• Latest

Преглед на настани: Носење маска на отворено, Закон за спречување и заштита од дискриминација, ЦИВИЛ со иницијатива „Обединети во различноста”…

October 28, 2020

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Носење маска на отворено, Закон за спречување и заштита од дискриминација, ЦИВИЛ со иницијатива „Обединети во различноста”…

October 28, 2020 17:24
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Носењето маска на отворено ќе стане задолжително и со закон, а групирањата се ограничуваат

Повеќе од два и пол часа пратениците – членови на собраниската Комисија за здравство расправаа за само еден амандман поднесен на измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести. За овој Закон, што се носи по скратена постапка и чии измени се поврзани со мерките за справување со коронавирусот, пратениците од владејачкото мнозинство поднесоа пет амандмани, а амандмани имаат и Алијанса на Албанците и Алтернатива.

Расправата на Комисијата, во која власта и опозицијата влегоа во дебата за справувањето со коронавирусот и причините за зголемување на бројот на починати и болни, се очекува да продолжи по получасовната пауза поради почитување на протоколите за превенција од Ковид-19.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Точи: Национализмот, за жал, е наше секојдневие

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Димитриевски: Младите ни заминуваат во Европа оти таму има владеење на правото, ред и дисциплина

 

ЦИВИЛ со иницијативата „Обединети во различноста” најавува богатство од медиумски содржини, утре интервју со познатиот уметник и дизајнер Зоран Кардула

ЦИВИЛ со иницијативата „Обединети во различноста” најавува богатство од медиумски содржини. За утре, 29 октомври, ЦИВИЛ најавува интервју со познатиот ликовен уметник и дизајнер, Зоран Кардула. Неговиот специфичен ликовен израз претставува вистинско богатство кое овој уметник, интелектуалец и активист ѝ го подарува на јавноста преку своите визуелни пораки. За неговите мисли и ставови говорат неговите зборови, а уште повеќе неговите уметнички и дизајнерски дела што ги креира како драгоцен придонес кон оваа Иницијатива.

Кржаловски: Национализмот се актуелизира особено во изборните циклуси

Шиковска: Не смееме да дозволиме национализмот да не врати назад во процесот на интеграција

Во рамки на Деновите на медиумска писменост, преку проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – Критинк“, спроведуван од „Метаморфозис“ и „Евротинк“ со поддршка на Европската Унија, се организираше јавна панел дискусија, на која се анализираа резултатите од истражувања за медиумска писменост и критичко мислење спроведени во претходната година, како и искуствата од терен за едукација во оваа област.

Панелисти на настанот беа Петрит Сарачини, ЦИВИЛ – Центар за слобода,  Иван Стефановски, Центар за европски стратегии – Евротинк, Весна Никодиноска, Македонски институт за медиуми – МИМ и Ѓорѓи Митревски, Институт за истражување на општествениот развој РЕСИС. Модератор на панелот ќе Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис

https://www.facebook.com/watch/live/?v=790244498438875&ref=watch_permalink

ФЛЕШ ВЕСТИ 

Собранието вчера во рамки на 19. седница со 70 гласа „за“ го донесе Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска на денешната прес конференција истакна дека досега извршени се вкупно 3.959 контроли, од кои 1.436 се инспекциски надзори.

МОН повлече учебник за петто одделение по македонски јазик, поради стереотипни и дискриминаторски содржини.

Министерството за образование и наука посветено работи во наставните содржини да воведе медиумска писменост. Бирото за развој на образование во изминатиот период работеше на воведување или изработка на курикулуми кои понатаму би се вклучиле во постојните предмети.

„Договорот за добрососедство со Бугарија е рамката за решавање на сите недоразбирања меѓу двете земи, прашањата треба да се отвораат, а не да се стават под тепих, при тоа треба да се има сензитивност за двете страни“, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Со ребаланост на Буџетот, Владата ќе издвои 54 милиони денари за награда на сите здравствени работници кои се вклучени во третманот на пациентите заболени од Ковид 19 вирусот.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, преку видео обраќање, денеска на својот Фејсбук профил истакна дека усвојувањето на овој закон е од исклучително значење пред сè за граѓаните.

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Некако премолчено и без големо внимание во јавната сфера во Македонија – во која, инаку, се „џвакаат“ бескрајни расправии за секакви ежедневни глупости – помина веста за одлуката за промена на партискиот Статут во владејачката СДСМ со којашто, во иднина, изборот на тамошниот претседател ќе се прави со општо гласање на целото партиско членство. Медиумите информираа за тоа како да се работи за пуштање на уште една селска чешма“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Политички земјотрес: Сите да го бираат лидерот!“.

А. Петровска 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ