• Latest

Дали протестот ги исполни очекувањата?

June 21, 2016
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Дали протестот ги исполни очекувањата?

June 21, 2016 14:35
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Протестот на Шарената револуција, што се одржа синоќа, како одговор на неисполнетите барања кои со ултиматум беа упатени до Владата и до Уставниот суд, собра повеќе десетици илјади граѓанки и граѓани од цела Македонија, под паролата “Граѓаните доаѓаат по правдата”.

Покрај големата излезност, мотивациските и инспиративни говори и мирната – ненасилна атмосфера, без апсења и повредени, по завршувањето на протестот, сепак, останаа многу неодговорени прашања: кои ќе бидат следните активности, што ќе се случува по протестот и дали се исполнети очекувањата?

На социјалните мрежи има различни коментари за ефектот од протестот.

tvit

“На Насрадин Оџа некои млади му го сокриле џубето (мантијата) некаде во џамија. Тој веднаш и со заканувачки тон се обратил дека ако до одреден рок не му ја вратат мантијата, ќе видат што ќе направи! Веднаш во следната молитва, му ја вратиле на место мантијата, но по неколку дена, водени од љубопитност, го прашале оџата: што беше таа закана и што ќе направеше?! Па, ќе сошиев нова!, напиша аналитичарот Рамадан Рамадани на својот Фејсбук профил.

“Величествен собир со разочарувања! Собирот против режимот на најлудите луди лудаци во политичката историја на Европа, беше величествена демонстрација на слободарските, демократски и правдољубиви стремежи на граѓаните на Македонија. Второ, собирот ја покажа епската промена во општествената хемија како бесповратен процес кој му го извлекува тлото под нозете на режимот, му ја одзема општествената супстанца и го остава да виси во облаците на криминалот и на голата сила на башибозуцираните органи”, напиша новинарот Бранко Тричковски.

Дел од коментарите покажуваа и разочарување од  начинот на кој делуваа демонстрантите кои беа дел од вчерашниот протест.

tvit 2

Повикот на Шарената револуција, која постави ултиматум за исполнување на двете главни барања, предизвика дел од граѓанските активисти да очекуваат повеќе од протестот, кога граѓаните требаше да ја земат правдата во свои раце.

tvit 3

Коментарите по социјалните мрежи се однесуваа и на апсурдот на бранење на споменикот на Прометеј, но и на желбата – истиот да се урне.

tvit 6

fb

Сепак, Шарената револуција продолжува да има многубројни поддржувачи кои стојат зад идејата дека до правда треба да се дојде по мирен пат, без насилство и влегување во институции, иако можеби тоа се очекуваше да се случи на вчерашниот протест.

tvit 8

fgd

 

Независно од различните коментари на социјалните мрежи, тоа што со сигурност може да се каже е дека вчерашниот протест на Шарената револуција, беше најбројниот во изминатите два месеца на континуирано протестирање. Што по протестот, останува да видиме.

ЦМ

Tags: коментариМакедонијаПротестсоцијални мрежиЦивилшарена револуција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ