ВЕСТ НА ДЕНОТ
Почина пациент кој се лекуваше во Литванија од пожарот во дискотеката во Кочани, бројот на жртви се искачи на 60
Почина пациент од пожарот во дискотеката во Кочани, кој беше испратен на лекување во Литванија. Тој е 60-тата жртва во трагедијата во Кочани. Дел од медиумите пренесуваат дека станува збор за управителот на дискотеката „Пулс“ во Кочани, Александар Карадакоски…
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Лидерката на екстремно десничарската Алтернатива за Германија (AфД) во четвртокот ги нарече царините „отров за слободната трговија“, неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп најави огромни царини
„Не се работи за тоа дали тарифите се разбирливи или оправдани, туку за нивно спречување“, рече Вајдел.
РЕГИОН
Австрија и Германија им забранија влез на раководството на Република Српска вклучително и Додик
Германската министерка за Европа и климатски прашања, Ана Лирман, синоќа во Сараево потврди дека Германија и Австрија воведоа забрана за влез на раководството на Република Српска (РС), вклучително и на претседателот Милорад Додик, како и дека инфраструктурните проекти што беа планирани за РС се замрзнати
СВЕТ
Трамп го отпушти шефот на Агенцијата за национална безбедност на барање на екстремно десничарска активистка
Администрацијата на Трамп го отпушти генералот Тимоти Хоф – шефот и на Агенцијата за национална безбедност и на американската сајбер команда. Не е јасно зошто тој беше отстранет, но тоа доаѓа по средбата меѓу претседателот Доналд Трамп и екстремно десничарската активистка Лора Лумер…
(ИЗБОР) Албански медиуми:
Во продолжение се поместени содржините од денешниот редакциски избор на ЦивилМедиа, од албанските медиуми во регионот
ФОРУМ
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за тарифите на Трамп за Македонија?
СЛОБОДНА ЗОНА
Додека на политичките чинители устата им е полна со борба против корумптивниот систем, во реалноста не е баш така. Неколку лица кои се задолжени за безбедноста на премиерот Мицкоски се однесуваат како шерифи и дека се над законот. Ако лицата кои се задолжени за безбедноста на премиерот се осомничени за корупција, насилство или силување, тогаш се поставува прашањето – колку е безбеден премиерот, државата, а и целата македонска јавност?!, пишува Дехран Муратов во колумната „ Системот“ и контроверзните бодигарди на Мицкоски, говор на омраза и дезинформации“.
Подготви: Д. Мишев