• Latest

Заев и Николовски се откажаa од патните трошоци, ЦИВИЛ ги повика и другите да го следат овој пример, Села и Гаши прифатија средба со Ахмети со агенда и не утре, Заев утре ќе добие мандат за влада…

August 12, 2020

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Заев и Николовски се откажаa од патните трошоци, ЦИВИЛ ги повика и другите да го следат овој пример, Села и Гаши прифатија средба со Ахмети со агенда и не утре, Заев утре ќе добие мандат за влада…

August 12, 2020 17:34
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Николовски и Заев се откажаа од патните трошоци, ЦИВИЛ повикува и останатите пратеници да го следат нивниот пример

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, заедно со оретседателот на партијата, Зоран Заев, потпишале изјава со која официјално се откажуваат од патните трошоци што им следуваат.

„Укинувањето на патните трошоци за пратениците е изборно ветување на СДСМ и наша програмска определба. За да дадеме пример, да бидеме оние од кои оваа иницијатива тргнува во пракса, вчера заедно со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ги потпишавме изјавите со кои јас и тој, официјално се откажуваме од средствата кои ни следуваат на имe на патни трошоци. Ги охрабрувам колегите од сите партии да го следат овој чекор. Да дадеме мал придонес во насочување на што повеќе пари кај граѓаните, кај оние на кои им се најпотребни“, напиша Николовски на Фејсбук.

„Ја поздравувам нивната одлука и преземање иницијатива и во името на ЦИВИЛ, ги повикувам и другите пратеници да ја следат. Ова е изборно ветување на СДСМ и оди во иста насока како и Иницијативата на ЦИВИЛ за укинување на привилегиите на функционерите што ја започнавме во мај 2019 година и ја предадовме во Собранието. Добро ќе биде таа Иницијатива конечно да дојде на дневен ред пред новиот состав на пратениците и да се усвои укинување на привилегиите, почнувајќи од поранешните претседатели, завршувајќи со раководителите на државните агенции и други институции, вклучително и патните трошоци на пратениците“, ијзави претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала.

По Заев и Николовски од патни трошоци се откажа и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев. „Лично како пратеник нема да користам патни трошоци, ама морам да искоментирам во однос на тоа од СДСМ, џабе откажување од патни трошоци кога ја покрадовте државата и народот“, напиша Јанушев на Фејсбук.

ЦИВИЛНИ ВЕСТИ

ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да пријавуваат случаи на различни облици на кршење на човековите права и слободи, лажни вести и говор на омраза, како и низа други негативни појави, политики и практики. Во овој прилог е објавен формуларот за пријава, како и детали за активностите и кампањите на Организацијата.

Повикот на ЦИВИЛ до своите членови, поддржувачи, соработници и сите заинтересирани граѓанки и граѓани да учествуваат во новата акција: Граѓански форум за учество во креирање на владините политики допре до голем број граѓанки и граѓани, активисти и поддржувачи на организацијата. На нашите електронски адреси веќе пристигнаа голем број пораки со артикулирани барања до идната влада, коишто веќе  се објавуваат на медиумската платформа на ЦИВИЛ.

Активистката Анета Перковска пишува:

„Пожелно би било оваа влада најпосле да се фокусира на вистинска програма против корупцијата во јавниот сектор. После фијаското со Катица Јанева треба да се формира посебен оддел во правната структура на опшетсвото кое ќе се бори со корупцијата. Сите вработени во приватниот сектор очајно чекаат на некакво превземање од страна на владините структури во поглед на ова прашање“.

ЦИВИЛ го постави прашањето: Онлајн настава – да или не? Зошто?

ФЛЕШ ВЕСТИ 

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, утре – 13 август 2020 година, четврток, во 12:00 часот, мандатот за состав на Владата на Република Северна Македонија ќе му го довери на Зоран Заев, претседател на СДСМ и пратеник во Собранието на Република Северна Македонија.

Коалицијата „Сега е време“ – Алијанса за Албанците и Алтернатива, ја прифатија поканата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети до политичките партии од албанксиот блок, предвидена за утре, 13 август, но бараат средбата да се одржи на друг датум и да се извести за дневниот ред, односно агендата на состанокот.

Моделите што веќе ги подготви Министерството за образование ќе бидат разгледани уште еднаш на состанок на Комисијата за заразни болести, изјави министерот Арбер Адеми кој смета дека новата учебна година треба да почне со физичко присуство, во зависност од епидемиолошката состојба во земјава.

Европската комисија одлучи на Северна Македонија да и додели 160 милиони евра од пакетот за макрофинансиска помош, МФП, како поддршка на економијата во земјата која е погодена од корона вирусот.

Меѓународниот ден на младите, 12 август, со резолуцијата 54/120 на Обединетите нации во 2000 година е усвоен со цел постојано да се унапредува положбата на младите во општеството. Целта е вклучување на младите во општетвото како клучен фактор за градење и одржување на мирот и безбедноста, но и нивно активно учество во политичките, економските и социјалните процеси.

Со урбана акција „Молчењето не е решение“ во Градскиот парк во Скопје, уметници алармираа за проблемот со семејното насилство во земјава, кој стана поизразен поради карантините во време на пандемија на Ковид 19.

СЛОБОДНА ЗОНА

Во колумната „Ми се допаѓа мојата сосетка“, Џабир Дерала пишува: „Администрацијата на Шилегов излезе со решение за уривање на Универзална сала и изградба на отворена летна сцена со парк. Уште зеленило – да, никогаш доста од зеленило… Но, освен многу други, остана отворено и прашањето, како мисли Шилегов да живеат луѓето во близина на отворена сцена во град во кој луѓето не знаат ни тивко да зборуваат за да не им пречат на другите, а повеќето тон мајстори го знаат значењето само на зборот максимум, не знам“.

Професорката Мирјана Најчевска пишува „Што може пратениците во Собранието веднаш да направат“?

„Доколку во Собранието на Македонија имаме пратеници, а не партиски марионети и случајно залутани ликови, тие можат да направат многу работи без да ги менуваат законите, Деловникот или било кој пропис со кој се регулира нивната работа.

Да ја спроведат во пракса одредбата дека Собранието е во постојано заседание и да почнат да одат на работа (наместо да си бркаат партиски, министерски и други работи)“.

Домника М Кардула на својот Фејсбук профил пишува: Три недели пред почетокот на учебната година, нема распишано оглас за избор на асистенти за ученици со нетипичен развој.

Како родител на дете со нетипичен развој сакам да потсетам дека владата, односно МОН според законот за основно образование има законска обврска да обезбеди образовни асистенти за оваа категорија ученици. Три недели пред почетокот на учебната година нема распишано оглас за избор на асистенти.

Д. Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ