Државната комисија за спречување на корупцијата „со иднигнација и во целост“ ги отфрла, како што се наведува, искажаните обвинувања и паушални наводи објавени од страна на поранешниот претседател на Република Северна Македонија Ѓорѓе Иванов кон претседателката на Комисијата, Билјана Ивановска.
Во соопштението велат дека ДКСК е колективно тело и сите одлуки ги носи на јавна седница со мнозинство гласови, и дека е целосно неосновано искажаното сомневање за злоупотреба на нејзината функција.
„Државната комисија за спречување на корупцијата на доставеното барањето од поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов писмено ќе одговори“, велат од ДКСК.
Поранешниот претседател Ѓорге Иванов денеска упати писмено барање до претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) Биљана Ивановса за доставување на информација за состојбата, статусот на отворените предмети кои ги води ДКСК за него, предмет за потпишување укази за унапредување на генерали за време на изборен процес и предмет за зголемување на имотната состојба.