• Latest

Преглед на настани: Продолжува Фестивалот на слободата со панел дискусии за Граѓанскиот објектив и културата во време на корона

December 2, 2020
Фото: Х

Коалицијата на меѓународни организации за слобода на медиумите бара од Фон дер Лајен да ги претстави барањата за слобода на медиумите пред српските власти

October 13, 2025
Фото: zbruc.eu

Револуцијата на гранит: Првиот украински Мајдан и неговите лекции по 35 години

October 13, 2025

Се финализираат подготовките за Локалните избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

Венецијанската комисија го одложи усвојувањето на оценката на предлог- законот за правична застапеност во Северна Македонија

October 13, 2025

Косово, локални избори: Ниска излезност, втор круг во 17 општини – според Курти, во Митровица имало инженеринг и мешање во изборниот процес

October 13, 2025

АВМУ: Ноќеска на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за Локалните избори 2025

October 13, 2025
Војо Маневски

Граѓаните прашуваат ли нешто?

October 13, 2025
Скриншот од видео на Sky News Australia

Сите 20 живи заложници во Газа ослободени и предадени на ИДФ

October 13, 2025
Илустрација ВИ

Последна недела од кампањата за локални избори

October 13, 2025
Скриншот од видео на
The Free Press Journal

Најмалку 27 лица убиени во судирите меѓу Хамас и вооружени членови на клан во градот Газа

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Продолжува Фестивалот на слободата со панел дискусии за Граѓанскиот објектив и културата во време на корона

December 2, 2020 17:18
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Панел дискусија на ЦИВИЛ: Општеството во пандемија, изведувачките уметности на раб на опстанокот

Фестивалот на слободата во организација на ЦИВИЛ, по повод Меѓународниот ден на човековите права, денеска продолжи со панел дискусија на тема „Општеството во пандемија, изведувачките уметности на раб на опстанокот“, која се одржа во хотел Парк Резиденс со почеток во 15 часот.

На панелот како говорници учествуваа Јасмина Никуљска од Министерство за култура, Оливер Белопета, Скопје џез фестивал, Ирена Стеријоска, актерка, Никола Наумоски од Град Скопје и Трајко Симоновски, музичар, Здружение на музичари „Музика сега“.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Точи: Запознај го другиот за да бидеш побогат

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ 

Наумоски: Со „Култура во време на корона“ успеавме да исплатиме 200 луѓе во првите моменти на корона кризата

Симоновски: Музичарите остануваат без мотив за работа, минималната државна помош не е доволна

Стеријовска: Независните групи и организации покажаа повеќе борба и отпорност од аспект на целата криза

Белопета: Културата кај нас во време на пандемија беше максимално жива

Никуљска: Културните дејци се тие кои го одржуваат духот на народот и во време на пандемија

ФЛЕШ ВЕСТИ: 

Здравствениот систем го подготвуваме за вакцинација за Ковид-19. Ова ќе биде една од најголемите логистички операции која ќе треба да ја спроведеме. Вакцинирањето ќе го спроведат лекари и медицински сестри кои во овој момент не работат со ковид пациенти, објави на својот фејсбук – профил министерот за здравство Венко Филипче.

Министерката за образование и наука Мила Царовска учествуваше на министерскиот состанок на Платформата за образование и обука, истражување и иновации на земјите од Западен Балкан, во организација на Европската комисија и германското претседателство со Советот на ЕУ, оваа година во виртуелен формат.

Градоначалникот Петре Шилегов и градоначалниците на 10-те скопски општини Гази Баба, Бутел, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Карпош, Кисела Вода, Аеродром, Ѓорче Петров и Сарај, денеска потпишаа меморандум за соработка за заедничко вршење на надлежностите во делот на инспекцијата.

Очекуваме до наредната владина седница Министерството за труд и социјална политика (МТСП) да го достави предлогот за недела да биде неработен ден и Владата да донесе одлука, најави денеска владиниот портпарол Муамет Хоџа.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески денеска ја обвини опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ дека продолжува со неодговорно и несериозно однесување на штета на граѓаните и институциите, која, како што кажа, поднела бројни несериозни, безобразни и апсурдни амандмани на предлог измените и дополнувањата на Деловникот за работа на Собранието.

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Зошто се протестите што ги организира опозицијата редовно многу слабо посетени, предвидливо здодевни, политички бледи и тотално непродуктивни? Има неколку можни одговори за тоа.

Прво, сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, колективно, е веројатно со најнизок степен на углед и легитимитет меѓу членството, но и во пошироката јавност, во последните 30 години. Дополнително, таа партија секогаш тежнеела кон харизматични лидери, а Мицкоски има врска со харизма колку филе од скуша во конзерва со масло од соја. Треба уште многу лимон, малку нане и бибер, сол по желба и половина литар олив-оил за, откако ќе се изгаси светлото, да почне да глуми порција лосос… Па и со толку дополнителен мастраф, опозициското членство (а и јас!) повеќе милува десетка со кромид и пиво“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Протестните дебакли на ВМРО-ДПМНЕ“.

„Кога ќе се погледнеме во огледало, сфаќаме како времето неизбежно истекува и нашите животи се трошат. Ако го погледнеме нашиот град од висококатна зграда, очигледно луѓето изгледаат како мравки, се движат од едно до друго место, мешајќи и обликувајќи го она што го нарекуваме општество“, пишува Сафет Зеќири во „Светот во кој живееме наспроти светот во кој сакаме да живееме“.

„Една од главните причини зошто прогресивниот дел од граѓанското општество и медиумите се на удар е потребата да се заплашат и дискредитираат оние што можат да обезбедат јасна слика за деструктивните политики и практики на одредени центрите на моќ на кои не им одговара продолжување на демократските процеси. Нападот врз прогресивните сили во општеството не е својствен само за Северна Македонија. Илиберални тенденции и хибридни закани против демократијата се бележат во повеќе земји во светот, па така и овде земаат замав“, пишува Џабир Дерала во колумната „Валканото оружје на криминалните структури во политиката“.

„Драг сограѓанину Димче шовинистче, како она рече:

„Драги сограѓани АЛБАНЦИ.
Замислете ваква ситуација: Република Албанија да има министер за надворешни работи етнички Македонец и тој, во име на сите Албанци, да преговара…“ напиша Димче Апасиев на Фејсбук

Е, замисли ваква ситуација Димче:

Замисли Левица да има нормален претседател и претставник во Парламентот, наместо шовинист како тебе, и тој да се бори за правата на сите без разлика на етничката, или каква и да е друга определба и да не му смета именуван функционер само затоа што е од друга националност и ништо друго“, пишува Јане Ѓорѓиоски во „Драг сограѓанину Димче шовинистче“.

А. П. 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Семејни пат’ридии

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ