• Latest

Емел Рамковска: Режимот ме осуди мене и моите деца, не ги видов 28 месеци

March 8, 2020

Одбрана на демократијата, препораки и политики: Градење меѓуполитички и општествени сојузи

May 8, 2025
Фотографија: Wikipedia

Штајнмаер: Со воената агресија на Путин, болно е да се признае дека ослободителите на Аушвиц станале новите агресори

May 8, 2025

Мерц им порача на САД да се држат настрана од германската политика пред првиот телефонски повик со Трамп

May 8, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали се чувствувате како Европјани?

May 8, 2025

Зголемени затворските казни за дел од обвинетите за случајот „Ласкарци“

May 8, 2025

Европа одбележува 80 години од победата над фашизмот

May 8, 2025

(РЕПРИНТ) 9 мај, еден Ден по победата во Европа над фашизмот

May 8, 2025
Војо Маневски

Помина една година, реформи нема, а ние чекаме

May 8, 2025

ЕП го усвои извештајот за Србија: Замерки за владеењето на правото, политичкиот дијалог, борбата против корупција, (не)усогласување со надворешните политики на ЕУ

May 8, 2025

На парламентарните избори во Албанија на 11 мај се натпреваруваат 2046 кандидати, за прв пат гласа и дијаспората

May 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Емел Рамковска: Режимот ме осуди мене и моите деца, не ги видов 28 месеци

Оваа храбра и силна жена, Емел, не дозволила да ја скрши садизмот на режимот кој ѝ пресудил уште пред да се одржи фарсата од судење. Вели дека е излезена од затвор, но не знае што е слобода. Зад нејзината потресна исповед, само се насетува монструозноста на бездушните луѓе, поданици на режимот. Извесно е дека има уште многу да каже. Емел е една од многубројните жртви на режимот. Своевремено, за тие што му пречеа на режимот, протагонистите на бруталното структурно насилство велеа дека ќе завршат „во ендек“ (Мартин Протуѓер), дека „ќе ги сотреме“ (Гордана Јанкуловска, МВРО)... Правдата сѐ уште е далеку, но Емел верува дека таа ќе дојде.

March 8, 2020 13:22
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Никогаш не може да се избришат страдањата на Емел Рамковска и нејзиното семејство кои поминаа долги години зад решетки. Емел помина шест години во затвор, од кои првите години ги помина во крајно сурови услови во злогласниот притвор во Шутка. Во тоа време, судијката ѝ „пресуди“ да не ги гледа своите деца цели 28 месеци. Поради сериозно нарушеното здравје во притворската изолација од светот и од нејзините две деца, таа повремено била лекувана во здравствените установи низ главниот град. Тоа била „среќна“ околност, бидејќи така успеала да си ги види децата в болница.

Оваа храбра и силна жена, Емел, не дозволила да ја скрши садизмот на режимот кој ѝ пресудил уште пред да се одржи фарсата од судење. Вели дека е излезена од затвор, но не знае што е слобода. Зад нејзината потресна исповед, само се насетува монструозноста на бездушните луѓе, поданици на режимот. Извесно е дека има уште многу да каже. Емел е една од многубројните жртви на режимот. Своевремено, за тие што му пречеа на режимот, протагонистите на бруталното структурно насилство велеа дека ќе завршат „во ендек“ (Мартин Протуѓер), дека „ќе ги сотреме“ (Гордана Јанкуловска, МВРО)…

Правдата сѐ уште е далеку, но Емел верува дека таа ќе дојде.

Никогаш во животот не помислував дека ќе бидам симбол на трагедија. Имaвме медиум, јас еден период бев дописник од Истанбул за А1, никогаш не помислив дека еден ден ќе зборувам за ова. Во 2008 година се вратив од Истанбул после 18 години живеење таму, и се случи тоа што се случи.

Кога почна медиумската битка на А1 со власта тука почна да се надѕира на каде одиме, тоа беше премногу храбро, премногу силно, бидејќи А1 ја имаше довербата на народот и отпосле видовме дека тоа беше целта, да нема медиум кој ќе делува во служба на народот, приказната да биде поширока, потрогателна мислам дека и за да влее страв кај луѓето, мислам затоа се направи толку голема, толку широка, се отиде и на фамилија.

Премногу проживеавме, мислам дека нема крај човек да раскажува, иако ние овие години за да преживееме сè тоа го закопуваме внатре во нас, но мора да го извадиме, мора да го раскажеме, затоа што ако не раскажеме и одиме на тоа да се заборави, како да не било, а знам дека на многу луѓе тоа би им олеснало нас да нè нема, да не зборуваме, да нема сведоци на тоа време, но јас како своја должност сметам дека треба да раскажам за да не се случи на друга некоја мајка првенствено, ќерка…

Во медиумската битка знаете што се случи. Упаднаа во телевизијата и се затвори А1. Тука беше моја одлука да ме затворат и мене, а можев да избегам. Но, јас ги чекав скоро два часа да дојдат дома и да ме земат, а можев да избегам и да ме нема, но мојот избор беше да останам. Затоа што немав причина за што да бегам, бидејќи сметав дека е некое лудило кое што за некое време ќе дојде до некој разум, а немавме воопшто идеја до каде ќе оди работата.

Што се случи во тоа лудило? Прво бевме однесени во полициски станици, ноќта таму ја поминавме, после тоа со специјални единици, дури и нашето апсење беше со „Тигри“, „Волци“, не знам ни кои имиња ги имаат тие единици коишто кога не апсеа се однесуваа како да се апси некој нарко-картел како во оние филмови што ги гледаме во Колумбија. Сè со цел да се влее став кај народот.

Еден момент што нема да го заборавам е кога од полициската станица требаше да нè спроведат до Истражниот суд. Нè наредија во еден ред мислам дека бевме десетина, се наредија и специјалците до нас, и кога нè фатија за рака да нè носат, во тој момент се тресеше полицајката, јас не се тресев. Мислам дека во тие моменти имаше и луѓе што беа свесни дека тоа што го прават не е во ред.

Се случи притворот, а притворот е цела една приказна сама за себе, тие искуства таму се безброј, како лични што ги доживуваш додека си таму, така и многу моменти со најблиските коишто не ги гледаш, а за да ги слушнеш треба илегално да набавиш телефон, изложен си секој ден на претреси, секојдневни притисоци. Специјални мерки имаше во притворот за да не се видиме со татко ми (Велија Рамковски), ние едноставно се фокусиравме на тоа дека ние сме во право и дека не згрешивме ништо, и дека еден ден ќе си дојде сè на свое. Ни даваше сила и тоа што нашите беа добро во однос на сето тоа што се случуваше, и колку беше страшно.

После еден период дојде судницата како нова сцена, за да биде најверојатно што пострашно не возеа во некои возила во задниот дел, со врзани раце позади. Позади на жените ни врзуваа лисици на рацете и не возеа до судница, а до таму немавме рамнотежа бидејќи се вози по кривини, и една со друга се потпиравме за да одржиме рамнотежа да не паднеме.

Но, сепак судницата беше место каде што поминувавме време сите заедно, а тоа за нас беше многу битно, и во еден момент некој имаше одлучено дека многу добро си поминуваме во судница, дека многу фино ни поминува времето, бидејќи ни се носеше храна оти цел ден го поминувавме во судница, решија за да не ни биде толку убаво и да јадеме внатре во судницата за време на пауза, во еден момент донесоа решеније за ручек да нè носат назад до затворот во Шутка па да нè вратат за вториот дел од судењето. Тоа беше монструозно, да те носат до затворот со врзани раце, да јадеш 15 минути и потоа пак да те вратат назад во суд, исто со врзани раце, еден од моментите кои беа неверојатни.

Додека се случуваше тоа, ние бевме тотално исклучени од тоа што известуваат медиумите, бидејќи во Шутка во ќелиите нема струја, нема штекер, немаш допир со телевизиските медиуми што известуваат. Во еден период имавме весници кога успевавме да ги добиеме, и навистина немавме слика што се случува надвор. На сета таа ексклузивна и бомбастична приказна, ниту сега не знам што известуваа, а немам ни желба да гледам, бидејќи претпоставивме што се случува.

Додека Шутка како искуство, да си во една просторија 23 часа во денот, со луѓе коишто варираат зависно која како влегува и излегува од притвор, бидејќи притворот за другите траеше пократко без разлика какво дело извршиле. За нас траеше многу, за мене траеше 28 месеци, период каде што ирелевантно беше тоа што сум мајка на малолетни деца, домашниот притвор беше надвор од секаков разговор, јас требаше да останам таму до крај со цела специфика на секој месец добивање написмено, кое не го ни читав.

Тој период секој март и септември, кога се случуваше нешто политички, бидејќи постојано имаше некакви политички случувања, ние мислевме дека готово е ќе излеземе. Многу пишував и цртав и лани пробав да го препрочитам дневникот што дневно го водев, да видам да направам некој концепт, но не можев да читам, бидејќи за да преживеам сиве овие години сè сум сокила во себе, и кога отворив да го читам дневникот – не можев, го оставив за некое друго време, да може да сумирам.

Нè одржа надежтта дека ќе излеземе, и можеби имавме среќа што не знаевме колку ќе трае, и тоа за нас беше еден олеснителен момент што не бевме свесни колку ќе трае.

Секој март и септември велевме – готово е, готово е… но откако ги видов тетратките што ги пишував и од првите страници ја видов таа моја наивност , бидејќи јас мислев дека после 30 дена поминати во притвор сè ќе заврши и ќе излезам надвор на слобода. Но 30, па 30, па 30 дена, поминаа многу години…

Сепак, покрај сите искуства во притворот, кога стигнавме во притворот, затворенички/притворенички ми кажаа дека долго време ме чекаа во затворот, дека ќелиите за нас долго време беа спремни. Ние бевме зачудени, бидејќи којзнае колку време тие простории беа исчистени и резервирани за нас, спремни нас нè чекаат. Тој момент ми се случи и пред да одам во затворот во Идризово, по телефонски разговор со девојка од таму ми вели – овде има подготвена соба за вас. – Не викам ние нема да стигнеме до таму, сигурно ќе се случи нешто бидејќи долго време помина, самата си велев дека нема да го видам Идризово.

За нас беше подготвена празна соба, и 2010 во Шутка, и 2013 во Идризово.

Најстрашните работи се случуваа во судницата, едноставно осудени уште пред да влеземе. Се тркаше со времето да се постигне тој некој краен рок што си го имаа поставено.

Седумдесет пати не носеа и враќаа во судот, слушавме адвокати бидејќи ние сме лаици не сме правни лица, како што слушаш, така гледаш дека ти се прекршени основните човекови права, уставни права, не ти се дава право да се браниш.

Таму што се случуваше во судница ми се случи да добијам астма, не од тоа што го доживував во Шутка, не од прашината и влагата. Од односот таму, мене ми се случи во еден момент да немам воздух од тоа што гледав што се случува.

Во меѓувреме немав како да ги видам малолетните деца. Не знам колку време ми требаше да соберам храброст да ги слушнам на телефон, што ќе им кажам, каде сум, кога ќе дојдам…

Во таа трка да нè осудат, во тие две ипол години додека траеше притворот, се случија болести на луѓе кај нас, одеа во домашни притвори, во болници.

Монструозно беше во едно рочиште, судијката чекаше од клиника со Брза помош да донесат една од нашите од случајот „Пајажина“. Се јавуваше по лекари да ја донесат жената. Мене еднаш ми се случи со вирус и многу ми беше тешко и во таква состојба да морав да присуствувам на судење. Физички бев таму, но ништо не слушав, бидејќи само гледав да не ми се слоши и да паднам на суд. Но, сепак ме натераа да бидам таму цел ден, цело рочиште.

Ние однапред бевме осудени секако, но она што отпосле го сфаќаш е дека ти ја осудуваат цела фамилија, не те осудува само тебе. Ти ги осудува сите оние кои ти се блиски. Не ме осудија само мене да не можам да бидам ни родител, ни ќерка, ни внука… Тие ги осудија моите деца да не ме видат 28 месеци.

Добро од лошто од таа астма е што во тие 28 месеци, додека пишував барања до судијката бидејќи долго трае притворот да ми овозможи просторија во Шутка за да ги видам децата. Мислам дека 2-3 пати тоа го направив, но ме одбија, мене судијката ме одби да си ги видам децата, а и децата да ме видат мене. Тоа беше одлука на судијката да не ги видам децата 28 месеци. Но, астмата што ми се случи и настојувањето на мојата адвокатка да одам на лекар, бидејќи невозможно беше и на лекар да одам, и се вршеа страшни притисоци за да ме носат на лекар, и јас неколку пати ги видов на чекалните во неколкуте болници во градот.

Моите ќе дознаеа во која болница сум и ќе ги донесеа децата таму. И во еден момент заради нив, бидејќи низ цела болница ме носеа со лисици, кога ги видов се однесував како воопшто да ги нема лисиците.

Моите деца три години доаѓаа во Идризово, викенд за моите деца беше доаѓање во Идризово и чекање со саати да влезат да се видиме еден саат, сè до наредното видување.

Јас шест години бев внатре во затвор, и кога излегов надвор очекував дека ќе излеземе пак истите без да успеат да нè скршат. Јас кога излегов надвор, ги дочекав истите луѓе, истите ликови, кои уште се на политичката сцена, уште се пратеници, уште одлучуваат битни работи за државата и општеството…

Оној момент кога почнаа во 2015 мислам да излегуваат „бомбите“, јас излегов во 2016 година, таа беше промената која ја дочекавме, она што чекавме да се случи, и мислам дека тогаш почна тој процес на промени, и ние со трпение, еве јас веќе три години како сум излезена, не велам слободна бидејќи сè уште не се чувствувам слободна. Јас сè уште живеам со нарачана, изречена и реализирана пресуда од режимот. Тоа ќе биде така сè додека не добиеме повторување на делото каде ќе можеме да покажеме и докажеме што се случи.

Има доста луѓе кои се усмерени да го игнорираат сето она што се случи, за тие самите да си го одржат она верување коешто е нивен избор, со одредена лична цел. Како поминува времето кај мене трпението и вербата е уште поголема, иако поминаа 10 години.

Сепак, овие чекори што се прават кон нормализирање на општеството, кон станување нормална држава, како дел од таа меѓународна заедница која што ја знаеме и сакаме да бидеме дел од неа, наспроти она затворање, изолирање, кое што требаше да служи за некои лични цели. Ние сега сме далеку од она темнило, оној црн тунел, бидејќи чекавме некој зрак и јас ја гледам таа светлина. Овој период сум релаксирана затоа што верувам во ова што се случува, верувам дека сме во вистински правец, точно знаеме каде одиме. Би рекла дека сега сме на пола пат да излеземе од таму од каде што тргнавме. Сега сме на пола пат, бидејќи има уште многу да се направи, треба многу промени да се случат, но тие промени што веќе се случија кај мене ја одржуваат и надежта и вербата дека ќе го дочекам тоа што го чекам.

Секоја чест за тоа што сега се случува во судството, и штета е што цело судство се става во еден кош, штета е луѓето што вредат таму што мора да слушаат дека се работи за сите.

Во овие неколку години се случија многу добри работи и верувам дека во тој правец ќе продолжиме, и дека еден ден ќе се ослободиме од пресудата на режимот. Дури и не знам кога ќе дојде тој ден како ќе се чувствувам, како ли ќе изреагирам, навистина не знам затоа што долго време издржувам, веќе 10 години, и кога ќе дојде таа вистинска слобода, навистина не знам како ќе изреагирам.

новинар, камера и транскрипт: Дехран Муратов
вовед и монтажа: Џабир Дерала


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.
Print Friendly, PDF & Email
Tags: ГруевскиДецаЕмел Рамковскажртви на режимотзатворИдризовоЈанкуловскаправдачовекови праваШутка
Share39Tweet25Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ