• Latest

26 ноември: Загадување,  предлози за амнестија, некооординиран суд, Јанакиески – жртва на Груевски, Лика се врати на работа…

November 26, 2018
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Јужноафриканец чека депортација откако му беше одземена австралиската виза поради учество на антисемитски неонацистички митинг

November 18, 2025

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

November 18, 2025
Газа. Фото: Х

Палестинската управа го поддржа планот на ОН за Газа

November 18, 2025

Cloudflare „падна“ – Time.mk и бројни сајтови недостапни поради технички проблеми

November 18, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Полскиот министер за одбрана: Сите докази за саботажата на железничката линија во Полска укажуваат на Русија

November 18, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Руски ракети го погодија регионот Харкив, при што загина 17-годишно девојче – меѓународната поддршка е клучна, Русија нема да запре без цврст глобален притисок

November 18, 2025
Марта Кос(Фотографија: Википедиа)

Кос: Време е за проширување на проширувањето – Европа нема време за губење

November 18, 2025

Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

November 18, 2025
Фото: Х профил на Марта Кос

Утрински вести со – Рама!

November 18, 2025

Утре почнува судскиот процес за трагедијата во „Пулс“

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

26 ноември: Загадување,  предлози за амнестија, некооординиран суд, Јанакиески – жртва на Груевски, Лика се врати на работа…

November 26, 2018 16:54
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Иако Владата во минатонеделната стратешка програма „План за чист воздух“, во која борбата против загадувањето се воведува и промовита како стратешки приоритет, си постави цел да го подобри квалитетот на воздухот во Скопје во наредните две години за 50 отсто, македонските медиуми денес ја објавија информацијата од „Еуроњуз“, која се базира врз извештај на Европската агенција за животна средина, според кои, Македонија била земја со највисоко аерозагадување во Европа, во периодот 2015-2016 година

Според извештајот, густиот сообраќај и употребата на печки на дрва и фосилни горива за загревање го предизвикуваат опасното аерозагадувањето, кое се подрастично влијае врз здравјето на граѓаните. Според статистиките на ЕУ, во 2015, во Македонија биле загубени 1.469 животи поради загаденоста во 2015.

Партиите и денес продолжија со „престрелките“ со меѓусебни обвинувања. На обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека ниу едн од ветувањата на СДСМ кога беше опозиција во поглед на загадувањето на животната средина не е остварено, СДСМ излезе со соопштение во кое се вели дека „ВМРО-ДПМНЕ 11 годиниго игнорираше проблемот со загадувањето на воздухот и се посвети единствено на криминал, корупција и лично богатење на поединци“. Според СДСМ, „мерките како зголемување на инспекцискиот надзор на најголемите загадувачи, детектирање на дивите депонии, гасификацијата, придонесуваат за намалување на загаденоста на воздухот“, а се преземаат и акции „за рачно миење на градските улици и булевари за намалување на правта и ситните честички, и се субвенционираат трошоците на домаќинствата за набавка на печки на палети, што ги заменуваат нееколошките начини на греење“.

 

Не помина законот за амнестија за насилниците од 27 април

Предлог-законот за амнестија на лицата осомничени, обвинети и осудени за собраниските настани од 27 април 2017 година, поднесен од 28 пратеници од опозициската ВМРО – ДПМНЕ, денеска по скратена постапка во второ читање беше на дневен ред на 66. собраниска седница. Мнозинството од пратениците не го поддржаа предлог-законот. Минатата недела и Владата даде негативно мислење на предлог-законот а министерката за правда Рената Дескоска истакна дека законот дава премногу широка амнестија.

Од друга страна, 1ТВ денеска објави дека во Телото за помирување за инцидентите на 27 април е подготвен Предлог-законот за амнестија. Неофицијално, во законот, независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ предлага преквалификување на делото за директните учесници, а индиректните да бидат опфатени со целосна амнестија. Првиот состанок на кој ќе биде претставен Предлог-законот ќе се одржи во среда.

 

Јанакиески не сака да биде жртва на бегството на Груевски

Поранешниот министер Миле Јанакиески на денешната седница во Апелациониот суд на кој се разгледуваше жалбата по решението за одредување притвор, потенцираше дека при донесување на решението се прекршени три закони, дека е постапено е спротивно на праксата на Европскиот суд за човекови права и на членови на Европската конвенција за човекови права. Јанакиески побарал судот да го земе предвид и демантот од претседателот на Ѓорге Иванов кој негира содржината на службената белешка дека Јанакиески преку посредник побарал амнестија од него.

„Зошто би иницирал средба со претседателот преку посредник кога истиот ден сум се сретнал со него? Зошто воопшто посредник кога се познавам со претседателот десетина години?“, прашал Јанакиески.

Тој го оспори и тврдењето дека по бегството на Груевски, како негов поранешен соработник, исто така, би можел да избега. „Како што знаете јас го осудив неговото бегство во медиумите и реков дека сериозно може да тоа да им наштети на процесите каде и двајцата сме обвинети… Не треба да бидам казнет и жртвуван заради постапките на Груевски!“, рече Јанакиески.

 

Манчевски најави 66 милиони денари за реформи на администрацијата

Иако мотото со кое беа презентирани средствата од буџетот, беше „Повеќе пари за граѓаните”, соопштувајќи ги буџетските проекции за 2019 година, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, најави дека буџетот на Министерството за идната година ќе биде 1,55 милијарди денари, а дека од нив, дури 1,2 милијарди, се наменети за финансирање на МРТ, Македонската радиодифузија и АВМУ, за да „ја планираат програмата и да бидат автономни во уредувачката политика“

2,4 милиони денари се предвидени за Електронскиот регистар на население.

 

Судот некоординиран, рочиштето за 27 април – одложено!?

Судијката Добрила Кацарска го одложи денешното рочиште за насилствотото во Собранието на 27 април, со образложение дека денешното рочиште нема да се одржи поради некоординираност на судот, и дека судењето ќе продолжи утре.

Причина за одложувањето било отсуството на обвинетиот Мунир Пепиќ кој во тој момент, иако бил спроведен од куќен притвор, бил во друга судница како обвинет и во рочиштето за случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности.

„Датумите за овој предмет се закажани пред некое време, бидејќи се работи за притворски предмет. Во исто време е закажано рочиште за случајот ‘Титаник‘ каде како обвинет се јавува Мунир Пепиќ кој исто така е обвинет и во овој предмет. Не ми е јасно зошто е ваквото однесување и на што се должи ваквата некоординираност, но морам да го одложам денешното судско рочиште“, рекла судијката Кацарска.

 

Мите Грозданов замина во легендите

Познатиот македонски актер, доајенот Мите Грозданов почина во Скопје, на 75-годишна возраст. Грозданов работеше во Драмскиот театар од 1967 до пензионирањето во 2008 година, каде играше стотина улоги, но  со децении работеше и во театрите во Струмица, Кавадарци, Гевгелија.. Во 40-годишната професионална актерска кариера, Грозданов публиката ќе го помни по улогите во „Партитура за еден Мирон“, „Болен Дојчин“,  „Болва во уво“, „Јане Задрогаз“, „Цар Едип“, „Солунски патрдии“, „Рибарски караници“, „Црнила“, „Сомнително лице“… Играл и во филмовите: „Сутјеска“, „Планината на гневот“, „Залез над езерската земја“, „Истрел“, „Татко или колнати сме Ирина“, „Црно семе“, „Среќна Нова 49“…
Добитник е на „Златниот ловоров венец“ на Фестивалот на мали и експериментални сцени во Сараево (МЕСС) за насловната улога во претставата „Партитура за еден Мирон,  наградата на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп за улогите Светозар во „Карамазови“ и Иљо М. во „Сенката“; сребрената плакета на Фестивалот на монодрамата за улогата во „Дрво на ридот“;

 

Иванов повторно во Турција

Претседателот Ѓорге Ивано престојува во работна посета на Република Турција, по повод учеството на Деветтиот „Самит Босфор“ во Истанбул. Иванов ќе одржи говор на отворањето на самитот, чија главна тема е „Одржување на мирот и развојот за сите“. Во рамки на работната посета на Република Турција, претседателот Иванов ќе ја посети Бурса, каде ќе одржи предавање на Универзитетот „Улудаг“.

 

Хазби Лика почнал да оди на работа во Владата

Вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор, Хазби Лика конечно почнал да доаѓа на своето работно место, а учествувач и на неколку владини седници, објавија медиумите. Претходно беше објавено дека наводно, поради кавга со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вицепремиерот Лика, кој со месеци не доаѓал во Владата.

„Не размислуваме за реконструкција при вакви сериозни парламентарни процеси. Секако, ако некој министер не доаѓа на Влада – логично е дека Владата треба да седне да размисли тоа да се промени. Разговараме со коалициските партнери кои споделиле одговорност со нас во делот на другите ресори ако се случат такви потреби, па ако некаде немаме ефекти, знаеме како“, изјави премиерот Заев.

К. С.

Tags: 27 априлIvanovбуџетГроздановГруевскизагадувањеЈанакиескиЛиканасилство
Share35Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ