• Latest

ЦИВИЛ остро реагира на манипулативното пренесување на содржините од веб страницата и од настаните на организацијата

August 19, 2019

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

ЦИВИЛ остро реагира на манипулативното пренесување на содржините од веб страницата и од настаните на организацијата

Организацијата најостро го осудува манипулативното користење на информациите и изјавите, извртувањето на фактите со цел да се претворат во лажни вести и да предизвикаат ефекти обратни од целите на активностите и проектите што ги спроведуваат граѓанските организации. 

August 19, 2019 09:24
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ Медиа остро реагира на манипулативното и неовластеното пренесување на содржините од веб страницата, како и целосно погрешно и манипулативно пренесување на излагања на настани од затворен карактер на ЦИВИЛ, организацијата чија организациска единица е оваа Редакција. Пренесувањето на информации за настаните, како и содржини на медиумската платформа на ЦИВИЛ е добредојдено, доколку е барем приближно во согласност со Условите за користење, зашитата на авторските права и на приватноста. Но, манипулации со информациите со цел да се постигнат обратни, односно пропагандни цели на одредени политички структури е неприфатливо!

Редакцијата нема намера да навлегува во уредувачката политика на порталите чија ориентација е всушност сосема поинаква од тоа како се претставуваат. На пример, на насловната страница на еден од тие портали, на денот на оваа реакција (17 август 2019), на јавноста ѝ се нудат содржини зад кои стојат ликови познати по тоа што учествуваа во или се апологети на нападот врз Собранието на 27 април 2017 година. Тоа е нивна работа, а судот за нивните постапки како медиуми ќе го донесе јавноста, а еден ден, да се надеваме, и институциите.

Тоа што ЦИВИЛ Медиа има потреба да го нагласи во овој контекст, не е уредувачката политика на овие агитпроп портали, туку да ја осуди кражбата на содржини и погрешното пренесување на изјави и излагања на претставниците и гостите на настаните на ЦИВИЛ, како што е случајот со неодамнешниот семинар во Велес, со очигледна намера да се манипулира со нив. Тоа е крајно неприфатлива пракса, спротивна на етиката и на законот.

Организацијата најостро го осудува манипулативното користење на информациите и изјавите, извртувањето на фактите со цел да се претворат во лажни вести и да предизвикаат ефекти обратни од целите на активностите и проектите што ги спроведуваат граѓанските организации.

Ваквиот начин на преземање, поточно кражба на авторските права и манипулирање со медиумските содржини е казнив според повеќе закони. Почитувањето на авторските права, како и почитувањето на условите за користење и пренесувањето на вистинити и точни информации е законска обврска, а воедно и еден од основните принципи на новинарската етика.

Затоа, ЦИВИЛ бара да се повлечат сите содржини што се преземени од медиумската платформа на организацијата, спротивно на Условите, односно без дозвола, за да се избегнат барања за паричен надомест и за кривична одговорност во случајот со некои од порталите. Ова барање се однесува на сите содржини, објавени било кога.

Нагласуваме дека оваа Реакција со ни еден збор не се однесува на медиумите со кои ЦИВИЛ има позитивни искуства, добра соработка и комуникација и кои, повеќе или помалку, се придржуваат кон Условите, а информациите од настаните на организацијата се пренесуваат редовно и коректно, за што ја користиме оваа прилика уште еднаш да им се заблагодариме. 

Оваа Реакција има цел и да ја алармира јавноста дека, по упатувањето директни барања и во некои случаи и тужби до дел од медиумите, можно е нивната реакција да биде непримерна и непринципиелна, па да го интензивираат објавувањето лажни вести и да поттикнуваат говор на омраза против ЦИВИЛ.

Воедно, ја информираме јавноста дека еден голем дел од интернет порталите каде што најмногу се кршат стандардите, етиката и законите, кукавички се кријат зад анонимноста. Дел од нив немаат импресум, не им се јавно објавени контактите односно седиштето или, пак, презентирале погрешни контакти кај регистраторите на нивните домени, па писмата што ги упатуваме до нив се враќаат. Тоа е причина повеќе институциите, особено одделението за компјутерски криминал при МВР, да преземат соодветни и законски мерки.

Уште еднаш алармираме дека дел од интернет порталите буквално секој ден објавуваат содржини за кои можат да се соочат со кривична одговорност: „Тој што во свое име или во име на друг неовластено ќе објави, прикаже, репродуцира, дистрибуира, изведе,емитува или на друг начин неовластено ќе посегне по туѓо авторско право иди сродно право,односно авторско дело, изведба или предмет на сродно право, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.“

Се разбира, доколку правната држава функционира.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

 

Share26TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ