• Latest
Протести во Варшава, 27 јануари 2021, по објавата на полската влада за речиси тотална забрана на абортусот.

Полска на нозе по објавата на конзервативната влада за речиси тотална забрана на абортусот

January 28, 2021
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026

Случајот „Државна лотарија“ влезе во судница: Груби и седуммина пред обвинителна клупа

August 24, 2026
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Полска на нозе по објавата на конзервативната влада за речиси тотална забрана на абортусот

January 28, 2021 13:08
in ВЕСТИ, СВЕТ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Протести во Варшава, 27 јануари 2021, по објавата на полската влада за речиси тотална забрана на абортусот.

Протести во Варшава, 27 јануари 2021, по објавата на полската влада за речиси тотална забрана на абортусот.

Share on FacebookShare on Twitter

Илјадници револтирани жени, тинејџерки и нивни поддржувачи се вратија на улиците во Полска синоќа, по веста дека ќе стапи на сила пресудата со која се запира прекинувањето на бременоста исклучиво за фетални аномалии – буквално единствениот вид на абортус кој се дозволува во земјата, објави Њујорк Тајмс денеска.

Тоа практично значи тотална забрана на абортусот во земјата. Според лондонски Гардијан, околу 400.000 луѓе протестираа против политиките на полската конзервативна влада по прашањето за абортусот.

Иако одлуката беше донесена во октомври од страна на Уставниот трибунал, нејзината имплементација беше одложена откако покрена протести кои траеја цел месец. Вчера, владата објави дека конечно пресудата се објавува во владиниот журнал, што значи дека стапува на сила.

Полска веќе имаше еден од најограничувачките закони за абортус во Европа, со процедура легална само во три случаи: фетални аномалии, бремености кои произлегуваат од силување или инцест и закани по животот на жената.

Демонстрантите во Варшава маршираа кон седиштето на владејачката Партија на законот и правдата и скандираа „Мислам, чувствувам, одлучувам!“ и „Слобода на избор наместо терор!“. Можеше да се слушне и песната „Ќе преживеам“ (I will survive).

подготви: Дескот на ЦИВИЛ МЕДИА
Tags: абортусПолскаПротестиродови правачовекови права
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ