• Latest

4 февруари: Антидискриминација не се изгласа, несериозните предлози на Мицкоски, Дрисла, Охрид, сајбер напади…

February 4, 2020

ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни и долгорочни изборни набљудувачи

August 21, 2025

24 ЧАСА: Правото на глас – темел на демократијата; Ако поради независните пропаднат изборите, владини повереници ќе раководат со општините, вели Мицкоски; Полициска бруталност и апсења на протестите во Србија

August 21, 2025
Фото: Министерство за одбрана

Македонски контингент од околу 280 војници испратен на меѓународната воена вежба во Германија

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Демократите од Калифорнија ќе гласаат за нова конгресна мапа за да се спротивстават на Тексас

August 21, 2025

Владата го нарушува правичното претставување во општините со намалување на бројот на советници, изјавија од ДУИ

August 21, 2025

Додик најави реферндуми на 18 и 25 октомври за одлуката да му се одземе претседателскиот мандат

August 21, 2025

Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

August 21, 2025
Средба Трамп-Путин, Алјаска, 15 август 2025 (извор на фотографија: веб-страницата на рускиот претседател)

5 дена дипломатија, 5 дена смртоносни руски напади врз Украина

August 21, 2025

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

August 21, 2025
Фото: Скриншот од виео на CNN-News18

Меѓународниот кривичен суд ги „осудува“ новите санкции на САД врз судиите и обвинителите на судот

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

4 февруари: Антидискриминација не се изгласа, несериозните предлози на Мицкоски, Дрисла, Охрид, сајбер напади…

February 4, 2020 20:43
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: За Комисијата за антидискриминација ќе одлучуваат новите пратеници

Иако беше на дневен ред, Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата и денеска одлучи да не се расправа за избор на членовите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Седницата беше прекината пред да се отвори расправа по оваа точка.

Пратеничката Ивана Туфегџиќ побара од претседателот на Комисијата Илија Димовски уште оваа недела да се организира расправа и да се изберат членовите. Туфегџиќ рече дека ова прашање е важно и не би требало да зависи од изборите.

БЛИЦ: Зошто не се реформира Комисијата за спречување на дискриминацијата?

Џабир Дерала: Војниците на груевизмот не можат ни да замислат постоење на вистинско државно тело за борба против дискриминацијата, туку само за нејзина заштита.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Сугарески: Оптимист сум и сметам дека нема да се одземе статусот на УНЕСКО на Охридскиот регион 

ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ: Несериозните предлози на Мицкоски за законот за јавни обвинители

Мицкоски и понатаму го блокира донесувањето на законот за ЈО кој е суштински дел од реформите во правосудството што, пак, е еден од главните услови за отпочнување на преговорите на државава со ЕУ. Мицкоски бара тим од правни експерти да го изготват Законот, Министерство за правда вели дека таквото барање од Мицкоски е несериозно, бидејќи истиот е подготвуван повеќе од две години, а една година има откога се започнати преговорите за ова законско решение.

НЕ ПОМАЛКУ ВАЖНО 

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска го утврди предлогот Орхан Адеми да биде нов заменик директор на Државниот завод за ревизија. Арбен Исаку е предложен за нов член на Советот на јавни обвинители.

Несоодветно третиран медицински отпад во „Дрисла“ – Необработен медицински отпад без почитување на пропишаниот протокол се третирал на депонијата Дрисла. Случајот во декември го открил главниот инспектор на Град Скопје, Мирослав Богдановски кој реагирал професионално и одговорно затоа што имал многу дојави од граѓани дека во кругот на фирмата подолго време се случува нешто сомнително, се шири непријатен мирис и дека отпадот не се третира соодветно. Градскиот инспекторат го известил Јавното обвинителство.

Претседателот Пендаровски во официјална посета во Полска – Со највисоки државни и воени почести претседателот Стево Пендаровски денеска ја почна официјалната посета на Полска. Тој беше пречекан од претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда. Пендаровски оттаму порача дека очекува ратификацијата на Протоколот за членство на земјата во НАТО во шпанскиот Парламент ќе биде завршена следниот месец.

Центрите за социјални работи функционираат без никакви пречки – Техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи со денешната прес-конференција уште еднаш потврди дека работи против интересите на граѓаните, продолжувајќи да шири невистини и пропаганда за наводно неработење на Центрите за социјални работи. Граѓаните треба да ја знаат вистината, а тоа е дека центрите за социјални работи функционираат без никакви пречки и сите реформи кои се направени изминатиот период носат само бенефит на корисниците на правата и услугите, се вели во реакцијата од кабинетот на дополнителната заменик министерка Санела Шкријељ на тврдењата на министерката Мизрахи дека се вршат притисоци врз вработените и раководствата на Центрите за социјални работи.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ 

Панел дискусија за сајбер нападите во интернет медиумите, четврток, 6 февруари

ЦИВИЛ организира панел дискусија на тема „Сајбер нападите – предизборно оружје“ на која ќе стане збор за сајбер нападите врз интернет медиумите. На панел дискусијата, панелистите ќе споделат информации и искуства на оваа тема, актуелна во светот и кај нас. Панел дискусијата ќе се одржи во хотел Парк Резиденс (зад фудбалскиот стадион во Градски Парк), четврток, 6 февруари 2020, со почеток во 12 часот.

Непосреден повод за оваа тема се зачестените сајбер напади врз интернет медиумите во предизборниот период. Меѓу метите на сајбер напади се и Слободен печат, ЦИВИЛ МЕДИА, како и низа други интернет медиуми.

Што се сајбер нападите, како тие влијаат врз работата на медиумите, какви комерцијални, медиумски и политички импликации имаат и како тие се користат како предизборно „оружје“, се дел од прашањата на кои ќе разговараме со нашите панелисти.

Како и секогаш, настанот е отворен за јавноста, а присуството на панел дискусијата е можност и за директно вклучување со коментари, сознанија и искуства со сајбер нападите.

Семинар „Граѓански објектив“ во Струмица, сабота на 8 февруари

ЦИВИЛ продоллжува со серијата семинари овој пат во Југоисточниот регион. Еднодневниот семинар „Граѓански објектив: транспаретност и одговорност во политичките процеси“ ќе се одржи на 8 февруари во Струмица, во хотел Есперанто. Право на учество на семинарот во Струмица ќе имаат граѓанките и граѓаните на општините Струмица, Василево, Босилево, Ново Село, Конче, Валандово, Дојран, Богданци и Гевгелија.

Апликација за учество на регионален семинар „Граѓански објектив“ во Струмица

СЛОБОДНА ЗОНА

„Како што изгледа, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде повторно на губитничката страна и во оваа драматична „Битка на Неретва“ во напорот да се оневозможи заздравувањето на „тешко ранетата“ правна држава во Македонија“, пишува Сашо Орданоски во својата колумна Уште една загубена „Битка на Неретва“?

Зоран Иванов во својата колумна „Сега ајт сите на избори“ пишува: Секако дека на избори ќе се оди. И не само тоа. Туку македонската демократска јавност ќе мора и да победи. Ќе мора изборно да ги столчи сите антимакедонски сили олицетворени во сите анти-интеграциски пропагатори. И сите сејачи на магла кои манипулираат со идентитетот и сите кои практично заговараат враќање на ФИРОМ.

Ангела Петровска 

во соработка со: Биљана Јордановска, Сашо Орданоски, Зоран Иванов и Џабир Дерала

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (2): Од мета на напади до прокси држава

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ