ВЕСТ НА ДЕНОТ: Носењето маска на отворено ќе стане задолжително и со закон, а групирањата се ограничуваат
Повеќе од два и пол часа пратениците – членови на собраниската Комисија за здравство расправаа за само еден амандман поднесен на измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести. За овој Закон, што се носи по скратена постапка и чии измени се поврзани со мерките за справување со коронавирусот, пратениците од владејачкото мнозинство поднесоа пет амандмани, а амандмани имаат и Алијанса на Албанците и Алтернатива.
Расправата на Комисијата, во која власта и опозицијата влегоа во дебата за справувањето со коронавирусот и причините за зголемување на бројот на починати и болни, се очекува да продолжи по получасовната пауза поради почитување на протоколите за превенција од Ковид-19.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Точи: Национализмот, за жал, е наше секојдневие
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ
Димитриевски: Младите ни заминуваат во Европа оти таму има владеење на правото, ред и дисциплина
ЦИВИЛ со иницијативата „Обединети во различноста” најавува богатство од медиумски содржини. За утре, 29 октомври, ЦИВИЛ најавува интервју со познатиот ликовен уметник и дизајнер, Зоран Кардула. Неговиот специфичен ликовен израз претставува вистинско богатство кое овој уметник, интелектуалец и активист ѝ го подарува на јавноста преку своите визуелни пораки. За неговите мисли и ставови говорат неговите зборови, а уште повеќе неговите уметнички и дизајнерски дела што ги креира како драгоцен придонес кон оваа Иницијатива.
Кржаловски: Национализмот се актуелизира особено во изборните циклуси
Шиковска: Не смееме да дозволиме национализмот да не врати назад во процесот на интеграција
Во рамки на Деновите на медиумска писменост, преку проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – Критинк“, спроведуван од „Метаморфозис“ и „Евротинк“ со поддршка на Европската Унија, се организираше јавна панел дискусија, на која се анализираа резултатите од истражувања за медиумска писменост и критичко мислење спроведени во претходната година, како и искуствата од терен за едукација во оваа област.
Панелисти на настанот беа Петрит Сарачини, ЦИВИЛ – Центар за слобода, Иван Стефановски, Центар за европски стратегии – Евротинк, Весна Никодиноска, Македонски институт за медиуми – МИМ и Ѓорѓи Митревски, Институт за истражување на општествениот развој РЕСИС. Модератор на панелот ќе Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис
https://www.facebook.com/watch/live/?v=790244498438875&ref=watch_permalink
ФЛЕШ ВЕСТИ
Собранието вчера во рамки на 19. седница со 70 гласа „за“ го донесе Законот за спречување и заштита од дискриминација.
Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска на денешната прес конференција истакна дека досега извршени се вкупно 3.959 контроли, од кои 1.436 се инспекциски надзори.
МОН повлече учебник за петто одделение по македонски јазик, поради стереотипни и дискриминаторски содржини.
Министерството за образование и наука посветено работи во наставните содржини да воведе медиумска писменост. Бирото за развој на образование во изминатиот период работеше на воведување или изработка на курикулуми кои понатаму би се вклучиле во постојните предмети.
„Договорот за добрососедство со Бугарија е рамката за решавање на сите недоразбирања меѓу двете земи, прашањата треба да се отвораат, а не да се стават под тепих, при тоа треба да се има сензитивност за двете страни“, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Со ребаланост на Буџетот, Владата ќе издвои 54 милиони денари за награда на сите здравствени работници кои се вклучени во третманот на пациентите заболени од Ковид 19 вирусот.
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, преку видео обраќање, денеска на својот Фејсбук профил истакна дека усвојувањето на овој закон е од исклучително значење пред сè за граѓаните.
СЛОБОДНА ЗОНА
„Некако премолчено и без големо внимание во јавната сфера во Македонија – во која, инаку, се „џвакаат“ бескрајни расправии за секакви ежедневни глупости – помина веста за одлуката за промена на партискиот Статут во владејачката СДСМ со којашто, во иднина, изборот на тамошниот претседател ќе се прави со општо гласање на целото партиско членство. Медиумите информираа за тоа како да се работи за пуштање на уште една селска чешма“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Политички земјотрес: Сите да го бираат лидерот!“.
А. Петровска