• Latest

15 ноември: Затворот Идризово и лошите услови, Камчев со кривична пријава за Јанева, судска администрација на протести…

November 15, 2019

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

15 ноември: Затворот Идризово и лошите услови, Камчев со кривична пријава за Јанева, судска администрација на протести…

November 15, 2019 17:54
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Затворот Идризово и лошите услови 

Затворениците во Идризово се жалат на ужасно лоши услови, лоша храна, влага, опасност од електричната инсталација. Во ЦИВИЛ Медиа пристигнаа и вознемирувачки фотографии од условите во затворот. Затворениците велат дека почнале штрајк со глад… дел од овие наводи ги демантираше директорот на затворот Идризово. Тој за ЦИВИЛ Медиа изјави дека не е спорно дека постои дел од затворот, што е во план да се затвори, со лоши услови, односно не реновиран, но адаптиран.

Кој, како и кога ќе се најде на регистарот на онлајн медиуми?

Прашањето кое се наметнува е дали во регистарот може да се протнат интернет медиуми кои во минатото ширеле пропаганда, објавувале хушкачки текстови, лажни вести и важеле за непрофесионални? Регистарот ќе биде готов до крајот на ноември. Неговото објавување доцни бидејќи новинарските организации сакаат да им дадат простор на медиумите кои имаат одредени пропусти, како на пример, непотпишувањето на авторите на дел од текстовите. На оваа тема зборуваа претседателката на Управниот одбор на Советот на етика во медиумите, Катерина Синадиновска, извршниот директор на ЗНМ, Драган Секуловски и експертката по медиумско право Снежана Трпевска.

Камчев со кривична пријава за Катица Јанева, нејзиниот син и Лиле Стефанова

Орце Камчев денеска поднел кривична пријава против Катица Јанева, нејзиниот син Лазар Јанев и обвинителката Лиле Стефанова. Според напишаното во пријавата, Камчев ја обвинува Јанева дека создала група во која наводно членувале нејзиниот син и обвинителката Стефанова, а како што пишува, имале за цел да се здобијат со имотна корист и да го оштетат Камчев.

Протест на судската админстрација

Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судска админисрација денеска од 9 до 11 часот протестираа пред судот во Штип. Ккао што се изјаснија, тие се незадоволни од дискриминаторскиот однос кон нив во однос на платите, каде покачувања за судии има, а не и за судската служба. Судските административци велат дека дел од судството се и тие дека вработените во судска служба заслужуваат еднаков третман. Колегиумот на судии и Здружението на судии од Основниот кривичен суд во Скопје денеска им дадоа поддршка на судските служеници.

Министерката за правда Рената Дескоска попладнево на прес-конференција ги повика судиите и вработените во судската администрација наместо само за плати да го кренат својот глас и за случаите во кои има застарување на одредени судски постапки или криминал во редовите на судството. Таа рече дека додатоците најверојатно се исплатуваат линеарно заради „мир во куќа“, иако има судии кои се во ризик со одредени предмети и има судии кои не судат доверливи случаи. Истото, рече таа, се однесува и на судската администрација.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Здружените граѓански организации и иницијативи по средбата со Пендаровски: Ако во најкраток рок нема конкретни резултати ќе повикаме на граѓанска непослушност

„Катица Јанева пред да биде разрешена испратила барање за буџет за Специјалното јавно обвнителство и согласно законот, Министерството за финансии е должно да го почитува барањето“, изјави министерката за правда Рената Дескоска, одговарајќи на новинарско прашања зошто се предвидени 3,7 милиони евра за СЈО во Буџетот за 2020 година, кога таа институција повеќе не постои.

Државната комисија за спречување на корупција донесе одлуки за затворање на предметите против вицепремиерот Кочо Анѓушев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за постапките за добивање концесии за изградба на мали хидроцентрали.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров очекува да продолжи поддршката од Латвија, Луксембург и Ирска за нашите евроинтеграции

ИНТЕРВЈУ

Хајредини: Буџетот расте, а средствата за инвестиции се пренаменуваат за тековни трошоци

За новиот предлог-буџет на Владата за 2020 година, ребалансот на буџетот и прогресивниот данок, зборуваме со Џевдет Хајредини, финансиски аналитичар и еден од првите министри за финансии во Македонија.

МИСЛА

Митко Јанчев е од Венера, ВМРО-ДПМНЕ од Марс! е денешната колумна на Сашо Орданоски во која вели: „Митко Јанчев со своето однесување и ставови навистина отскокнува од таа мачна, одмаздничка политика што ја промовира неговата партија, односно нејзините челници кои, за разлика од Јанчев, сите од ред го имаат товарот на „златните години“ од режимот на г. Груевски. И затоа е тој како „диво месо“ во сопствената партија, бидејќи нема обврска ни кон себе ни кон бившото раководство да се занимава со спасување на својата и нивната кожа“.

Денеска од корнер Зоран Иванов за „Врбата кога ќе роди грозје“ или за Христијан Мицкоси на кого „му е кристално јасно дека сега или по изборите сеедно, со каква и со колкава политичка сила и да располага, во Преспанскиот не ќе може ниту запирка да промени. Ова дури и во некакви претпоставени околности во кои би ги добил и посакуваните осумдесет пратеници и Бадинтеровото мнозинство“.

Џевдет Хајредини поентираше со „Зошто Ставрески сакаше да му ја скрши главата на Груевски и други кратки приказни“

Биљана Јордановска 

во соработка со Маја Ивановска, Ангела Петровска, Петар Клинчарски, Арбен Зеќири, Ариан Мехмети

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ