• Latest

Борбата против корупцијата продолжува!

January 17, 2020

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА БЛИЦ

Борбата против корупцијата продолжува!

Ако некогаш борбата против корупцијата ја предводеше институција под целосен диктат на режимот и служеше за криење на корупцијата на Фамилијата, сега имаме сосема поинакво ДКСК, предводена од бескомпромисната Билјана Ивановска и нејзините колешки и колеги, професионални, искусни и решителни луѓе.

January 17, 2020 17:03
in БЛИЦ, ПРАВДА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

коментира: ЏАБИР ДЕРАЛА

Ајде еден позитивен коментар за добри, антикорупциски вести! Првата е дека Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ја усвои Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси што во следните пет години треба да ја спроведат институциите, со цел да се обезбеди подигнување на довербата на граѓаните во системот. Втората е дека се разгледува опцијата за итно донесување на Стратегијата уште во овој состав на Собранието. Се разбира, овој коментар ќе се комплетира како позитивен, ако Собранието навистина и го стори тоа.

Навистина, Законот има и неколку фалинки, за кои пишувавме и допрва ќе пишуваме. Но, општо земено, борбата против корупцијата конечно зазеде добра насока.

Ако некогаш борбата против корупцијата ја предводеше институција под целосен диктат на режимот и служеше за криење на корупцијата на Фамилијата, сега имаме една поинаква ситуација. ДКСК под водство на Тантуровски беше институција што немаше ниеден предмет за корупција против режимот, но затоа беше иницијатор за хајка против невладините организации. Реформите донесоа сосема поинакво ДКСК, предводена од бескомпромисната Билјана Ивановска и нејзините колешки и колеги – професионални, искусни и решителни луѓе.

Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси беше пред една година (јануари, 2019). Постапката за донесување на антикорупцискиот закон ја следеше максимална транспарентност, невидена во минатото. Креирањето на законот и чекорите поврзани со реформи во Државната комисија за спречување на корупцијата беа спроведени со динамична интеракција меѓу релевантните владини институции (Министерство за правда, кабинетот на премиерот Заев и други) со јавноста и независните експерти и невладини организации, меѓу кои, со највидливо учество се издвојува токму ЦИВИЛ. ДКСК е пример за тоа дека во оваа земја, сепак, има и знаење и решителност.

 


БЛИЦ е рубрика на ЦИВИЛ МЕДИА во која објавуваме кратки, најчесто редакциски, коментари поврзани со веста на денот во рубриките ДНЕВНИК или ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, но и за други актуелни настани во земјата и во светот.
Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ