• Latest

Официјализиран новиот владин состав, Мицкоски нема намера да поднесе оставка, корените на национализмот…

August 31, 2020

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Официјализиран новиот владин состав, Мицкоски нема намера да поднесе оставка, корените на национализмот…

August 31, 2020 17:08
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Претседателот Пендаровски го прими премиерот Заев и министрите во новата Влада

По изборот на составот на новата Влада од страна на Собранието на Република Северна Македонија, денеска претседателот Стево Пендаровски го прими премиерот Зоран Заев и членовите на Владата.

Пендаровски посочи дека очекува новиот владин состав успешно да работи на клучните прашања за државата, односно интеграцијата во Европската Унија, борба со корупцијата, зајакнување на економијата и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Нуредини: Работите се под контрола, постојано се мониторира состојбата со винил хлоридот

Со оглед дека министерот за животна средина и просторно планирање останува ист, очекувањата и на јавноста остануваат исти, решавање на проблемите со отпадот, аерозагадувањето, заштита на животната средина, екологијата, па и здравјето, со оглед на кризата со корона вирусот… на листата на очекувања е исполувањето на ветувањето за преточување на винил хлорид мономерот од ОХИС.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Во рамки на проектот „Зелените доаѓаат“ што ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел, активисти и експерти  денеска зборуваа за урбанизмот  национализмот/ антинационализмот.

„Сметајќи ја обновата на Универзална за неприкосновена овој пат само сакам остро да ја осудам формата и суштината на делот од изјавата за  новата  локација за градба. Се прашувам од каде му знаење и право на градоначалникот за личен одбир на локација за градба на нова сала, за отпочнување на еден толку важен и скап зафат?“, пишува архитект Даница Павловска Циги во „Да антиципираме иднина!“

„За жал, легнуваме со национализам и се будиме со национализам тоа е катастрофата на нашето општество. Дополнително навлезен во сите пори на општеството, почнувајќи од изборите( и малите и големите партии беа базирани 70% на национализам). Ние сме заразено општество, заразено со национализам“, вели активистот Илија Балтовски во „Општество заразено со националзиам“

„Корените на национализмот се во домашното воспитување, па во образованието се надоградуваат и прошируваат, поттикнати од религиските лидери и завршуваат во партиите кои тоа многу вешто го менаџираат“, вели Јане Ѓорѓиоски во „Збогум национализам, здраво безрезервна љубов“.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Напредок во реформите, владеење на правото, медиумски слободи – честитки до новата Влада од дипломатскиот кор.

Собранието за изолираното гласање на Зибери: Пратеникот не бил тестиран на Ковид-19, ниту бил изолиран, само не се чувствувал добро

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека нема да поднесе оставка, бидејќи иницијативата на членовите на ВМРО ДПМНЕ за вонреден конгрес, според него е само во корист на Зоран Заев.

Советничка во Општина Куманово, Александра Тасиќ, од коалицијата на ВМРО ДПМНЕ изборните резултати во Црна Гора ги прослави со мапа од Голема Србијa

Новите министри официјално ги преземаа министерските функции во надлежните министерства

Благоја Бочварски стана министер, Јане Миланов е назначен за заменик градоначалник на Штип

Б. Јордановска

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ