• Latest

Седумте инспекциски служби спровеле 6944 надзори и контроли од 7 до 16 декември

December 18, 2020
UR-82072, the most likely An-124 involved in the drone target (By André Gerwing, CC BY-SA 4.0)

ИЗВЕШТАЈ ОД СИВИТЕ ЗОНИ: Европа и Балканот, мета на засилените руски операции под прагот на војна

September 25, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026

Граѓански форум: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

September 25, 2026
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Седумте инспекциски служби спровеле 6944 надзори и контроли од 7 до 16 декември

December 18, 2020 14:40
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Инспекциските служби кои вршат надзор и контрола на почитувањето на протоколите кои ги носи Владата ќе ги интензивираат контролите на терен за да придонесеме за одговорно прославување на претстојните празници, изјави  претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска. На редовна прес-конференција за работата на инспекторите, таа соопшти дека седумте инспекциски служби од 7 до 16 декември спровеле вкупно 6944 надзори и контроли.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) во наведениот период извршил 99 надзори и се изречени 18 решенија. Овој Инспекторат издал и 14 951 решение за лица цо изолација.

Државниот пазарен инспекторат извршил 5031 контрола и 510 надзори поврзани со почитувањето на здравствените протоколи за работа на кафетерии и угостителски објекти, но и со останатите закони по коишто постапува овој Инспекторат.

При спроведените надзори, како што соопшти Филиповска-Грашкоска, изречени се 30 прекршочни пријави и 60 решенија за констатирани неправилности, како и 30 прекршочни платни налози. Од вкупниот број решенија, шест се донесени поради непочитување на Законот за заштита на население од заразни болести и протоколот за работа на угостителски објекти, и тоа за два угостителски објекта во Тетово, два во Куманово и по еден угостителски објект во Скопје и Гостивар, во кои не се почитувало работното време или ограничувањето за четири лица на една маса. Во сите случаи изречена е мерка забрана за работа и тие се затворени на самото место, а дополнително се изречени  и соодветни прекршочни платни налози.

Инспекторатот за транспорт, пак, од 7 до 16 декември извршил 82 надзора, при што за непочитување на материјалните закони изрекол 13 прекршочни пријави и осум решенија. Од вкупно спроведените надзори, 29 се извршени по Законот за заштита на население од заразни болести, при што се издадени пет прекршочни пријави поради непочитување на протоколот за превоз на патници за правни лица од Охрид, Штип, Ресен и Скопје.

Државниот инспекторат за труд во изминатите 10 дена извршил вкупно 669 надзори во правни субјекти на територијата на целата држава, со фокус на почитување на здравствениот протокол за превентивни мерки за сите работни места.

Притоа, соопшти Филиповска-Грашкоска, Инспекторатот изрече 26 решенија кои се однесуваат на утврдени неправилности од областа на работните односи, а во однос на Законот за заштита на население од заразни болести трудовите инспектори во 10 случаи констатирале прекршување на протоколот за превентивни мерки за сите работни места за што изрекле и соодветна мерка. Дополнително, од трудовите инспектори изречени се и пет прекршочни платни налози, од кои еден е поради неносење заштитна маска на работно место.

Агенцијата за лекови и медицински помагала, пак, во овој период спровела 46 надзори во аптеки по основ почитување на мерките на Владата, односно за формирани цени на заштитни средства од коронавирус. Притоа се изречени три решенија согласно Законот за лекови и медицински помагала.

Агенцијата за храна и ветеринарство извршила 445 надзори, при што изречени се 13 решенија, 19 едукации и четири прекршочни платни налози по основ на нерегистриран оператор, непостапување по наредени мерки, неизвршени здравствени прегледи или неправилно складирање, чување или означување производи.

Државниот инспекторат за животна средина во изминатите десетина дена извршил 62 надзора и за констатираните неправилности се издадени 28 решенија со кои правните лица се задолжени да извршат мерења на емисии, да склучат договори за преземање опасен отпад, да изработат елаборат за заштита на животната средина или да преземат мерки за соодветно постапување со отпадот во кругот на погонот.

Дополнително, од овој Инспекторат поднесени се и две прекршочни пријави и поведена е една постапка за порамнувања во која е предложено изрекување глоба согласно Законот за квалитет на амбиенталниот воздух во износ од 20 илјади евра во денарска противвредност.

Претседателката на Инспекцискиот совет Филиповска-Грашкоска потсети на новите рестриктивни мерки кои стапија во сила денеска и ќе траат до 20 јануари, со кои работното време на угостителските објекти се ограничува до 18 часот и се забранува организирање прослави за новогодишни празници од работните организации, а во сила остануваат и сите останати мерки утврдени со КОВИД-протоколите.

Повика да празнуваме одговорно и покрај тоа што пред нас, рече, е најубавиот период од годината кога се прават големи семејни слави и новогодишни прославувања.

– Но годинава е обележана од светска пандемија и токму затоа најважно од се е да бидеме совесни и одговорно да прославуваме. Апелирам до сите граѓани и стопанственици да ги почитуваат мерките и протоколите, а инспекциските служби ќе продолжат да работат со полн капацитет и во следниот период и неселективно и навремено ќе ги санкционираат сите оние кои преку непочитување на протоколите и мерките го загрозуваат јавното здравје и здравјето на граѓаните, рече претседателката на Инспекцискиот совет./МИА

Tags: владаДржавниот санитарен и здравствен инспекторатинспекцииКОВИД-19протоколи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ