• Latest

Илустрација за балансираност, рановидност и изобилство од содржини и пораки

August 31, 2019

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА

Илустрација за балансираност, рановидност и изобилство од содржини и пораки

Mедиумската платформа на ЦИВИЛ ги отсликува статутарните и програмските заложби на ЦИВИЛ, организација за човекови права, основана во 1999 година, од македонски граѓанки и граѓани. Редакцијата ја користи оваа прилика да им заблагодари на сите читателки и читатели, како и на авторките и авторите, за нивната доверба и поддршка, пофалби и критики.

August 31, 2019 13:00
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА
Share on FacebookShare on Twitter

Често на адреса на организацијата во чиј состав е и Редакцијата ЦИВИЛ Медиа, пристигнуваат контрадикторни критики од двете спротивставени страни на македонската политичка палета, за тоа дека продукцијата на овој највидлив продукт на медиумската платформа на ЦИВИЛ е насочена против власта или против опозицијата. Овој преглед на дневни содржини што се појавуваат на насловната страница (landing page) на 30 август на www.civilmedia.mk е илустрација за балансираноста, но и за богатството и разновидноста на овој интернет медиум.

На горниот банер на страницата е линк до Петицијата #КрајЗаРасипништвото (Иницијатива на ЦИВИЛ за укинување на привилегиите на сите функционери, без исклучок).

Која е Нина Ангеловска, новата министерка за финансии? – текст со биографски податоци на новата министерка за финансии.

Заев од собраниската говорница влезе во пресметка со гласините и лажните вести – текст за одбраната од нападите против предлогот Нина Ангеловска да биде новата министерка за финансии.

Жешка собраниска седница, во фокусот – Нина Ангеловска – агенциски извештај од собраниска седница, застапени се претежно обвинувањата од опозицијата.

30 август: Колевски на чело на Совет на јавни обвинители, рејтинг, де факто-НАТО, СОНК… – редакциски преглед на вестите на денот до 16 часот.

Спасовски: Унапредувањето на безбедноста е од заеднички интерес за Северна Македонија и за Албанија – агенциска вест.

Петицијата за укинување на привилегиите трае до 7 септември, потоа ќе се интензивира притисокот врз институциите – најнови информации за Иницијативата на ЦИВИЛ.

ПОЕНТИ: Тендерите се најефикасен инструмент за релаксирање на меѓуетничките односи – личен став на Џевдет Хајредини кој редовно, остро и зајадливо ја критикува власта.

Самсара – колумна на една наша сограѓанка, поетеса, Македонка, што живее во Париз, Франција.

Европски министри „притискаат“ за преговори за членство со Северна Македонија и Албанија – агенциска вест.

ТИМ Институт: СДСМ со подобар рејтинг и поголема доверба од ВМРО-ДПМНЕ – извештај од истражување на јавното мислење.

Кому му треба штрајк на наставниците? – колумна на Џабир Дерала за синдикалното организирање на наставниците.

Маас: Германија очекува Брегзит на 31 октомври – агенциска вест за меѓународна политика.

Македонија ќе биде мала Швајцарија ако функционерите работат како што треба – анкета со граѓанките и граѓаните од Скопје во чии одговори преовладува критички тон во однос на Владата.

Анкета во Кавадарци: Зелена или црна иднина? – Анкета со граѓанките и граѓаните од Кавадарци во чии одговори преовладува критички тон во однос на Владата.

Рубрика ОЗБИЛНО во која преовладуваат сатирични текстови на сметка на Владата, но и на опозицијата.

Интервју: Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци: Министерството за екологија треба повеќе да работи (1 дел) – Митко Јанчев е градоначалник од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, инаку единствената промовирана содржина на ФБ страницата на ЦИВИЛ во текот на целата недела.

На средината од насловната страница е банер со линк до пријави за корупција, лажни вести, говор на омраза и кршење на човековите права.

На насловната страница на интернет порталот се објавени и низа други содржини со информации и вести од регионот и светот, како и економија, технологии, култура, социјална правда, екологија итн.

Во секој случај, медиусмката платформа на ЦИВИЛ ги отсликува статутарните и програмските заложби на ЦИВИЛ, организација за човекови права, основана во 1999 година, од македонски граѓанки и граѓани. Редакцијата ја користи оваа прилика да им заблагодари на сите читателки и читатели, како и на авторките и авторите, за нивната доверба и поддршка, пофалби и критики.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

Share11TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ