајно финансиран од Русија; рациите на СО во Косово поврзани со спроведувањето на правдата; рударите на Трепча го прекинаа десетдневниот штрајк

November 3, 2023 11:44
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Британската Би-Би-Си објави истражување во кое се споменува претседателот на Демократската партија на Албанија, Лулзим Баша. Во центарот на истражувањето е „офшор“ компанија наречена Алфа Консалтинг, која помогнала да се создадат неколку компании кои други ги користел блискиот круг на Владимир Путин, пишуваат албанските медиуми.

Во Косово, Канцеларијата на Специјализираното обвинителство (СО), преку кратко соопштение за медиумите, потврди дека спроведува тековни операции  во истражен процес кој се фокусира на кривични дела против спроведувањето на правдата.

Ова се само дел од темите издвоени од редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

АЛБАНИЈА

Калѕо -Истрага на Би-Би-Си: Сомнежи дека Лулзим Баша бил тајно финансиран од Русија

Британската радиодифузна мрежа Би-Би-Си објави истражување во кое се споменува претседателот на Демократската партија на Албанија, Лулзим Баша. Во центарот на истражувањето е „офшор“ компанија наречена Алфа Консалтинг, која помогнала да се создадат неколку компании кои други ги користел блискиот круг на Владимир Путин, вклучително и онаа која ја криела јахтата на покојниот платеник шеф Евгениј Пригожин. Алфа Консалтинг соработувале  со повеќе од 900 британски компании, помагајќи им да ги сокријат своите вистински сопственици, пренесува Калѕо.

КОСОВО

ЕО: Од СО појаснуваат дека рациите се поврзани со истраги за кривични дела против спроведувањето на правдата

Канцеларијата на Специјализираното обвинителство (СО), преку кратко соопштение за медиумите, потврди дека спроведува тековни операции на Косово во истражен процес кој се фокусира на кривични дела против спроведувањето на правдата.

„Операциите на СО оваа недела се овластени од судството од страна на Специјализираните комори на Косово (ДХСК) и поддржано од косовската полиција и Мисијата на Европската унија за владеење на правото на Косово (ЕУЛЕКС)“, се вели во коминикето, објавено во вечерните часови, пренесува Економиа Онлајн.

Балкан Веб: Договорот е постигнат, штрајкот на рударите на Трепча е прекинат

Штрајкот на рударите на Трепча, кој траеше над 10 дена, синоќа среде ноќ беше прекинат по веќе постигнат договор. Штрајкот е прекинат на полноќ, по дискусија со пратениците на ЛВВ, пренесе Балкан Веб.

Рударите на компанијата „Трепча“ штрајкуваа на 24 октомври. Барањата на рударите се платите да им се исплаќаат навреме, да има подобрување на условите за работа, здравствено осигурување и разрешување на раководството.

Слободна Европа: Османи вели дека предлог-статутот на Заедницата треба да го разгледа Уставниот суд

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, изјави дека предлог-статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство на Косово треба да биде предмет на разгледување на Уставниот суд на земјата, пренесе Радио Слободна Европа.

Ваквите коментари Османи ги дала на средбата со амбасадорот на САД во Приштина Џефри Ховениер, се вели во соопштението од Претседателството на Косово.

Сури нет: Денеска се протестира за Астрит Дехари

Се очекува денеска да се одржи протест за случајот на Астрит Дехари. Ова преку објава го соопшти адвокатот на семејството Дехари, Томе Гаши.

Во 12.00 часот пред Специјалното обвинителство во Приштина на плоштад Захир Пајазити во центарот на Приштина. Крвта на Астрит не се простува. Поминаа 7 години од убиството на Астрит, а Обвинителството не сака да ја открие вистината. Протестот ќе се одржи поради невнимание на Обвинителството во истрагата за убиството на активистот на Движењето Ветевендосје!, пишува во објавата, пренесува Сури нет.

КОЛУМНА

Бота Сот: ЕУ е на страната на Србија, само САД  се вистински пријатели на Косово

Немоќта  на ЕУ да ја натера Србија да го потпише договорот со Косово го оневозможи постигнувањето на договорот и 12 години подоцна. За неколку недели влегуваме во 13-та година од почетокот на преговорите Косово-Србија, засега без никаков успех, пишува авторот Фатон Мехмети во колумната „ЕУ е на страната на Србија, само САД  се вистински пријатели на Косово“, објавена во Бота Сот.

Мехмети поставува прашање зошто никако не може да се постигне договор помеѓу Србија и Косово, и воедно дава одговор, дека проблемот е Србија, бидејќи ја има поддршката од ЕУ.

Најнормално и најупорно прашање би било: Каде е проблемот да не се постигне договор?! Можеме да одговориме и на ова прашање – Србија, а потоа ЕУ.

Подготви: Д. Тахири

 

 

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ