• Latest

71,5 отсто од Грците се за решение без „Македонија“

February 4, 2018

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
Град што се обновува и живее (илустрација генерирана со вештачка интелигенција, ChatGPT/OpenAI)

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

Изборите во БиХ ја потврдија поларизацијата: Додик останува фактор на нестабилност, европскиот пат неизвесен

October 5, 2026
Проф. д-р Александар Иванов

Како националниот идентитет стана штит за академската просечност

October 5, 2026

Студентите во новата академска година: Многу очекувања и проблеми, малку одговори

October 5, 2026
Урсула фон дер Лејен, Албанија, турнеја низ Западен Балкан, 1 октомври 2026 (фото: EU debates - eudebates.tv)

По турнејата на Фон дер Лајен низ Западен Балкан: Кој забрзува, а кој стои во место?

October 5, 2026
Кијив, окт. 2026

Деноноќен руски терор врз цивилите во Украина: Погодени мостови и домови, има загинати и повредени

October 4, 2026

Србија на раскрсница: Кога лидерот станува систем, а изборите борба за спас

October 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

71,5 отсто од Грците се за решение без „Македонија“

February 4, 2018 11:22
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Само 22,5 отсто од Грците прифаќаат сложено име, а седум од 10, односно 71,5 отсто сакаат решение без терминот Македонија, покажува истражувањето на јавното мислење спроведено од солунскиот Универзитет Македонија и фондацијата за надворешна политика ЕЛИАМЕП, кое денеска го објавува грчкиот весник „Катимерини“.

Во 2016, јавува дописникот на МИА од Атина, на истото прашање, во рамките на истото истражување, процентот на оние што не го прифаќаат терминот Македонија беше 57 отсто, а за сложено име беа 38 отсто од анкетираните.

„Во споредба со неодамнешното минато кога прашањето не беше дел од политичката агенда, забележуваме важно зголемување на „бескомпромисноста“. Се чини дека кога прашањето се појавува интензивно во јавниот дијалог, јавното мислење усвојува една повеќе нефлексибилна позиција“, пишуваат професорот од универзитетот Никос Маранѕидис и директорот на одделот за истражувања Јоргос Сиакас во нивната анализа на резултатите во неделното издание на Катимерини.

Во однос на тоа во чија корист се обидите на НАТО, ЕУ, Германија, САД, Русија и ОН, одговорите на анкетираните се дека или се во корист и на двете земји, или во корист на Македонија.

„Процентот на оние што сметаат дека ЕУ, НАТО и основните партнери (САД и Германија) функционираат во корист на Грција е речиси занемарлив, од околу 5 отсто. Овој податок треба да загрижува, со оглед на тоа дека централен стратешки избор на грчката дипломатија е вршење притисок за решавање на спорот со ПЈРМ преку западните институции во кои учествува Грција“, анализира за Катимерини, Јанис Армаколас од ЕЛИАМЕП и професорот од солунскиот Универзитет Македонија.

Поконкретно, на прашањето: „Лично вие сметате дека обидите на следните земји и организации, се во корист на Грција, ПЈРМ или и на двете“, анкетираните одговориле:

ЕУ: 38,5 отсто смета дека активностите на унијата се во корист на двете земји, 32 отсто во корист на Македонија, 5,5 отсто во корист на Грција, не знам/не одговарам 24 отсто.

САД: 38 отсто во корист на Македонија, 27 отсто во корист на двете земји, пет отсто во корист на Грција, не знам/не одговарам 30 отсто

Германија: 33,5 отсто во корист на Македонија, 24,5 отсто во корист на двете земји, 5,5 отсто во корист на Грција, не знам/не одговарам 36,5 отсто.

ОН: 37 отсто во корист на двете земји, 29 отсто во корист на Македонија, пет отсто во корист на Грција, не знам/не одговарам 29 отсто.

Русија: 21,5 отсто во корист на двете земји, 20,5 отсто во корист на Македонија, 18 отсто во корист на Грција, не знам/не одговарам 40 отсто.

НАТО: 32,5 отсто во корист на Македонија, 28,5 отсто во корист на двете земји, седум отсто во корист на Грција, не знам/не одговарам 32 отсто.

За 65 отсто од Грците, прашањето за името е важно, додека пак во однос на тоа кон која насока се движат активностите и позициите на политичарите во прашањето за името мнозинството анкетрирани и за Ципрас и за Мицотакис и за Коѕијас вели дека се во погрешна насока. Грчкиот премиер има за нијанса подобра слика од лидерот на опозицијата.

Поконкретно, според резултатите објавени денес во „Катимерини“, а кои ги пренесува МИА: -56 отсто од Грците сметаат дека активностите на грчкиот премиер Алексис Ципрас се движат во погрешна, а 26,5 отсто во правилна насока. За претседателот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, 54 отсто од анкетираните рекле дека неговите ставови се во погрешна, 21,5 осто во правилна насока. За активностите на Министерот за надворешни работи на Грција, 47 отсто рекле дека се движат во погрешна, 26 отсто во правилна насока. За министерот за одбрана, Панос Каменос, 51 отсто од анкетираните рекле дека се неговите позиции се во погрешна, а 26,5 отсто во правилна насока (ист процент како и за Ципрас). Најголем процент во однос на тоа дали активностите се во позитивна насока, има грчкиот архиепископ Јеронимос – 34,5 отсто, а и најмал во однос дали се во погрешна насока 41 отсто.


Извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: анкетаГрцијаимеистражувањеМакедонијарешениеспор
Share5TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ