• Latest

Преглед на настани: Чешка е разочарана, ДКСК ги отфрла обвинувања од Иванов, нема воведување нови даноци

December 18, 2020

„Политичко насилство“ во Куманово: Кандидат на ЗНАМ нападнал членови на штабот на СДСМ!

October 16, 2025
Професор Александар Љ. Спасов, панел дискусија „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Спасов: Ако сакаме интегритет на изборниот процес, време е да се надминат тесно партиските интереси

October 16, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Клиентелизмот е сржта на уназадувањето на демократијата

October 16, 2025

Рускитe злосторства продолжуваат: Терор со студ и темнина

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025

Хакери ја „срушија“ МРТВ? Наместо вести и политика – кулинарска емисија и филм!

October 16, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ привремено ги прекинуваат блокадите, очекуваат фер, транспарентно и непристрасно судење

October 16, 2025

Орданоски: Либералната демократија се распаѓа под тежината на сопствените митови

October 16, 2025
Ленче Ристоска. Фото: МЕТА.МК

Ленче Ристоска побара јавно извинување од ВМРО-ДПМНЕ за притисокот и заплашувањето бидејќи како обвинителка, постапува по два предмети во кои е инволвирана партијата

October 16, 2025

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани почнува на 19 ноември

October 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Чешка е разочарана, ДКСК ги отфрла обвинувања од Иванов, нема воведување нови даноци

December 18, 2020 17:29
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Чешко МНР за ДВ: Заклучокот е штетен за процесот на проширувањето на ЕУ

Чешка е длабоко разочарана што не беше одобрена Преговарачката рамка за Северна Македонија со која требаше формално да започнат пристапните преговори со ЕУ. Од чешкото МНР за Дојче веле, сепак, објаснуваат дека немаат намера да дозволат да бидат усвоени заклучоците со делот за „погрешното толкување на историјата“ на кој инсистираше Бугарија, а претседавачот Германија ги предложи. Притоа, оттаму велат дека и други држави-членки на ЕУ изразиле загриженост поради заклучоците, пишува Дојче веле.

„Чешката Република отсекогаш била постојан поддржувач на политиката на проширување во последните 16 години. Тоа не се промени со оваа одлука. Сепак, по внимателно разгледување, не можевме да дадеме согласност за нацртот презентиран за одобрување“, велат во Прага.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Алт: По ветото на Бугарија, приговорите на Чешка и Словачка испраќаат поразителен сигнал во правец на Западниот Балкан

„Тоа што Чешка и Словачка уверуваат дека се пријатели на проширувањето, тешко може да се сфати сериозно со оваа позадина. На овој начин процесот на пристапување станува чиста фарса, што исто така ја зголемува и поделбата во ЕУ. По ветото на Бугарија, приговорите на Чешка и Словачка испраќаат поразителен сигнал во правец на Западниот Балкан. Оние земји кои се смеат на сето ова се Кина и Русија, чии шанси да го зголемат влијанието во регионот веројатно никогаш не биле поголеми“, изјави пратеничката на опозициските Либерали (ФДП) и членка на парламентарниот комитет за надворешни работи на германскиот Бундестаг, Рената Алт.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

МОН за ЦИВИЛ Медиа: Со реформите во основното образование секое дете ќе го достигне својот полн потенцијал

Според министерството концепцијата треба да направи трансформација на училиштата, да создаде училиште што ќе ги учи младите да учат, ќе овозможи замена на стариот пристап на фактографско учење и ќе ги поттикне младите да размислуваат критички, да решаваат проблеми со носење на одлуки врз база на анализи и факти.
„Концепцијата ќе значи нов образовен модел преку кој секое дете ќе го достигне својот полн потенцијал. Во тој образовен модел нема да има кратење на научни дисциплини. Напротив, сите предмети кои постоеја досега и натаму ќе се изучуваат, со тоа што идејата е дел од научните дисциплини да се интегрираат и понатаму едни со друго. Новото основно образование на ученикот ќе му даде целосна слика за одреден настан или тема, што се постигнува со интердисциплинарен и интегриран пристап, односно поврзување на информациите од повеќе предмети. Ваквиот пристап им овозможува на учениците полесно да ги поврзан наставните содржини со реалноста и да ја согледаат смислата на она што го учат“, велат од министерството.

Изборни реформи – стари проблеми со нови предизвици

СКЕН – Попис 2021

Анкета: Граѓаните знаат да живеат заедно, политичарите се виновни за етничките поделби

 

ФЛЕШ ВЕСТИ 

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров утрово учествуваше на состанокот со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, на кој со колегите од регионот разменија информации за состојбата и подготвеноста за набавка на вакцините против Ковид-19, како и за плановите за реализација на вакцинација на приоритетните групи.

Нема рокови за тоа до кога граѓаните ќе може да ја потрошат ффнансиската помош обезбедена со четвртиот сет мерки на Владата, која треба да им биде исплатена на сметките, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

Државната комисија за спречување на корупцијата „со иднигнација и во целост“ ги отфрла, како што се наведува, искажаните обвинувања и паушални наводи објавени од страна на поранешниот претседател на Република Северна Македонија Ѓорѓе Иванов кон претседателката на Комисијата, Билјана Ивановска.

Инспекциите во Скопје вчера затвориле четири објекти – три се угостителски кои работеле по 21 часот, а интервенирано е и во јога-студио каде што казната не е за пречекорување на работното време, туку за групирање повеќе луѓе на едно место.

Инспекциските служби кои вршат надзор и контрола на почитувањето на протоколите кои ги носи Владата ќе ги интензивираат контролите на терен за да придонесеме за одговорно прославување на претстојните празници, изјави  претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска. На редовна прес-конференција за работата на инспекторите, таа соопшти дека седумте инспекциски служби од 7 до 16 декември спровеле вкупно 6944 надзори и контроли.

Нови даноци нема да има и стапките кои во моментов се на сила остануваат. Што се однесува до  данокот на имот и промените што се предложени и се влезени во собраниска процедура, се работи за намера, односно цел да биде активиран недвижниот имот во Република Северна Македонија, кој не е активиран во моментот.

СЛОБОНА ЗОНА 

„Нашиот напор да отвориме преговори за зачленување во ЕУ станува драма што не можеше сосема да се предвиди. Бугарската влада, според сите евро-атлантски реакции (речиси без значаен исклучок) толку ја оплеска не само заради ветото кон Македонија (а и Албанија), туку уште повеќе и заради недоделканите „историски“ причини за тоа вето, што во Брисел вчера се случи европски преседан: Чешка и Словачка – во заедничко соопштение на нивните министри за надворешни работи! – го спречија донесувањето на Заклучоците на Советот за проширување, предложени само ден порано“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Искршен порцеланот во кабинетот на г-жа Захариева“.

„Да ви раскажам едно стрипче што го објавија Научниците за ЕУ на својата Фејсбук страница. Првата табла од стрипот носи наслов „Податоци“ и на неа има десетина расфрлени кругчиња. На втората, „Информации“, некои кругчиња се обоени во сива, а некои во зелена боја. На третата, „Знаење“, кругчињата со различни бои (информации) се меѓусебно поврзани во одредена схема. Четвртата е со наслов „Разбирање“, каде што две кругчиња на различни страни светат. На петтата табла, со наслов „Мудрост“, се гледа патека од светлина која ги поврзува двете најсветли точки. Шестата носи наслов „Теорија на заговор“, а кругчињата се поврзани во еднорог“, пишува Џабир Дерала во колумната „Податоци, знаење, мудрост… Еднорог!“.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ