• Latest

Заев: Остануваме посветени на европските реформи, со уште посилен интензитет

December 21, 2020

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
ФОТО/Израелски одбранбени сили (ИДФ) - Wikimedia commons

Израелската Влада ѝ нареди на војската да ги ограничи офанзивните операции во Појасот Газа

October 4, 2025

„Марш за ангелите“ денеска во Кочани во 16:05 часот

October 4, 2025

За 24 часа Русија изврши речиси 600 напади врз Запорижја

October 4, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Трамп му нареди на Израел „веднаш“ да престане со бомбардирањето на Газа, откако Хамас се согласи да ги ослободи заложниците

October 4, 2025

Шести ден изборна кампања: ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, Теарце Брвеница и Ѓорче Петров, СДСМ во Велес, Свети Николе и Чашка, „Независни заедно“ прес конференција во Скопје

October 4, 2025

Европа треба „сериозно да се справи“ со заканата што ја претставува Русија, порача украинскиот министер

October 4, 2025
Фото илустрација, генерирано со Ви

Аеродромот во Минхен е принуден да ги прекине летовите втор ден по ред поради забележани дронови

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Остануваме посветени на европските реформи, со уште посилен интензитет

December 21, 2020 11:20
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Без разлика што Европската унија испрати лош сигнал за проширувањето сите ние и како држава, Влада и народ остануваме посветени на истиот стратешки колосек. Нема отстапување од стремежите за остварување на стратешките цели кои се поставени едногласно и кои секогаш уживале широка поддршка. Постигнување и одржување на добрососедските односи, активно учество во Алијансата како членка во НАТО, и непоколеблива посветеност на членството во ЕУ“, изјави премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција.

Заев додаде дека нема да дозволат неуспехот на ЕУ со неодобрувањето на преговарачката рамка да предизвика застој во внатрешните реформи, напротив со уште повеќе верба, посветеност и единство ќе се посветат на градењето европски стандарди дома.

„Испорачување полноправно членство во НАТО, ќе ја придвижиме земјата кон ЕУ, со заштитен македонски идентитет и македонски јазик. Ќе продолжиме со реформите со уште посилен интензитет“, истакна Заев.

Премиерот претстави неколку клучни програми на кои Владата треба да се посвети во текот на следната година, а се дел од владината Акција 21 за европски стандарди дома.

„Во Акција 21 вклучуваме десет приоритети, а број 1 на листата е прочистување на правосудството. Во финалето сме на длабоките и суштински реформи во правосудството, преку ефикасно и објективно прочистување на судството  и обвинителството. Стигнавме до тука по тешка битка со противниците на правдата. Моделот за прочистување е во завршна фаза, на него работеа претставници на Судскиот совет, Советот на јавни обвинители, со поддршка на академската јавност и тие ќе бидат тие кои ќе го усвојат моделот што сами го креираат и ќе го спроведуваат. Секој судија ќе биде оценуван, ќе има листа на критериуми кои ќе се прегледуваат за сите судии, како воделе постапка, како изведувале докази кои се сослушани сведоци. Сите тие работи ќе ги поминува судскиот совет или советот на јавни обвинители и сето тоа во утврдена временска рамка и транспарентност“, истакна Заев.

Заев истакна дека ќе иницираат носење законски измени врз основа на кои Јавното обвинителство ќе мора редовно и постојано да ја информира јавноста за својата работа и за напредокот во предметите, кои ги следат граѓаните и за кои постои посебен јавен интерес.

„Тука пред се мислам на предметите од организиран криминал и корупција, но и другите предмети кои се од значење за јавниот интерес. Во оваа активност е вклучена и проверката на имотната состојба на судиите и обвинителите и очекувам од Државната комисија за спречување на корупција преку другите институции тоа да се направи. Паралелно на овој процес, на почетокот на наредната година најдоцна на пролет се очекува да започне и ЕУ мониторингот на судските случаи од висок профил. Околу 50 предмети годишно во кои ќе учествуваат стручни лица од странство и домашни експерти ангажирани од ЕУ и ОБСЕ. Ние сме прва држава во регионот која од ЕУ побара веднаш да ја стартува иницијативата за мониторинг на судски предмети, врзани за високата корупција и тоа никако нема да зависи од стартот на преговорите со ЕУ“, вели Заев.

Вториот приоритет е борбата против корупцијата, вели Заев, преку воспоставување јасни механизми за интезивна соработка меѓу сите надлежни чинители.

„Преку силна политичка волја и преку мотивација на сите граѓани да се ангажираме во искоренувањето на оваа појава која го враќа општеството назад. Го намаливме бројот на министри и формиравме ефикасна, отворена и одговорна Влада“, додаде Заев.

Премиерот додаде дека се обврзани на силна борба за заштита на животната средина и најавизасилен ангажман во акцијата за чиста и здрава животна средина.

„За 2021 година во програмата за намалување на аерозагаденоста се предвидени дополнително 100 милиони денари за објекти за општините за замена на нееколошки системи за греење, зголемување на енергетската ефикасност, обновување на урбаното зеленило. До 20 пати ги зголемивме казните за прекршоци за животната средина и воведовме 24/7 контрола. До 2024 година ниту една државна институција нема да користи загадувачки енергенси“, истакна Заев.

Во однос на пандемијата со КОВИД-19, Заев истакна дека сега се одвиваат активности за конечно запирање на ширењето на пандемијата и за санирање на штетите од оваа глобална криза.

„Имаме уплата за 833 илјади вакцини, за околу 400 илјади граѓани за вакцина и ревакцинација во рамките на ковакс маханизмот. Согласно планот за дистрибуција и вакцините се очекуваат во првите месеци од 2021 година. Покрај овој механизам започнуваме преговори и за директна набавка од компаниите кои ги произведуваат вакцините, предвиден е и трет механизам, преку ЕУ која е во постапка за набавка на 200 милиони вакцини за земјите членки и за уште дополнителни 100 милиони дози за земјите од Европа, надвор од Унијата, ние аплициравме за дополнителни 800 илјади дози од овие 100 милиони“, истакна Заев.

Европските стандарди ги носиме дома, додава Заев, и преку индустријата за одгледување канабис за медицински цели и за производство на продукти од оваа билка.

„Канабисот е една од најдинамичните индустрии во светот и политиката на Владата е не само да ги препорачуваа овие искуства, туку и понатаму да ги поддржува компаниите кои влегуваат во овој бизнис, кој во нашата земја отвора илјадници добро платени работни места. Во Северна Македонија досега се одобрени 59 лиценци за оваа дејност и сакам да истакнам дека Владата е во комуникација со претставниците на компанииицте, со цел оваа гранка да се развива согласно светските текови и европските регулативи“, истакна Заев.

А. П. 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЕУЗоран ЗаевНАТОреформиСобрание
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ