• Latest

7 доживотни и 13 казни од 40 години

November 2, 2017

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

7 доживотни и 13 казни од 40 години

November 2, 2017 15:30
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Седуммина обвинети за настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и 10 мај 2015 година добија доживотни казни затвор, 13 обвинети добија по 40 години затвор, шестмина по 20 години, еден обвинет 18 години, двајца по 14 години, двајца по 13 години затвор и двајца по 12 години затвор, јавува МЕТА. 

Ова се пресудите за 33 обвинети во случајот „Диво Насеље“ што денеска ги соопшти судијката Верка Петковска. Четворица од вкупно 37 обвинети добија ослободителни пресуди.

Денешното рочиште помина во тензична атмосфера, со големо полициско обезбедување, внатре и пред комплексот судови во Скопје.

Пред да бидат прочитани пресудите, обвинетите станаа од своите места и почнаа да ја пејат албанската химна, да извикуваат „УЧК“ и да се закануваат дека крвта на убиените нема да остане неодмаздена и дека во Македонија ќе нема мир.

Судијката ги острани од судницата повеќето обвинети кои правеа неред, по што ги прочита пресудите.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција бараше доживотен затвор за сите 37 обвинети за тероризам и терористичка организација, додека адвокатите на обвинетите, пак, бараа ослободителни пресуди бидејќи, според нив, има недостиг од докази за стореното кривично дело.

Адвокатот Насер Рауфи, бранител на дел од обвинетите, по завршувањето на рочиштето, рече дека тие како одбрана не очекувале коректни казни, но не очекувале ниту вакви драконски казни.

„Обвинителството сè уште не е реформирано. Со најавената меѓународна истрага, ќе докажеме дека овие луѓе се донесени овде за туѓи интереси. Сите бранители ќе поднесат жалба на пресудите за обвинетите. Има информации за докази со кои ќе се докаже дека ова е монтирано рочиште. Со меѓународна истрага ќе се реши овој случај. Тајните служби се тие што го измонтираа овој случај“, рече Рауифи.

Инаку, министерот за внатрешни работи на 20 септември изјави дека Владата ќе бара дополнителна – меѓународна истрага за настаните во Диво Насеље за да се дознае вистината за овој настан.

„Во однос на кумановските настани, ќе кажам две работи. Прва работа е дека тој случај добива некаква судска разврска, меѓутоа ние, како Влада, презедовме обврска дека ќе направиме дополнителна и тоа меѓународна истрага, за на еден соодветен начин јавноста да ја дознае вистината за овој настан и за тоа што се случувало во кумановските настани и согласно на таа истрага, да имаме една постапка во која ќе веруваат мнозинството граѓани на Република Македонија“, изјави тогаш Спасовски.

Во настаните во Куманово од 9 и 10 мај 2015 година, каде вооружена група се судри со македонските безбедносни сили, загинаа осум припадници на безбедносните сили, а околу 40 беа повредени. Целиот случај го следат многу контроверзии кои сè уште не се разјаснети.

Судскиот процес за случајот „Диво Насеље“ почна на 9 февруари минатата година.


извор: МЕТА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: Диво Насељепресударочиштесудење
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ