• Latest

Реакција: Субвенции добиваат сите евидентирани, а не само регистрирани земјоделци!

February 18, 2016
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Реакција: Субвенции добиваат сите евидентирани, а не само регистрирани земјоделци!

February 18, 2016 16:42
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

(Повод: Интервју со Михаил Цветков-Не ги темпираме субвенциите според изборите!)

На прашањето на ЦИВИЛ Медиа до министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков, дека „фактот што покрај регистрираните, субвенции добиваат и останатите земјоделци, само предизвикува хиперпродукција, конкретно  на јаболката, со што се намалува цената, која годинава е рекордно ниска, а се создава и нелојална конкуренција“, како и дека „бенифициите кои ги добиваат регистрираните земјоделци се незначителни, затоа што самите си плаќаат придонеси, а треба да ги продаваат своите производи, по иста цена како и останатите земјоделци“, тој ја демантира таквата пракса.

Министерот тврди дека има ред и закон – кој може да земе субвенции. „Секој земјоделец кој е регистриран во Единствениот регистар за земјоделски стопанства, има право на субвенции. Ова што го кажувате вие, проверете и најдете го тој кој не е регистриран, а зема субвенции, јас веднаш ќе преземам казнени мерки против луѓето кои исплатиле такви субвенции! Со сигурност Ви кажувам дека таква работа  е неможна и секој вработен кој тоа го направил, направил кривично дело!“, тврди Цветков кој му порача на ЦИВИЛ за вакви информации, треба да се да имаат документи.

285522_10150296598394897_1408405_n
Трајан Димковски

Секојдневната пракса е сепак поинаква, а играњето со термини не ја побива. Земјоделците кои сакаат да добијат субвенции (директни плаќања) аплицираат секоја година во канцелариите на Подрачните единици на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, кои пак, се поврзани во системот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој (Платежна агенција), а податоците за електонско аплицирање ги внесува вработен во Подрачната единицица на МЗШВ.

Владата на Република Македонија секоја година (во јануари) објавува програма и уредба за поблиски критериуми за директни плаќања, корисници на средства, максимален износ и начин на директни    плаќања. Во уредбата се наведени сите подмерки со кои се планира да се субвенционира земјоделството. Во интервјуто на министерот Цветков се спомнати одгледувачите на јаболки, еве ги конкретните податоци, а податоците може да се однесуваат за секоја подмерка во земјоделството.

Според уредбата во подмерка: 1.9 – Директни плаќања по обработлива површина за одржување на постоечки овошни насади, стои: корисници на ова подмерка се земјоделски стопанства кои имаат минимум 0,2 хектари (2.000 м2) површина со постоечки овошни насади за секој овошен вид посебно и се регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС).

Ова е клучно за да може земјоделецот да добие субвенции. На пример, за јаболко треба да има на свое име површина од 0.2 ха или да има изнајмено со договор заверен на нотар или пак, земено под закуп државно земјоделско земјиште. Со самото аплицирање за субвенции, земјоделецот веднаш го регистрираат во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (овој регистар се води во МЗШВ) и тоа е евиденција на сите земјоделци кои аплицираат за субвенции.

По овој основ, сите земјоделци се еднакви, дали се пензионери, судии, полицајци, административци…, штом поднесат апликација за субвенции, веднаш добиваат број во ЕРЗС и  евидентирани се со сите права да аплицираат и за рурална програма за трактор или друга механизација (50%-50%). И целосно се изедначени со другите земјоделци кои се регистрирани според Законот за земјоделство и рурален развој и плаќаат 1.100 денари за пензиско и 450 денари за здравствено осигурување. Само евидентираните земјоделци не мораат да водат книговодство, да поднесуваат завршна сметка, да имаат печат и да имаат посебна жиро-сметка, не издаваат фактури (освен се разбира лична трансакциска сметка). А земјоделците регистрирани според Законот за трговски друштва ги имаат сите обврски како и секое трговско друштво, со печат, книговодство, жиро-сметка, издаваат фактури, може да вршат повраток на ДДВ…

Оттука е и револтот на јаболкарите, особено оние кои го работат само тоа, а за субвенции се изедначени со сите други кои произведуваат јаболко, а во исто време работат и како доктори, судии, државни службеници или што и да е. Регистрираните земјоделци, во споредба со евидентираните земјоделци, ги уживаат истите права за директни плаќања (субвенции), за аплицирање кај ИПАРД програмата, за мерките од рурален развој (подигнување на нови овошни насади, органско производство)… Накратко кажано, целосно се изедначени

Инаку, околу прашањето поставено до министерот, можам да заклучам од погоре кажаното, оти е точно декаа регистрираните земјоделци немаат никакви предности во субвенционирањето, иако плаќаат придонеси за здравствено и пензиско осигурување.

Трајан Димковски

(* Авторот е советник во кабинетот на дополнителниот заменик министер за земјоделие, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски)

 

 

 

Tags: МЗШВовошни насадиосигурувањеПреспапридонесирегистрирани земјоделцисубвенциихиперпродукција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ