ВЕСТ НА ДЕНОТ: Пендаровски: Безбедносната состојба стабилна, најголемиот предизвик останува пандемијата со КОВИД-19
„Безбедносната состојба во земјава и регионот е стабилна и нема индиции дека би можел да биде загрозен територијалниот интегритет. Најголемата криза со која и денес сме соочени е пандемијата со Ковид 19 која останува најважен предизвик и во следните месеци“, изјави претседателот Стево Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност.
Пендаровски истакна дека надлежните институции во континуитет ги следат сите ситуации кои потенцијално би можеле да прераснат во посериозен безбденосен проблем, вклучувајќи и евентуално нов бран на мигрантска криза. Според сегашните проценки, не се очекува развој на пандемијата кој ќе има влијае на општата безбедност во земјата.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Заев-Гир: Треба да се реформираат сите области, особено владеењето на правото
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ: Зелените доаѓаат во Штип: Преку едукација до јакнење на јавната свест за зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот
ЦИВИЛ организираше работилница „Зелените доаѓаат“ во рамки на Зелениот караван посветена на зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот, во просториите на Општина Штип.
На работилницата присуствуваа претставници на општината и на Советот, како и претставници на граѓанското општество и медиумите. Главните теми и цели на Зелен ЦИВИЛ ги поттикнаа присутните да развијат дискусија за главните активности што се преземаат во промоција и негување на зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот, но ги споделија и главните проблеми со кои на локално ниво се соочуваат граѓанките и граѓаните на Штип во однос на комуналната хигиена, работничките права, едукацијата и јакнење на јавната свест.
ФЛЕШ ВЕСТИ
Од денеска се враќаат на работа родителите на децата до шест години, лицата кои користат продолжено породилно отсуство и дел од хронично болните лица.
ВМРО-ДПМНЕ синоќа ја одржа првата седница на новиот состав на нивниот Извршен комитет, каде се поднови со стари кадри.
Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски учествуваше на 11 Меѓународна научна видео конференција на тема „Евроатланските вредности во балканските земји“.
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска се сретна со Амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз каде беше реафирмирана потребата за натамошна блиска соработка во развојот и унапредувањетона македонското општество, особено во делот на инклузивноста и еднаквоста.
Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, денеска оствари средба со новиот амбасадор и шеф на делегацијата на Европската Унија (ЕУ) во земјава, Дејвид Гир.
Вицепремеирот за економски прашања Фатмир Битиќи истакна дека веројатно викендов ќе можеме да одговориме дали е потребно ново задолжување или не. Во државата не е проблем нивото на задолжување, туку проблемот од минатото беше дали и каде ќе одат тие средства.
Студентските и средношколските домови ќе се отворат, но ќе работат по посебни протоколи и ќе има редуциран број станари во собите.
За сторен сообраќаен прекршок, неносење заштитна кацига, МВР ги казни премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Љупчо Николовски и министерот Венко Филипче.
СЛОБОДНА ЗОНА
Колумна „Audiatur et altera pars“ на Мирјана Најчевска: „Лекарите не смеат да се чувствуваат загрозено на работните места, и, не смеат да бидат изложени на постојана можност од насилство (физичко или вербално) од некој незадоволен пациент. Нема оправдување за насилството, ниту пак насилството смее да биде препознаено како легитимен начин на разрешување на било кој конфликт. Меѓутоа, за да се реши еден проблем не е доволно да се утврди еден или неколку симптоми и да се третираат симптомите. Треба да се погледне од сите страни, да се дијагностицира извориштето, и да се употреби соодветна терапија“.
А. Петровска