• Latest

ЦИВИЛ: Потегот на ДИК е сериозна дамка врз изборниот процес!

March 11, 2016

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЦИВИЛ: Потегот на ДИК е сериозна дамка врз изборниот процес!

March 11, 2016 14:43
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По повод одлуката на ДИК да не се врши теренска проверка на пријавите од граѓаните за неправилности во Избирачкиот список, ЦИВИЛ – Центар за слобода, смета дека „тоа што беше најважно за стекнување на доверба во Избирачкиот список и воопшто, во изборниот процес во Македонија, теренската проверка – не успеа, не помина и сметаме дека тоа ќе биде една дамка, сериозна дамка во целиот процес.Добра беше алатката. Таа им овозможи на голем број на граѓанки и граѓани да пријават неправилности во Избирачкиот список, кои упатуваат – колку на прекршоци, толку и на можни криминални дејства за кои има соодветни истраги. Гледаме дека тој почетен импулс, таа почетна надеж, беше скратена и дека едноставно, сега немаме услови во кои ќе можеме докрај да стекнеме доверба во изборниот процес, воопшто, а во Избирачкиот список посебно.

ЦИВИЛ сепак, изразува надеж дека, членовите на ДИК, имајќи ги предвид нивните експертски капацитети, ќе најдат некое решение да ја надополнат штетата што во овој момент, се нанесува со оваа одлука“.

Членовите на Државната изборна комисија вчера едногласно го изгласаа упатството за теренската проверка на Избирачкиот список, но пријавите од револтираните граѓани за бројните неправилности и хаосот што владее во списокот, сепак, нема да бидат земени предвид при утврдувањето на упатството! Мнозинството членови на ДИК, не го прифатија предлогот на Игор Милев – теренска проверка да се прави и по пријавите на граѓаните, (што со условот граѓаните задолжително да доставуваат и документација како доказ, го поддржа и Бедредин Ибраими), па така, оние 3.000 пријави за неправилности од граѓаните, преку Интернет апликацијата, од кои Комисијата разгледала само 683, ќе останат само дел од изборниот фолклор во држава како Македонија, во која навистина, сé можно и ништо веќе не ги изненадува обичните смртници.

Во ДИК траат вкрстените проверки на базите на податоци од различни институции, а Комисијата најави дека постои можност првите резултати да се објават викендов. Потоа, ќе следи теренската проверка на проблематичните прашања што ќе произлезат од вкрстеното проверување, но не и од пријавите на граѓаните.

Министерството за внатрешни работи ќе формира една работна група на државно ниво и осум на локално ниво, кои секојденвно ќе одговараат на барања на ДИК и на прашања поврзани со предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни.  СДСМ пак, отвори телефонската линија (02/3293-109) на која граѓаните пријавувале бројни неправилности во Избирачкиот список, на кој само за еден ден се пријавени бројни неправилности на избирачкиот список – 750 – фантомски гласачи на домашни адреси на граѓаните, 47 – непостоечки станови, 14 – непостоечки влезови, 112 – иселени граѓани, 7 – гласачи запишани на адреси на државни институции и деловни простории…

Претседателот на СДСМ Зоран Заев изрази надеж дека Државната изборна комисија ќе има доволно време да го прочисти Избирачкиот спосок и да обезбеди фер избори, и потецнираше дека очекува „повеќе од 100 илјади сомнителни или таканаречени неконзистентни податоци од самите бази на податоци“.

Според владејачката ВМРО-ДПМНЕ, се работи за ново сценарио за спас на раководството на СДСМ – алиби за одлагање на изборите, за бегство од изборите или за непризнавање на резултатите од изборите.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, изјави дека СДСМ се обидува вештачки да создаде привид дека постои хаос и неправилности во Избирачкиот список. Тој тврди дека гласачи на избори се сите лица кои имаат државјанство, а не оние кои живеат „на онаа или оваа адреса“, како и дека „кривично дело би било доколку едно лице гласа на две места, но во овој случај, немаме таква ситуација, само имаме дека некој граѓанин се преселил од едно на друго место, а не ја пријавил адресата во МВР, најчесто затоа што и не знае дека треба да се пријави“.

Tags: ВМРО - ДПМНЕДИКЗоран ЗаевИгор Милевизбирачки списокНикола ГруевскиСДСМЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ