• Latest

Од музичката сцена до масовните гробници

February 21, 2021

До пазарот и назад

April 25, 2026

Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

April 25, 2026
Чорнобил, 1986

За Чорнобилската катастрофа и заканите на РФ за нуклеарната безбедност

April 24, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Контрола врз изборите или крај за надминат модел – граѓаните со сомнеж за мотивите зад укинувањето на Пржинската влада

April 24, 2026
фото: СДСМ

Филипче: СДСМ се повлекува од изборните реформи ако се укине Пржинската влада

April 24, 2026

Геополитика без илузии: Проф. д-р Александар Иванов за мултиполарноста и македонските капацитети за справување со кризи | КОНТЕКСТ

April 24, 2026
Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

Фашизмот и ние

April 24, 2026

Трагедијата на балканските народи – од национална гордост до синдромот на Касандра

April 23, 2026
Фото: МИА Архива

Собранието тргна по кратка постапка: Укинување на техничката влада или слабеење на изборната контрола?

April 23, 2026
Висока претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, 21 април 2026 (фото: Европска Унија, 2026)

ЕУ подготвува забрана за влез за припадниците на рускиот агресор – силни пораки од Брисел и Кијив

April 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Илустрација ВИ

    РЕАКЦИИ: Контрола врз изборите или крај за надминат модел – граѓаните со сомнеж за мотивите зад укинувањето на Пржинската влада

    фото: СДСМ

    Филипче: СДСМ се повлекува од изборните реформи ако се укине Пржинската влада

    Фото: МИА Архива

    Собранието тргна по кратка постапка: Укинување на техничката влада или слабеење на изборната контрола?

    Висока претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, 21 април 2026 (фото: Европска Унија, 2026)

    ЕУ подготвува забрана за влез за припадниците на рускиот агресор – силни пораки од Брисел и Кијив

    Анализа на CIVIL Today: НАТО референдумот во Словенија отвора нова фаза на хибридна војна во Европа

    Мицкоски од Виена упати апел за враќање на дијаспората

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Избори во Бугарија: Румен Радев со апсолутно мнозинство

    (Инфографик) Избори во Бугарија: Осмата попитка

    Парламентарни избори во Бугарија: Клучни статистички податоци за денешното гласање

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Илустрација ВИ

    РЕАКЦИИ: Контрола врз изборите или крај за надминат модел – граѓаните со сомнеж за мотивите зад укинувањето на Пржинската влада

    фото: СДСМ

    Филипче: СДСМ се повлекува од изборните реформи ако се укине Пржинската влада

    Геополитика без илузии: Проф. д-р Александар Иванов за мултиполарноста и македонските капацитети за справување со кризи | КОНТЕКСТ

    Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

    Фашизмот и ние

    Фото: МИА Архива

    Собранието тргна по кратка постапка: Укинување на техничката влада или слабеење на изборната контрола?

    Војо Маневски

    Лошо скроената облека сами си ја сошивме

    Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

    Мицкоски од Виена упати апел за враќање на дијаспората

    Манасиевски, прес конференција, ВМРО-ДПМНЕ, 21 април 2026 (фото извор: веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

    Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

    Петар Колев

    Радев ќе владее – што значи тоа за Северна Македонија

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА
    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    До пазарот и назад

    Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

    Чорнобил, 1986

    За Чорнобилската катастрофа и заканите на РФ за нуклеарната безбедност

    Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

    Фашизмот и ние

    Трагедијата на балканските народи – од национална гордост до синдромот на Касандра

    Војо Маневски

    Лошо скроената облека сами си ја сошивме

    Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

    Ќе го избегне ли Словенија референдумот за излез од НАТО?

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home СЛОБОДНА ЗОНА ТЕЖИШТЕ

Од музичката сцена до масовните гробници

February 21, 2021 13:43
in КУЛТУРА, МУЛТИКУЛТУРА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Музиката на Балашевиќ не ја сакам, бидејќи никогаш не сум слушал таква музика, а ни неговата поезија не ми е блиска.

Во младоста, ги читав филозофите на левохегелијанската школа, но најсилно влијание врз мојот начин на мислење, во тоа време, изврши Фридрих Ниче; подоцна и француските егзистенцијалисти и руските нихилисти. Сите заедно, ни оддалеку не оставаат простор за креирање и следење идоли во мојот „систем“, па така и не се одушевувам многу ниту од живите, ниту од починатите „величини“ кон кои се негуваат култови. Особено ми е туѓа возбудата од тукушто починати познати личности, па нека е тоа Мајкл Џексон или Ѓорѓе Балашевиќ, кој овде ми е повод, но не и тема.

Се разбира, го познавам (не во детали) творечкиот опус на „балканскиот славеј“, од општа култура, но и затоа што во 70-те години беше неофицијална југословенска музичка лектира „Рачунајте на нас“. Но, подеднакво, ако не и подобро, го познавам опусот и на шансониерите како Оливер Драгојевиќ, Ѓорѓе Марјановиќ, Драган Стојниќ, Јадранка Стојаковиќ, Тереза Кесовија, Арсен Дедиќ… И не сум им фан. ОК, можеби малку на Арсен Дедиќ, особено во настапот заедно со Раде Шербеџија и Дарко Рундек во песната Na nešto me sjeća taj grad.

***

Но толку за музичките вкусови. Оваа утринска прошетка низ мислите и спомените сакам да ја продолжам со општествената одговорност на музичарите и нивното влијание во политичкиот живот. Се разбира, само накратко и без посебни амбиции, особено затоа што е лична белешка напишана во едно мрзеливо неделно утро. И ни оддалеку не сакам да биде доведено во некоја длабока врска (само) со Балашевиќ и сите кои го сакаат, секоја почит за тоа.

Едноставно, и луѓето во моето најблиско опкружување, со кои живеам или работам, само ја сакаат музиката и не ги допира политичкиот контекст на нивното творештво. И длабоко го почитувам тоа. Како што и јас го почитувам сликарскиот опус на Салвадор Дали, и го презирам неговото пријателство со шпанскиот фашистички генерал Франко, кој изникна од Шпанската граѓанска војна во која, меѓу другите, се борел и творецот на Југославија, Тито.

***

Уметниците, па така и музичарите, а уште повеќе естрадата, во секое општество и во секое време, имаат длабоки линкови со политиката, колку и да не го сакаат (или негираат) тоа. Воедно, музиката е универзално и моќно возило за идеите. Само еден од безбројните примери: Светските музичари го ослободија Нелсон Мандела од тридеценискиот затвор во Јужноафриканската Република (Free Nelson Mandela – The Specials). Легендарниот Боб Гелдоф со Лајв Еид собра 127 милиони долари за помош на гладните во Африка во 1985 година.

Од југо-патриотски творец, Балашевиќ се трансформира во 80-те, секако, во поблага форма од некои свои колеги. Ѝ кажа, иако срамежливо, не и на војната. Примери за извонредни музички имиња кои се трансформираа многу пожестоко, среде погромот врз Југославија, има многу. Овде е кратка селекција од тие имиња. Бора Чорба го поддржа Милошевиќ и сите останати српски националисти, меѓу другото, ја испеа и „Баба Јула“. Тука е и Оливер Мандиќ кој беше дел и од паравојската на Аркан, а неодамна му бакна рака и на Александар Вучиќ. Од другата страна на фронтот, Марко Петровиќ – Томпсон учествуваше во војната на хрватска страна и со својата музика со децении ги подгрева националистичките чувства на радикалните Хрвати. Јура Стублиќ ја напиша и испеа „Е мој друже београдски“ која стана омилена за милиони фанови низ цела екс-Југославија, но истовремено се најде на плеј листите на хрватските домољуби.

Секогаш и секаде каде што има влијание, има и одговорност.

Беа тоа времиња на изострени контрасти, кога оние што не размислуваа како балканските касапи, беа прогонувани, па и ликвидирани (како познатиот новинар Славко Ќурувија). Тогаш, многу уметници и естрадни ѕвезди ја видоа својата шанса да наполнат сали со помош на режимите. Со своето влијание, тие му даваа сила и оправдување на воениот ураган кој ја збриша Југославија во крвавите војни, кога загинаа стотици илјади мажи, жени и деца, а милиони луѓе беа раселени низ Балканот и светот. Само во БиХ, од 4,5 милиони луѓе пред војната, само 1,5 милиони луѓе беа затекнати во своите оригинални живеалишта.

Таа трансформација на дел од југословенските уметници беше во остар контраст со легендарните Екатерина Велика, Електрични оргазам и Партибрејкерс кои своевремено го формираа супер бендот Римтутитуки (Турим ти киту) и ја создадоа песната „Мир брате мир“ која потоа често ја пееја мировните активисти ширум ранетата Југославија во 90-те.

Ова размислување ме враќа уште порано, на самиот почеток на распадот…

Мега концертот „Јутел за мир“ се одржа во големата спортска сала Зетра во Сараево, 28 јули 1991 година, со . Најпознатите југо-бендови свиреа за мир пред 30.000 луѓе на кои им успеа да влезат во салата и уште некои 50.000 луѓе кои од надвор го следеа настапот на своите омилени бендови и протестираа за мир. Многу повеќе од половина од нив не ми се ни оддалеку омилени музички имиња, но сметав дека заслужуваат да бидат споменати. ЕКВ, Бајага и Инструктори, Индекси, Регина, Неле Карајлиќ, Плави Оркестар, Горан Бреговиќ, Црвена Јабука, Раде Шербеџија и други, беа на сцената таа јулска ноќ на прагот на крвавата деценија.

Подоцна, во текот на опсадата на Сараево, Зетра служеше како масовна гробница.

Да. Кратка е, иако не секогаш видлива, патеката од музичката сцена до масовните гробници…

ПС. Еден другар, и самиот извонреден музичар, кантавтор, ме потсети синоќа на Римтутитуки. Тоа, пак, ме потсети на негови настапи низ целата земја во една музичка и активистичка кампања во 2001-та (година на македонскиот етнички конфликт – за помладите читатели). Тој беше на листата на бендови кои настапија на „Рок за мир“ кој го организираше ЦИВИЛ во февруари 2001. Утредента, конфликтот продолжи… Оттогаш, многумина се трансформираа. Среќен сум што другар ми, како и многу мои другарки и другари, остана доследен застапник на мирот и човековите права и слободи. Не сме сами. Борбата продолжува.

***

Еве ви неколку линкови за слушање (кој што милува) и малку читање:

https://youtu.be/z8kZY0wQBUA?list=PL44C2A65FBE91587A Јутел за мир

https://www.zetraproject.com/bhs/ueber-zetra Јутел за мир

https://youtu.be/S-TobTR5NdY Мир брате, мир!

https://youtu.be/unk5VlmTZEU Рачунајте на нас

https://youtu.be/AgcTvoWjZJU Free Nelson Mandela

https://youtu.be/NoweGN8cm5g Bob Geldof – The Great Song Of Indifference

https://youtu.be/88StUIDsvJs Na nešto me sjeća taj grad

https://youtu.be/OBClSknncNg Е мој друже београдски

https://youtu.be/-nb8qciizvA Баба Јула

https://www.history.com/this-day-in-history/live-aid-concert Live Aid concert raises $127 million for famine relief in Africa

https://www.projectpeaceonearth.org/musicial-ambassadors-for-peace/ Musical Ambassadors For Peace

https://archive.nytimes.com/www.nytimes.com/books/first/g/gibson-dali.html The Shameful Life of Salvador Dali

https://europeanmemories.net/wp-content/uploads/2016/10/Vjeran_pavlakovic_spain_.pdf Yugoslav volunteers in the Spanish Civil War

Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Избори во Бугарија: Румен Радев со апсолутно мнозинство

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Од аздисаност до изгубеност

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Ќе го избегне ли Словенија референдумот за излез од НАТО?

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Радев ќе владее – што значи тоа за Северна Македонија

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ