• Latest

30 јануари: Извинување од државниот врв, средби за започнување на преговори со ЕУ, ќе се донесе ли Законот за ЈО…

January 30, 2020
Фото: ANF Nеws

ПКК се самораспушти и го запира вооружениот конфликт против турските власти

May 12, 2025

Повеќе од публикација: Одбрана на демократијата и човековите права – повик за акција во борбата против националзимот, десничарскиот екстремизам и авторитаризам

May 12, 2025
Фото: Скриншот од ФБ на Драгана Костиќ

„Ако нѐ нема нас – кој ќе ве штити вас?“, протест на Независниот синдикат на полицијата за зголемување на платата

May 12, 2025
Фотомонтжа: Д. Мишев / ЦивилМедиа. Скриншот од видео на NEWS 18

 Американските експерти за владина етика згрозени од плановите на Трамп да прифати авион од 400 милиони долари како подарок од Катар

May 12, 2025

Одбрана на демократијата: Отфрлање на лажната рамнотежа и зајакнување на демократската отпорност

May 12, 2025
Фото: Фејсбук на Весна Јаневска

Јаневска: Средношколците во Штип, Битола и Скопје ќе полагаат државна матура во амфитетарите на универзитетите

May 12, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Социјалистите водат на изборите во Албанија: СПАК покрена 39 истраги за изборен криминал; Косовските партии се обратија до Уставен суд поради (не) конституирањето на собранието

May 12, 2025
Фото: МИА

ЕУ ја предупредува Русија – без прекин на огнот, нема мировни преговори

May 12, 2025

Убиства пред полициска станица, во кафич, дома пред детето наспроти благодарницата на Тошковски

May 12, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

May 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

30 јануари: Извинување од државниот врв, средби за започнување на преговори со ЕУ, ќе се донесе ли Законот за ЈО…

January 30, 2020 20:59
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Димитров се сретна со Рот и Хекер, порака за заеднички напори за преговори со ЕУ со паралелен фокус на домашните реформи

Во неколку наврати изминатава година и половина бевме исклучително блиску до постигнување успех и валоризација на заедничките напори за отворање ЕУ преговори со Северна Македонија. Доколку сакаме да се даде натамошно охрабрување на реформските процеси и да не дојде до поткопување на значајните достигнувања кои земјата ги постигна, како и да се сочува кредибилитетот и влијанието на ЕУ во регионот, неопходно е да се зграби првата следна прилика за донесување на долгоочекуваната и заслужена одлука.

Тоа го нагласил министерот за надворешни работи Никола Димитров на средба со државниот министер при Сојузното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија, надлежен за Европа, Михаел Рот, во рамки на првиот ден од работната посета на Берлин.

На средбата, соопштија од МНР, бил направен рекапитулар на актуелните состојби во Северна Македонија, регионот на Западен Балкан, како и на ниво на ЕУ во однос на дискусиите со новата методологија за пристапни преговори и изградбата на консензус меѓу земјите-членки за одлука за почеток на преговорите.

Министерот Рот посочил дека ја споделуваат разочараноста заради неможноста Северна Македонија да го направи заслужениот чекор напред.

– Ќе ги продолжиме заедничките напори за постигнување на оваа цел во одлучувачкиот период пред нас. Паралелно, фокусот да се задржи на ЕУ реформите дома, рекол Рот.

Шефот на дипломатијата Димитров остварил средба и со Јан Хекер, советник за надворешна политика на канцеларката Ангела Меркел, на која била истакната недвосмислената поддршка на Кабинетот на Канцеларката за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија.

БЛИЦ: Не се плаши, и корона вирусот не сака да се зарази од тебе!

Дехран Муратов: Среде Скопје да навредиш група на граѓани кои ти заличија на Кинези само затоа што на ТВ, интернет, Фејсбук виде дека некаде во Кина досега стотици се починати, а илјадници заразени од смртоносната болест, и наместо да има жал и сочувство, ти да ги навредиш и опсуеш, навистина треба да си опериран од чувства.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Најчевска: Упадот во синдикалното организирање негативно ќе влијае во процесите на пристапување кон ЕУ

Независниот академски синдикат (НАкС) соопшти дека презел правни чекори за спречување на, како што наведува, „грубиот и безобразен упад во синдикалното организирање на вработените во високото образование“. За активностите на НАкС, средбата со министерот за образование и следните чекори, ЦИВИЛ Медиа разговараше со професорката, Мирјана Најчевска.

ПОЛИТИЧКИ ОК КОРАЛ: Сите очи се вперени во законот за ЈО

Еден ден по завршувањето на јавната расправа во Собранието за Законот за јавно обвинителство политичките партии останаа на своите ставови и пред утрешната закажана средба на работните групи.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на денешната средба со новинарите кажа дека усвојувањето на законот за јавното обвинителство зависи од волјата на парламентарниот состав и тој веднаш ќе го стави на седница ако го има потребното мнозинство.

Премиерот Оливер Спасовски, на денешната прес-конференција во Владата, во однос на јавната расправа за Предлог-законот за Јавното обвинителство, истакна дека тој и Владата се апсолутно против какво било законско решение кое ќе оневозможува водење кривични постапки против кого било, туку напротив да имаме законско решение што ќе овозможи правда за сите, секој подеднакво да одговара пред законските решенија и со тоа да покажеме дека имаме навистина европски вредности.

Тој нагласи дека е важно да се донесе законско решение што ќе значи пред се овозможување правда за секој еден граѓанинин во државата и законско решение, како што рече, кое нема да дозволи штитење на кој било поединец без разлика дали е тој сега дел од оваа Влада или бил дел од претходната Влада или бил на која било позиција во државата или е обичен граѓанин.

И лидерот на СДСМ, Зоран Заев изјави дека очекува договор за законот за јавно обвинителство, затоа што, како што вели, тоа ја гарантира европската иднина на државата. „Секое попречување на овој процес значи бегање од правдата и оддалечување од Европската Унија. Да покажеме вистински демократски капацитет за градење на силни и независни институции, кои ќе се борат против криминалот и корупцијата“.

НЕ ПОМАЛКУ ВАЖНО…

Министерството за труд и социјална политика е институција што овозможува функционирање на серизни ресори. Во досегашниот две и полгодишен период, никогаш не било доведено во прашање неговото функционирање. Уште еднаш сакаме да ја потсетиме техничката министерка Рашела Мизрахи дека целта на изборот на техничкиот министер и на дополнителниот заменик министер е организација на изборите за пратеници во Собранието, а не доведување на јавноста во заблуда, ширење клима на страв и исчекување и оневозможување на редовно функционирање на администрацијата, реагираат од Кабинетот на дополнителната заменик министерка Санела Шкријељ, по обвинувањата на министерката Рашела Мизрахи дека ја опстуира работата на Министерството.

Договори со 11 инвеститори за изградба на фотоволтаични електрани со вкупна инсталирана моќ од 35 мегавати на државно земјиште, на локациии во Македонски Брод и Свети Николе, денеска беа потпишани во Владата.

ММФ алармира, не тврди. Вели дека ако платите се покачуваат без да се зголемува продуктивноста, тогаш може на долг рок да се јави проблем. Тоа и ние го укажуваме, заедно со меѓународните финансиски институции, рече денеска вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ја потпишаа Повелбата на Европската федерација на новинари за услови за работа на новинарите, а ССНМ презентираше и нацрт фер договори за вработување за новинари и медиумски работници во дигиталните медиуми.

Било кој што има сознанија или мисли дека некој судија постапува непрофесионално треба тоа да се пријави во Советот на судии. Колешката Стефанова како обвинител треба да ја знае таа процедура, изјави денеска јавната обвинителка Вилма Русковска, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе го испита тврдењето на Лиле Стефанова за вмешаност на судијката Добрила Кацарска.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ интензивно продолжува со своите активности на терен. По успешниот семинар во Гостивар, ЦИВИЛ организира семинар за Југосточниот регион кој ќе се одржи на 8 февруари во Струмица, во хотел Есперанто.

Апликација за учество на регионален семинар „Граѓански објектив“ во Струмица

Право на учество на семинарот во Струмица ќе имаат граѓанките и граѓаните на општините Струмица, Василево, Босилево, Ново Село, Конче, Валандово, Дојран, Богданци и Гевгелија.

СЛОБОДНА ЗОНА

Џабир Дерала преку својот рафал насловен „Паника меѓу „куртоните“,  уште еднаш ги потсети сите тие кои згрешија пред законот дека ќе мора да одговараат.

„Значи, не повикував на крвав, терористички напад на Собранието, како што тие повикуваа, па и учествуваа во нападот на 27 април 2017 година. Само го истакнав уставното право на граѓанките и граѓаните да протестираат. Барав да се донесе закон што ќе донесе правда. За правда протестиравме, за правда ќе протестираме. Каде видоа закана тука? Зошто толку се исплашија? Зошто толку паника и омраза истурија уште пред да завршам со излагањето? Имаат мува на капата и украдени милиони во џебовите? Тоа ќе да е“.

Сашо Ордановски му пиша „Отворено писмо до Ѕвездан Георгиевски“, кој му порачува: На колегата Георгиевски и на Фондацијата „Славко Јаневски“ им предлагам да го заборават – да употребам пристоен израз – градоначалникот Шилегов и што поитно да објават жиро-сметка на која, според принципот на приватни донации од поединци, а и фирми – крауд фандинг, во кирилична транскрипција – би се собрале средства за финансирање на наградата Роман на годината..

Петрит Сарачини направи опсежна анализа за Слободата на медиумите – каде бевме, каде сме, каква иднина може да очекуваме? 

„На Северна Македонија и тежи реформата во јавниот сервис, за кој светските организации велат дека е под контрола на опозициската политичка партија. Медиумските реформи во тој институционален дел, иако беа први на листата на реформите на Прибе, сè уште не се мрднати од мртва точка поради опструкции во Собранието, токму на опозицијата која сега учествува во техничката влада што беше дел од пакетот реформи на Прибе добиени со Пржинскиот договор“ – пишува Сарачини.

Џевдет Хајредини поентира дека „Заслугата“ на главниот политички преговарач и шеф на нашата делегацијата за преговори со ЕУ е што дури вчера, нам и на тие од ЕУ ни соопшти дека, ако одлуката за отпочнување на преговорите не биде донесена во март, тоа би било најголемото можно мешање во изборите.

Дехран Муратов

Во соработка со: Ангела Петровска, Маја Ивановска, Биљана Јордановска, Сашо Орданоски, Петрит Сарачини, Џевдет Хајредини и Џабир Дерала

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ