• Latest
Протест, 23 октомври 2013, за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски.

Слобода на медиумите – каде бевме, каде сме, каква иднина може да очекуваме?

January 30, 2020

Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

May 13, 2026

ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

May 13, 2026

СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

May 13, 2026

ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

May 13, 2026

За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

May 13, 2026

Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

May 12, 2026
Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

May 12, 2026

Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

May 12, 2026
Реакции - идентитет

РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

May 12, 2026

Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

May 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

    Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

    Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026

    Зеленски дозволи одржување на парадата во Москва: Потпиша декрет за локализиран прекин на огнот

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

    Илустрација ВИ

    Предвремени избори како алатка за продолжување на политичката контрола

    Германски трупи парадираат пред платформата со високите офицери на германската и советската армија (Bundesarchiv Bild 101I-121-0011A-23, Polen, Siegesparade, Guderian, Kriwoschein)

    Заборавениот сојуз и пријателство „запечатено со крв“: Кога нацистите и сталинистите парадираа заедно

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

Слобода на медиумите – каде бевме, каде сме, каква иднина може да очекуваме?

На Северна Македонија и тежи реформата во јавниот сервис, за кој светските организации велат дека е под контрола на опозициската политичка партија. Медиумските реформи во тој институционален дел, иако беа први на листата на реформите на Прибе, сè уште не се мрднати од мртва точка поради опструкции во Собранието, токму на опозицијата која сега учествува во техничката влада што беше дел од пакетот реформи на Прибе добиени со Пржинскиот договор.

January 30, 2020 17:28
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Протест, 23 октомври 2013, за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски.

Протест, 23 октомври 2013, за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски.

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Силната порака на Парламентарното собрание на Советот на Европа за „охрабрувачкиот напредок“ и „значително намалување“ на притисокот врз новинарите и медиумите во С. Македонија е само една во низата констатации кои стигнуваат од повеќе релевантни светски политички и медиумски организации за нашиот напредок во медиумските слободи. Вртоглавиот пад е спречен. Има целосно свртување, особено во начинот на кој најголем дел од институциите и функционерите од власта се однесуваат кон медиумите.

Сепак, од друга страна, растот на светските индекси е бавен, а фактот дека само во последниов месец ЗНМ констатира 4 случаи на сериозни притисоци или закани кон новинари, говори дека нашите состојби се далеку од розови. Освен тоа, добро знаеме дека се уште не се спроведоа медиумските реформи во јавниот сервис, дека имаме неказнивост на говор на омраза, експлозија на лажни вести и пара-медиуми, оркестрирана пропаганда и обид на политичките центри да ја контролираат медиумската слика. Напредокот не е бавен, тој е забавен, од сериозни пречки, опструкции и предизвици, кои не исправаат пред неизвесност за тоа каква иднина не очекува.

Но, за да дојдеме до одговорот како до побрз напредок и подобра иднина на медиумските слободи и слободата на изразување воопшто, добро е, освен на сегашноста, да потсетиме и до каде стасавме на ова поле за време на децениската власт на Груевски. Зошто е ова повторување важно? Затоа што се чини, а тоа ни го потврдуваат секојдневно со нивниот однос кон медиумите и функционерите и партиската инфраструктура на ВМРО-ДПМНЕ, дека во пристапот на неговата партија малку што се сменило по однос на ова прашање.

Иако е невозможно да се зборува за „успесите“ на Груевски и фамилијата на ова поле без да се ризикува да се напише ферман далеку подолг од оние што ги читаме на Фејсбук од Будимпешта,  ајде барем накусо да разгледаме дел од поважните работи што придонесоа Македонија за 10 години да падне за цели 81 места (од 35 во 2006, на 116 место во 2016 година) на Светскиот индекс на слобода на медиумите на „Репортери без граници“. Изборот на клучните настани не е случаен, бидејќи токму во нив се крие одговорот за тоа што (не) треба да правиме, ако сакаме подобра иднина за новинарството, медиумите, а со тоа и за нашата демократија и држава воопшто.

Наслино влегување во А1 телевизија, 2010
Насилно влегување во А1 телевизија, 2010

Да почнеме од големите работи: Се затворија водечката национална А1 и А2 телевизија, весниците „Шпиц“, „Време“, „Коха е Ре“. Имавме новинари во затвор. Запалени возила. Погребен венец доставен на врата на новинар. Новинари, на чело со претседателот на нивното здружение, противуставно и спротивно на Деловникот, беа со сила исфрлени од галеријата на Собранието, пред да почне тепање и исфрлање на пратениците.  Кога сме кај тепањето, да не заборавиме и на безброј физички напади, дури и од вицепремиери, напади на новинарски екипи на протести и контрапротести, дома, на улица, во кафеана…

Насилството беше постојано поттикнувано и охрабрувано преку жесток, постојан и оркестриран говор на омраза –  јавни плукања, навредувања, спружувања, прогласувања на новинари за платеници, кодоши, предавници. Почнувајќи од премиерот лично, кој јавно кажуваше на кои новинари и медиуми треба да им се верува а на кои не, кој бил новинар а кој не – па сè до последниот партиски војник со анонимен профил на Фејсбук или Твитер.

Згора на тоа – кафкијанско, секојдневно прислушување на десетици новинари и редакции со години, потврдено од самите новинари по добивање на прислушуваните разговори. Инспекции, полициски упади и претреси, грабежи во редакции од крадци кои никогаш не се наоѓаа, постојано притискање на критичките новинари со десетици судски тужби. Во спорови со функционери новинарите редовно губеа, во време кога за мразачите и насилниците под закрила на власта имаше целосна неказнивост.

Претепан новинар

Се разбира, телефоните на власта беа постојано затворени за неподобните, за нив немаше изјави, интервјуа, на нивните екрани не се одеше на дебати, соопштенијата стигаа подоцна, најавите на настани на кои редовно стигаа пропагандните медиуми доаѓаа минути пред сам настан, а законскиот пристап до јавни информации и документи се претвори во мртво слово на хартија. Но, демантите стигаа редовно – а не беа деманти, туку рецензии и тиради на обвинувања кон медиумот и новинарот, токму како оној последниот на министерката Мизрахи пред некој ден што доби жестока осуда од ЗНМ и Советот за етика. Со сето ова, дополнително се оневозможуваше конкурентноста на професионалните медиуми наспроти пропагандистите, кои секогаш „дознаваа први“.

А притисокот кај оние што беа дел од пропагандата функционираше поинаку: тие се доведуваа во состојба на послушност преку парите на граѓаните. Некои уредници заработуваа милиони преку тендери и маркетинг шеми. Државата се претвори во најголем огласувач, се трошеа на десетици милиони евра секоја година за купување на послушноста и молкот, дури и со најглупави кампањи, меѓу кои веројатно најапсурдната е онаа со која се рекламираа поволностите за странски инвеститори и се ловеа странски инвестиции – во наши домашни, македонски медиуми. Само за неа се потрошени „ситни“ 12.5 милиони евра.

Готовите пари од непазарен субјект придонесоа за уништување на и онака кревкиот медиумски пазар, палење и гасење на медиуми по „потреба“. Најчесто се „палеа“ плукачки платформи со мал тим но голем досег преку бот-фабриките, а се гасеа на порано успешни медиуми и се намалуваа постоечки редакции, бидејќи содржината веќе стига готова од „горе“. Новинарскиот труд стана евтин, плата од 200 до 300 евра. Повеќе од 50 уредници и над 700 новинари останаа без работа.

Тука ќе застанеме. Споредете што од тоа што го прочитавте не го прави сегашната власт (а тоа е речиси сè од напишаното), и ќе го имате одговорот за причините за „охрабрувачкиот напредок“ што го констатира Парламентарното собрание на Советот на Европа. Освен тоа, охрабрува и интензивните активности во саморегулацијата, регистарот на портали кои го создава самиот еснаф без мешање на државата, далеку поголемата транспарентност на институциите, доблеста да се извини и признае грешка. Ако сакаме подобра иднина, ова е минимумот, под кој никој никогаш не смее ниту да помисли да оди. Каде води тој пат, видовме сите.

Но, останаа области кои за жал се уште и тежат на кревката македонска демократија: растат секојдневните закани од разни страни кон новинарите, и покрај далеку поголемата ефикасност во пронаоѓање на сторителите Затоа што насилството е само последица на неказнивоста за долгогодишното вербалното насилство и експлицитниот говор на омраза во јавната комуникација, кој штом поминува неказнето негува и поттикнува насилници.

Оваа состојба мора да престане веднаш. А, за тоа да се случи, прстот мора да се посочува поупорно и погласно на вистинските адреси. Тоа во овој момент не се ниту власта која почнала се поефикасно да реагира кон насилниците, ниту професионалните новинари кои за разлика од пропагандистите се саморегулираат, туку пропагандните центри и мегафони кои произведуваат јавно вербално насилство, и судовите и обвинителствата кои тоа не го казнуваат! Тоа е нешто што мора сите заедно, и државните институции, и правосудните органи и еснафот да го адресираат, преку многу поинтензивна соработка.

Освен тоа, на Северна Македонија и тежи реформата во јавниот сервис, за кој светските организации велат дека е под контрола на опозициската политичка партија. Медиумските реформи во тој институционален дел, иако беа први на листата на реформите на Прибе, сè уште не се мрднати од мртва точка поради опструкции во Собранието, токму на опозицијата која сега учествува во техничката влада што беше дел од пакетот реформи на Прибе добиени со Пржинскиот договор. Тука е потребен сериозен напредок, оти, во напливот на сензационализам и непрофесионализам и дисторзирана медиумска реалност, јавните сервиси во сите сериозни демократии се стабилниот стожер, кој преку квалитетна и популарна продукција, го става јавниот интерес во фокусот на јавноста.

Ни требаат механизми преку кои ќе се поддржи продукција на сериозни медиумски содржини, во тек со ова дигитално, динамично време. Ни треба медиумите повторно да ја остваруваат не само забавната и делумно и дисторзирано информативната функција, туку да го подобрат нивниот квалитет, а да ја возобноват образовната функција која сега речиси целосно отсуствува, за да добиеме генерации, кои ќе бидат критички, информирани граѓани што не голтаат сè што им се сервира. И конечно, ни требаат медиуми кои ќе бидат слободни од влијанието на политичките пари, од клиентелизмот и корупцијата.

И списокот на предизвици и цели е очигледно долг. Но никој не дошол до подобра иднина по полесен пат. Битката за слобода на медиумите се бие постојано, и во најразвиените демократии. Претстојниот изборен процес на 12 април ќе биде првиот голем тест на ова поле за нашата демократија. И политичките партии, и за институциите, но и за граѓаните и за медиумите. Првите сигнали во однос на слободата на медиумите ги гледаме. Каква иднина не очекува – ќе видиме.

Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ