За „Цивил“ мислам како за една врста на ослободена територија. Простор што ретко се наоѓа во земјава.
„Цивил“ е ослободена територија во која може критички да се мисли и пишува.
Кога доаѓам во Скопје, сакам да бидам со луѓето на „Цивил“; сакам да бидам дел од нивните организирани трибини, нивните цивилни/граѓански агенди.
За мене нормално е да се биде дел од „Цивил“; за мене нормално е да бидам со луѓе кои слично мислат, луѓе кои пружаат отпор на националистичките струи.
Јас не знам за друг пункт во земјава на граѓанско делување како што е пунктот на „Цивил“.
А што се однесува до нејзината медиумска платформа, би рекол вака: ангажираниот збор на текстописците на „Цивил“ секојдневно ја преиспитуваат реалноста, докажувајќи ни дека правата не може да бидат резервирани само за привилегирани поединци, туку ни припаѓаат на сите нас.
И дека личните слободи не смеат да бидат забранувани или пренасочувани поради конзервативните „вредности“ кои служат исклучиво за насилство над другите и различните.
Со други зборови, медиумската платформа на „Цивил“ храбро го прифаќа ангажираниот збор во јавната арена и ги освојува алтернативните зони на делување.