ВЕСТ НА ДЕНОТ: Претседателот Пендаровски го прими премиерот Заев и министрите во новата Влада
По изборот на составот на новата Влада од страна на Собранието на Република Северна Македонија, денеска претседателот Стево Пендаровски го прими премиерот Зоран Заев и членовите на Владата.
Пендаровски посочи дека очекува новиот владин состав успешно да работи на клучните прашања за државата, односно интеграцијата во Европската Унија, борба со корупцијата, зајакнување на економијата и подобрување на животниот стандард на граѓаните.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Нуредини: Работите се под контрола, постојано се мониторира состојбата со винил хлоридот
Со оглед дека министерот за животна средина и просторно планирање останува ист, очекувањата и на јавноста остануваат исти, решавање на проблемите со отпадот, аерозагадувањето, заштита на животната средина, екологијата, па и здравјето, со оглед на кризата со корона вирусот… на листата на очекувања е исполувањето на ветувањето за преточување на винил хлорид мономерот од ОХИС.
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ
Во рамки на проектот „Зелените доаѓаат“ што ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел, активисти и експерти денеска зборуваа за урбанизмот национализмот/ антинационализмот.
„Сметајќи ја обновата на Универзална за неприкосновена овој пат само сакам остро да ја осудам формата и суштината на делот од изјавата за новата локација за градба. Се прашувам од каде му знаење и право на градоначалникот за личен одбир на локација за градба на нова сала, за отпочнување на еден толку важен и скап зафат?“, пишува архитект Даница Павловска Циги во „Да антиципираме иднина!“
„За жал, легнуваме со национализам и се будиме со национализам тоа е катастрофата на нашето општество. Дополнително навлезен во сите пори на општеството, почнувајќи од изборите( и малите и големите партии беа базирани 70% на национализам). Ние сме заразено општество, заразено со национализам“, вели активистот Илија Балтовски во „Општество заразено со националзиам“
„Корените на национализмот се во домашното воспитување, па во образованието се надоградуваат и прошируваат, поттикнати од религиските лидери и завршуваат во партиите кои тоа многу вешто го менаџираат“, вели Јане Ѓорѓиоски во „Збогум национализам, здраво безрезервна љубов“.
ФЛЕШ ВЕСТИ
Напредок во реформите, владеење на правото, медиумски слободи – честитки до новата Влада од дипломатскиот кор.
Собранието за изолираното гласање на Зибери: Пратеникот не бил тестиран на Ковид-19, ниту бил изолиран, само не се чувствувал добро
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека нема да поднесе оставка, бидејќи иницијативата на членовите на ВМРО ДПМНЕ за вонреден конгрес, според него е само во корист на Зоран Заев.
Советничка во Општина Куманово, Александра Тасиќ, од коалицијата на ВМРО ДПМНЕ изборните резултати во Црна Гора ги прослави со мапа од Голема Србијa
Новите министри официјално ги преземаа министерските функции во надлежните министерства
Благоја Бочварски стана министер, Јане Миланов е назначен за заменик градоначалник на Штип
Б. Јордановска