• Latest

Преглед на настани: Стабилна безбедносната состојба, МВР ги казни Заев, Николовски и Филипче, ВМРО ДПМНЕ со старо-нови кадри…

September 23, 2020

Аферата Алта банка се продлабочува: Стечај во Белград, 380 милиони евра под истрага и непријатни прашања за политичките актери

November 3, 2026

СДСМ поднесе интерпелација за Иван Стоилковиќ: Спорни политички настапи и однесување во Собранието

November 3, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

[РЕПРИНТ] Нема бесплатен ручек, сѐ има да се плати!

November 3, 2026
Протест во Тирана, 1 ноември 2026 година (Снимка од видео објавено на Фејсбук од „Revolucioni i Flamingove“)

Протестите во Албанија не стивнуваат: Студентите не отстапуваат од барањето за оставка на Рама

November 3, 2026
РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИТЕ | Днипро, 3 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Америка гласа за својата иднина и за иднината на светот: Доминација на Трамп или рамнотежа на политичките сили во Вашингтон

November 3, 2026

Андонов: Мицкоски е сам против себе и против сите нас

November 3, 2026
Илустрација: ВИ

„СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

November 3, 2026
БАНКАТА НА КОЛЕНА - РЕКЛАМАТА АКТИВНА | снимка од веб страницата на банката на 3 ноември 2026

Алта банка Битола под тримесечна администрација: Тројца администратори, ограничени плаќања и отворени прашања за одговорноста

November 3, 2026
Илијана Јотова, претседателка на Бугарија (Фото: Скриншот од Фејсбук видео)

Јотова избрана за претседателка на Бугарија: Нов мандат, непроменети позиции кон Северна Македонија

November 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Стабилна безбедносната состојба, МВР ги казни Заев, Николовски и Филипче, ВМРО ДПМНЕ со старо-нови кадри…

September 23, 2020 16:41
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Пендаровски: Безбедносната состојба стабилна, најголемиот предизвик останува пандемијата со КОВИД-19

„Безбедносната состојба во земјава и регионот е стабилна и нема индиции дека би можел да биде загрозен територијалниот интегритет. Најголемата криза со која и денес сме соочени е пандемијата со Ковид 19 која останува најважен предизвик и во следните месеци“, изјави претседателот Стево Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност.

Пендаровски истакна дека надлежните институции во континуитет ги следат сите ситуации кои потенцијално би можеле да прераснат во посериозен безбденосен проблем, вклучувајќи и евентуално нов бран на мигрантска криза. Според сегашните проценки, не се очекува развој на пандемијата кој ќе има влијае на општата безбедност во земјата.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Заев-Гир: Треба да се реформираат сите области, особено владеењето на правото

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ:  Зелените доаѓаат во Штип: Преку едукација до јакнење на јавната свест за зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот

ЦИВИЛ организираше работилница „Зелените доаѓаат“ во рамки на Зелениот караван посветена на зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот, во просториите на Општина Штип.

На работилницата присуствуваа претставници на општината и на Советот, како и претставници на граѓанското општество и медиумите. Главните теми и цели на Зелен ЦИВИЛ ги поттикнаа присутните да развијат дискусија за главните активности што се преземаат во промоција и негување на зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот,  но ги споделија и главните проблеми со кои на локално ниво се соочуваат граѓанките и граѓаните на Штип во однос на комуналната хигиена, работничките права, едукацијата и јакнење на јавната свест.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Од денеска се враќаат на работа родителите на децата до шест години, лицата кои користат продолжено породилно отсуство и дел од хронично болните лица.

ВМРО-ДПМНЕ синоќа ја одржа првата седница на новиот состав на нивниот Извршен комитет, каде се поднови со стари кадри.

Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски учествуваше на 11 Меѓународна научна видео конференција на тема „Евроатланските вредности во балканските земји“.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска се сретна со Амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз каде беше реафирмирана потребата за натамошна блиска соработка во развојот и унапредувањетона македонското општество, особено во делот на инклузивноста и еднаквоста.

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, денеска оствари средба со новиот амбасадор и шеф на делегацијата на Европската Унија (ЕУ) во земјава, Дејвид Гир.

Вицепремеирот за економски прашања Фатмир Битиќи истакна дека веројатно викендов ќе можеме да одговориме дали е потребно ново задолжување или не. Во државата не е проблем нивото на задолжување, туку проблемот од минатото беше дали и каде ќе одат тие средства.

Студентските и средношколските домови ќе се отворат, но ќе работат по посебни протоколи и ќе има редуциран број станари во собите.

За сторен сообраќаен прекршок, неносење заштитна кацига, МВР ги казни премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Љупчо Николовски и министерот Венко Филипче.

СЛОБОДНА ЗОНА

Колумна „Audiatur et altera pars“ на Мирјана Најчевска: „Лекарите не смеат да се чувствуваат загрозено на работните места, и, не смеат да бидат изложени на постојана можност од насилство (физичко или вербално) од некој незадоволен пациент. Нема оправдување за насилството, ниту пак насилството смее да биде препознаено како легитимен начин на разрешување на било кој конфликт. Меѓутоа, за да се реши еден проблем не е доволно да се утврди еден или неколку симптоми и да се третираат симптомите. Треба да се погледне од сите страни, да се дијагностицира извориштето, и да се употреби соодветна терапија“.

А. Петровска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ