• Latest

Правдата не е политички прогон

October 3, 2020

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

October 8, 2025

Ѓорѓиевски ветува нов стадион и културен дом за Шуто Оризари; Митески носи соларна револуција во Аеродром; Касами вели дека по 20 години, Тетово конечно добива ново училиште; Меџити стартува кампус од 40 милиони евра во Чаир

October 8, 2025

Најстрога казна од три години затвор добија тројца обвинети за создавање диви депонии во Вардариште

October 8, 2025

Отворена онлајн база за евиденција на случаи на насилство во Србија

October 8, 2025

Уапсена жената на Зекирија Шахини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Од цврсто НЕ за предвремени, до можност за избори по локалните – најави Мицкоски

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
TODAY

Зетот на Трамп и специјалниот пратеник Виткоф се приклучија на мировните преговори за Газа во Египет

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ТЕЖИШТЕ

Правдата не е политички прогон

Криминалците, насилниците и злосторниците го наоѓаат своето безбедно прибежиште во политиката. Никогаш не одговорија на ниту едно прашање, не признаа ниту едно свое злосторство и криминално дело. Кога сосема ќе ги соголи судската истрага или новинарските истражувања, тоа бесрамно го нарекуваат политички прогон. Пари, корумпирани новинари и невладини организации за да ја соопштат својата „вистина“ имаат на располагање, речиси толку колку што им е потребно.

October 3, 2020 14:18
in ПРАВДА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Точните дијагнози за менталната, психолошката и морално-политичката состојба на одредени, добро познати ликови, секогаш, без ниеден исклучок, предизвикуваат нервоза, агресија и страв. Кај некои се забележува и срам, но многу ретко. Најретки се оние што на дијагнозите реагираат со решеност да направат нешто добро за себе и за другите, да ги отстранат слабостите кај себе и да ги санираат штетите што им ги предизвикале на другите. Но, да ги видиме денеска првите, оние што реагираат со нервоза, агресија и страв. Оние без срам.

Сатисфакцијата од правдата не е исто што и одмаздата. Правдата претпоставува казна и можност за рехабилитација, ресоцијализација и реинтеграција во нормалните текови на животот. Па нека е тоа и воен злосторник. Колку и да не ни се допаѓа тоа, злосторникот има и го користи правото да биде и политичар и да се кандидира на избори. Откако ќе ја одлежи казната.

Одмаздата бара на престапникот да му се нанесе болка, најмалку толкава колкава што била болката што ја предизвикал. Одмаздата бара страдањето на казнетиот да биде видливо, јавно, на плоштад. Правдата е студена и бара пропорции на казна која не уништува, туку компензира и коригира. И никогаш не е идеална, посебно во период по владеење на криминална режимска клика каква што беше онаа на Груевски и неговата мафијашка Фамилија.

Режимот на Груевски ја злоупотребуваше правдата, ја претвори во значаен дел од неговиот криминален апаратус. Го претвори судството во недостоинствен „сваровски“ систем на хајка и сурова одмазда против неистомислениците, а полицијата ја претвори во гангстерска бејзбол палка за принуда, страв и логистика за неговите изборни кражби.

Медиумите се претворија во огласни табли во кои уредниците и новинарите како муви летаа околу ова гомно од режим. И тие се хранеа од трошките кои, сепак, се мерат во милиони евра, а ги украде режимот од граѓаните. Тие послушно ги искривуваа фактите и водеа пропагандна војна во служба на „малото диктаторче“ како што го нарече светскиот печат. Тоа го прават и сега, кога во земјата се врати демократијата и слободата на говорот. Сѐ уште се во негова слепа и послушна служба.

Никој не може да каже колку време е потребно да заздрави едно општество, една осиромашена и изолирана земја поради 11-годишната страховлада на Груевски. Важна е решеноста, да нема одмазда, бидејќи само заробена држава се одмаздува, демократската санкционира и ги поправа состојбите, па и самите престапници. Правдата не смее да зависи од судот на јавноста, особено кога таа јавност е контаминирана со смртоносни дози „алуминиум“, со лаги, клевети и говор на омраза што го произведуваат сѐ уште богатите и добро разработени кујни на криминалците.

Ако опозицијата е криминализирана до срж и не покажува знаци на демократски живот, таа може и да исчезне. Македонското општество има доволно интелектуални капацитети да создаде нова политичка опозиција, демократска и конструктивна, таква што заедно со сите граѓанки и граѓани ќе чекорат кон демократска Европа. И самата Европска Унија е длабоко ранета од внатре. Неофашистите, автократите, ултранационалистите и криминалците се добро организирани и ги затресоа демократските темели на неколку држави. Една од нив е и земјата домаќин на бегалецот од правдата, македонското „диктаторче“.

Дома, неговите кумови и кумашини, послушници и извршители, со години ја блокираат европската иднина на земјата. Само кога студениот прст на правдата ќе ги допре, почнуваат да се откажуваат од својата религија – груевизмот, па и тогаш тоа го прават на пола уста, со завиени изјави, невешто и набрзина составени правни флоскули…

Криминалците, насилниците и злосторниците го наоѓаат своето безбедно прибежиште во политиката. Никогаш не одговорија на ниту едно прашање, не признаа ниту едно свое злосторство и криминално дело. Кога сосема ќе ги соголи судската истрага или новинарските истражувања, тоа бесрамно го нарекуваат политички прогон. Пари, корумпирани новинари и невладини организации за да ја соопштат својата „вистина“ имаат на располагање, речиси толку колку што им е потребно.

Но правдата не е политички прогон. А и за политичкиот прогон што го спроведуваа порано и за црната пропаганда сега, треба да одговараат еден ден. Ако не ги стаса судската правда, сигурно ќе ги стаса судот на јавноста и на историјата, за кои мислат дека можат да ги манипулираат и искриват.

Околу себе кренаа густа завеса од чад, а дрската лага се прикраде во свеста на луѓето. Долго време ги делеа луѓето, долго време ги држеа во страв и неизвесност. Лесно е сега да се внесе сомнеж и да се извртат фактите за тоа што се случувало и што се случува кога има толку многу клиенти, познати и непознати, кои цицале од монструозниот систем што го создадоа криминалците.

Ако човек сака да живее пристојно и достоинствено, во нормална земја, добар начин да се спротивстави овие ликови е: постојано да преиспитува! На црната пропаганда да одговори со прашања за нејзините креатори и нивните мотиви. За почеток, доволно е да се одговори на лесното прашање: Зошто на секоја кривична пријава криминалците одговараат со прес конференции и бескрајни тиради, лаги и потпалувачки говор во медиумите што и порано и сега ги контролираат со парите што ги украдоа од нас?

Потоа ќе се наредат сите останати прашања. И одговори.

 

илустрација: Day Williams – “Lady Justice Under Fire”

Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ