• Latest

Кај Иванов се потрошиле 8 илјади евра само на кафиња, сокови и води

July 6, 2019

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Кај Иванов се потрошиле 8 илјади евра само на кафиња, сокови и води

Она што е спорно во податоците е тоа што немало регулација на трошоците. Средствата од буџетот на претседателот се трошеле без правилник и без интерен акт, поради што имало простор за злоупотреби.

July 6, 2019 08:19
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Осум илјади евра се потрошиле само во бифетот на Вила Водно во последните четири месеци од мандатот на Ѓорѓе Иванов, пишува Фокус.

Она што прво паѓа во очи е немањето никаква контрола и регулација што би разграничила што се приватни, а што државни трошоци.

Преку барања за слободен пристап до информации од јавен карактер „Фокус“ дознава дека само во бифето на Вила Водно за четири месеци биле потрошени безмалку 512.000 денари. Имено месечно се трошеле и до две илјади евра за сокови, кафиња и води.

Вториот податок што се издвојува е тоа што никој не контролирал кога и колку јаде обезбедувањето во Вилата. Од кабинетот на сегашниот претседател велат дека се случувало вработени во обезбедувањето да дојдат од дома во Вилата за да добијат топол оброк, иако тоа им следува само на оние кои остануваат прекувремено или кои дежураат трета смена.

„Не се водело сметка дали е некој дежурен, си доаѓале да си јадат и кога не се на смена“, велат од кабинетот.

За првите четири месеци од годинава се потрошени 340.000 денари за оброци за обезбедувањето.

Јавноста веќе е запознаена дека претходниот претседател преку тендери набавуваше подароци наменети за своите гости. Според податоците кои ги добивме за првите четири месеци од годинава биле потрошени 200.000 денари за подароци, како вртоврски и марами. Во нив спаѓа и подарокот кој Иванов му го даде на папата Франциск, резба во износ од 38.000 денари.

Од кабинетот на Пендаровски велат дека ништо од овие поклони не е останато. Пендаровски наследил празен буџет за репрезентација.

Наспроти тоа во последните месеци од мандатот на Иванов околу еден милион денари биле потрошени за ресторани. 32.600 денари биле потрошени за ручек со добитници на повелба во ресторанот „Стара куќа“. За ручек приреден во чест на добитници на медал во „Фиш ресторан“ биле потрошени 45.360 денари. Иванов приредил ручек и за некаква Комисија за најмлад научник, при што во „Старо буре“ биле потрошени 43.540 денари.

Она што е спорно во податоците е тоа што немало регулација на трошоците. Средствата од буџетот на претседателот се трошеле без правилник и без интерен акт, поради што имало простор за злоупотреби.

Иванов и неговото семејство имале се што им треба во Вилата, па така платата на претседателот за овие две години останала нечепната. Од кабинетот велат дека дури и приватните средби на Иванов во Вилата, биле на трошок на државата.

Токму заради расипничкото однесување на функционерите ЦИВИЛ започна со иницијативата за Крај на расипништвото. Најнапред преку соопштение на ЦИВИЛ на 14 мај, а потоа, организацијата, во присуство на голем број медиуми, да достави барања до парламентот на 17 мај, во пет минути до 12 часот. Неколку политичари, меѓу кои и Претседателот Стево Пендаровски, ја дадоа својата поддршка веднаш и во деновите по почетокот на иницијативата.

Во тек е онлајн петицијата за укинување на привилегиите што ја започнаа ЦИВИЛ и Работната граѓанска група за спроведување на Иницијативата #КрајЗаРасипништвото. Со Иницијативата се бара, меѓу другото укинување на привилегиите на функционерите на локално и државно ниво, вклучително и раководителите на државни агенции и други институции. Поточно, Иницијативата се однесува на функционери, именувани или избрани, на локално или државно ниво.

Share92TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ