Претседателот Трамп се обрати до демонстрантите со видео порака во која им вели „да си одат дома“ додека истовремено лажно изјави дека изборите биле „украдени“.
„Претседателот Трамп во видеото им вели на своите поддржувачи, кои моментално спроведуваат вооружена побуна на Капитол во САД, да си одат дома, но исто така сакам да забележам дека во тоа видео тој лаже за тоа дека изборите се украдени и додава масло на огнот. Тој продолжува со неговото срамно однесување, со лажење на неговите поддржувачи за тоа што стварно се случило. Апсолутно е срамно. Се надевам дека ќе го слушнаат делот во кој им вели „да си одат дома“ , но да бидам потполно искрен, постојат „мешани“ пораки во тоа видео“, истакна Џејк Тапер од Си-ен-ен.
„Сакам луѓето да запомнат како се чувствувале додека ги гледаат овие снимки од тоа како се презема американскиот Капитол и овие јасни дела на бунт, насилство и тероризам од страна на поддржувачите на Трамп, бидејќи ќе постои обид истото да се обелее и да се преправаат како да не се случило“ додаде Тапер.