• Latest

24 ЧАСА: Жената државен секретар, а мажот добива тендери, министерот Андоновски се правда – потпишав за да не плаќаме пенали; студентите на ФИНКИ ќе му помагаат на МОН; преполовени акциите на Тесла

March 10, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

24 ЧАСА: Жената државен секретар, а мажот добива тендери, министерот Андоновски се правда – потпишав за да не плаќаме пенали; студентите на ФИНКИ ќе му помагаат на МОН; преполовени акциите на Тесла

March 10, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

СДСМ: Во министерството на Стефан Андоновски – жената државен секретар, а мажот добива тендери, министерот се правда – потпишав за да не плаќаме пенали

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска порано денеска обвини дека во Министерството за дигитална трансформација каде втор човек е државниот секретар – Гордана Клинчарова, тендери добива Друштвото за производство, трговија, промет и услуги МАТЕО ДИЗАЈН ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, фирма на нејзиниот сопруг, Мартин Клинчаров. Првиот договор за набавка на конференциска и презентациска опрема во вредност од 2.400.000 денари или околу 40.000 евра. И вториот договор, за набавка на ИТ опрема во вредност од 529.000 денари, обвинуваат од СДСМ. Само од овие два тендери, кажа таа, преку ова Министерство, околу 50.000 евра завршиле кај фирмата на сопругот на Клинчарова, која е државен секретар во истото Министерство.

Министерот Андоновски изјави дека до потписот на јавната набавка не знаел дека постои ваква фирма, но заради презимето истражил и, вели, „бев ставен во една ситуација да доколку ја поништам постпаката, го ставам и Министерството на трошок да се спроведуват судски постапки коишто биле пракса во минатото и да плаќаме пенали, затоа што фирмата ги исполнува сите законски услови и нема ниту една законска пречка зошто таква фирма не треба да учествува на јавна набавка“.

Андоновски додаде дека државниот секретар во Министерството не учествува во ниту еден постапка за јавна набавка, во ниту една фаза, а нејзиниот ангажман е во административно-буџетско работење на Министерството, па затоа не постои простор за судир на интерес или влијание на постапката од нејзина страна.

Од СДСМ реагираат на изјавата на министерот Стефан Андоновски.

„Андоновски ги призна и ги потврди информациите на СДСМ а со тоа и скандалот: тендерите во неговото министерстви ги има добиено сопругот на Државната секретарка во истото министерство- Гордана Клинчарова. Наместо да се извини и да поднесе оставка, тој дрско се обиде да ја брани Клинчарова а всушност ја дозакопа.

Андоновски вели дека Државната секретарка, во случајот сопругата на тој што го добил тендерот, била само ангажиарана во административно – буџетско работење на министерството. А Државниот секретар во секое министерство па и во неговото раководи со целата администрација. Што значи дека Клинчарова е шефица на сите кои учествувале во водењето на постапката за оваа и на било која друга јавна набавка“, велат од СДСМ.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Студенти од ФИНКИ ќе му помагаат на МОН во унапредување на дигиталното работење

-Согласно договореното, дополнително факултетот ќе организира и спроведува едукативни активности во форма на обуки, работилници и семинари за стручно усовршување на вработените во министерството. Од друга страна, МОН ќе поддржи практично усовршување на студентите од овој факултет. Предвидени се и заеднички стручни и научни истражувања и анализи, како и организација на хакатони и натпревари за младите во информатичко-комуникациската сфера, рече Јаневска на прес-конференција на која беше соопштена оваа соработка на МОН и ФИНКИ.

РЕГИОН

Независен синдикат поднесе кривична пријава против министерката за образование на Србија

Самостојниот синдикат на српските просветители поднесе кривична пријава против министерката за образование во оставка Славица Ѓукиќ Дејановиќ и 12 советници за материјално-финансиски работи на училишните управи поради намалување или неисплата на плати на просветните работници кои ја прекинаа наставата.

СВЕТ

Акциите на Teслa паднаа за речиси половина за три месеци. И покрај тоа, инвеститорите сè уште дебатираат дали производителот на електрични возила на Илон Маск останува прескап.

Како што објави Ројтерс, пазарната капитализација на компанијата падна за 45% откако достигна историски максимум од 1,5 трилиони долари на 17 декември, бришејќи го најголемиот дел од добивката на акциите откако извршниот директор Маск помогна во финансирањето на изборната победа на американскиот претседател Доналд Трамп.

ФОРУМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за договорот на Владата со албанската компанија „Ѓока“ за паркинг на Клинички со 1% добивка?

АЛ-ПРЕС

(ИЗБОР) Албански медиуми: Рама можеби нема да биде на списокот за пратеници; Курти посочи на вмешаноста на Србија во косовските избори со најмалку десет методи; „Европско НАТО или армија на ЕУ без НАТО“.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Политиката на покрупни пресврти во светот ја дочекавме со нова гарнитура во сите домени во земјава. Меѓународната политика, во полн ек на менување на амбасадори и ставање на почетници на чело во овој домен е многу лош момент за фаќање на нови приклучоци во тоа интернационално престројување – наликуваме на оние рибари на импровизираниот мост од штички и слаби сајли кај вливот на Пчиња во Вардар, кои сакаат да фатат трофејна риба а веројатно ќе добијат само воспаление на белите дробови по падот во ладните води“, пишува Љубомир Костовски во колумната „Патувачката треска на македонската влада е загрижувачки феномен“.

*

„Фактите за ѕверствата извршени од вооружените сили на Руската Федерација – бројни убиства, киднапирања, незаконско затворање на луѓе, нивно мачење, силувања, сквернавење на телата на убиените и измачуваните, егзекуции на луѓе, цели семејства, вклучително и деца кои се обидувале да се евакуираат од окупираните населени места – беа масовни. По ослободувањето на териториите окупирани од Руската Федерација, станаа познати морничавите факти за нехуманите и цинични, крајно брутални акти“, пишува  Амб. Лариса Дир, во колумната Од масакрите во Буча, Ирпин, Мариупол, Гостомел и други места до денес: Злосторствата на рускиот агресор против цивилното население продолжуваат – Украина се бори.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ