• Latest
Војо Маневски

Попишување, упишување, отпишување

January 22, 2021
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
Фото: ФБ Мицкоски

Полицијата повика неколку лица на информативен разговор за националистичките скандирања на кошаркарскиот натпревар во Куманово

August 4, 2025
Фото: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Мицкоски: Ќе има мерки за училишната кошничка, се анализираат модели за цените во маркетите

August 4, 2025

Десет дена и илјада потписи за Зелен Хуман Град да стане политичка партија

August 4, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Главната порака ќе им ја испратиме во октомври – им порачаа граѓаните на властите

August 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Попишување, упишување, отпишување

January 22, 2021 08:00
in ПОПИС, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ВОЈО МАНЕВСКИ

Собранието го донесе законот за одржување на пописот. Сега ќе следат тиради за неговата пропусност за лажни податоци. Како ќе се одвива според методологијата на заводот за статистика допрва во следните денови ќе видиме, важно е дека опозицијата веќе го оквалификува како основа за невистинити податоци и таквите нема да ги признае. Кој член и од кој закон го овозможува тоа не добивме стручна експликација. Она што јавноста повторно го осозна, по којзнае кој пат, е дека законот дозволува политичка трговија меѓу партиите на власт. Штом нема партиски консензус, законот не е добар. Се навикнавме дека за секоја одлука во државата мора да има партиски консензус. Триесет години Европа нѐ советува дека одлуките треба да ги градиме низ нивно консензуално формирање. Ама дека за сѐ треба партиите да се договараат, таков совет не се сеќавам дека сме добиле. А и недостатокот на консензуално градење на став не значи дека, кога законот се донесе по процедура пропишана со Устав и Закон, истиот не треба да се почитува.

Дека законот важи за сите граѓани додека е на сила е еден од основните постулати на законитоста. Како и многу пати досега ги измешавме лончињата. Можеби тоа е лоша новинарска перцепција,  затоа што има примери кога лесно се стигнува до согласност во собранието (закон за финансирање на партиите) или главните одлуки да се донесуваат на познати и непознати средби на партиските функционери. Ако се погледнат резултатите од донесените закони, сомнежот дека има такви неформални форуми е сѐ посилен.

А законите се донесуваат за граѓаните. Со некој од нив граѓаните добиваат, со некој губат. Иако овој закон, со кој треба да бидеме попишани како постоечки единки не е ист како и другите, сепак неговата цел треба да е од корист на државата и на граѓаните. Затоа се осмелив да поставам неколку лаички прашања како еден дел од незнајниот број на мои сограѓани.

Ќе се направел попис на сите стопански субјекти во државата со нивната квадратура и опременост… Па како тогаш досега тие се оданочени кога законот вели дека за секој квадрат треба да се плати данок? Законот вели дека на секои четири години треба да се провери квадратурата и квалитетната состојба на недвижностите и врз основа на тие податоци се одредува висината на данокот што го плаќаме на општините. Ако се покаже дека тие не располагаат со точни податоци тогаш – или ја оштетиле државата или граѓаните. Се разбира плата земале за цело време на вработеност и имале овластување тоа  да го прават.

Со пописот конечно ќе се знаело колку се невработените граѓани и каква е нивната квалификациска структура, што несомнено ќе помогне во планирањето на економските субјекти… Убаво, ама имаме Агенција за вработување која по закон е формирана да прави евиденција на расположивата работна сила, но и да врши истражување на пазарот на трудот. Ако е истражувањето е периодично јавување во компаниите и пополнување на формулари кои се непроверливи, тогаш не само попис туку ќе биде нужно и пребројување на секој што седи во кафулињата и не оди на работа, а треба.

За податокот колку од граѓаните се од која конфесија, нема да коментирам бидејќи имам издвоен став за тоа прашање. Со семоќниот бог немам и не можам да имам проблем, ама со овоземската администрација што дава верски услуги не често се согласувам и не би рекол дека сакам да ме става во списоци па дури и кога државата тоа го прави со сила на законот. Верата е мој однос со системот на вредности што го доживувам како свое поведение и одговорност.

Вакви споредби и спротивставени аргументи може да направи голем дел од граѓаните на непопишаната ни држава, ама сѐ се сведува на едно прашање околу кое се кршат копјата – КОЛКУ НЀ ИМА ВО МАКЕДОНИЈА и тоа во РСМ.

Секако, не можеме да добиеме одговор – какви сме? – зошто за тоа сѐ уште не постои постапка, а се сомневам дека и најпаметните информатичари ќе смислат програма за такви податоци.

Пописот е важен, зошто на крајот, немањето точни податоци го плаќаме ние, граѓаните. Самиот попис треба да е надоградба на сите податоци што секојдневно ни ги бараат од разни институции и влегуваат во разни бази на податоци. Од полиција до банка,  од општина до суд, секаде ни бараат единствен матичен број. Нормално е дека ќе прашуваме каде одат тие податоци? Не може ли да се направи програма што ќе ги вкрсти и ќе ги провери? Легитимно е прашањето како МВР нема такви можности? А, за Фин Фишер за прислушување на граѓаните се собрале 35 милиони евра. За вакви потреби, најчест одговор е дека се нема толкави средства. Централниот регистар е во суштина замислен како место каде ќе се собираат податоци за стопанските субјекти и граѓаните и ќе можат да се користат само на со закон одреден начин што ја штити приватноста. Такви предлози за оваа институција имаше уште во 2008 година, но изгледа некому не му одговараше ваков предлог – и од дома и од истата таа Европа во која се крстиме и кога треба и кога не треба.

И на крајот, се чини, сѐ се сведува на бројот на Македонци и Албанци во државата. Но ни тоа изгледа веќе не е важно, туку колкав е бројот на оние што го почнале процесот на упис во списоци во странски држави, а со тоа и отписот од овде.

Се сеќавам кога евроамбасадорот ни донесе десет милиони евра донација за интегрираниот систем за граничните премини. Моето искуство е дека на секое преминување на границата ми го земаат пасошот и го ставаат на некаква направа. Значи има податок и кога сум излегол и кога сум се вратил. Изгледа е потребна некоја нова математичка операција што ќе пресмета колку граѓани излегле и колку се вратиле. А имаме политичари што сѐ оценуваат со математичка методологија.

За крај, непретенциозно ќе поставам две прашања.

Мои сонародници Македонци  – што ќе се промени ако се покаже дека не сме 60 отсто од граѓаните на државата? Ќе престане ли таа да биде наша татковина и ќе ја загубиме ли? Ќе ја загубиме ако не се грижиме за нејзиниот развој и ако ја крадеме кој како стигне и каде стигне. Ако едвај преживуваме наместо да живееме, а секој од нас што малку скокне со знаење и вредност го влечеме во просек. Ако место демократија и граѓани се претвораме во партиски клиенти и живееме во консензуална партократија. Не ја губиме татковината драги сонародници, туку ја даваме како несакано наследство за чија вредност не сме достојни.

Почитувани сограѓани Албанци , што ќе се случи ако не сте на број што го проектираат популистите. Ќе ви ги земе ли некој јазикот, училиштата, нивите, фабриките? Јазикот го користите рамноправно со македонскиот, училиштата треба да се добри и од нив да излегуваат образовани и воспитани ученици, а не само да се именуваат по некоја митологизирана личност од историјата. Добрите работни места бараат стручност и способност а не национален предзнак на името. Во државниот апарат треба да се вработат оние кои знаат да работат и можат да работат, а не од списоците на партиите.

Оние што ја напуштиле државата нема да ги вратиме со тоа што ќе бидат на списокот за граѓани, а филмот им е некаде далеку. Овде се само за рекламниот спот и не се разликуваат според нацијата на родителите. Стануваат граѓани на други држави, живеат во други култури. Стануваат граѓани на светот.

Знам дека и едните и другите сето ова го знаат подобро од мене ама мене ми тежи товарот на балканската клетва поради која – На Балканот никој не сака да е малцинство! Додека се сложиме колку сме и се попишеме, па упишеме, другите ќе нè отпишат.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: малцинствомнозинствопописразвојстатистика
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Збрка и будалаштина

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ