• Latest
Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска / ЦИВИЛ)

Да се качиме на чамецот… Или не?

March 11, 2021

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026

Случајот „Државна лотарија“ влезе во судница: Груби и седуммина пред обвинителна клупа

August 24, 2026
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Да се качиме на чамецот… Или не?

Овој текст не е за утеха, туку само обид за констатирање на дел од фактите за корупцијата во време на пандемија и неколку други тешки состојби што ги придружуваат. Не грижете се, секогаш е отворена можноста да биде и полошо... Но на крајот од овој напис ќе откриете и светлина во тунелот (ве молам, прочитајте до крај).

March 11, 2021 10:53
in АНАЛИЗИ, КОВИД-19, КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска / ЦИВИЛ)

Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Ако пред една година се надевавме дека ќе мине за неколку месеци и дека кон крајот на летото ќе одиме на одмор, сега полека сфаќаме дека светот е променет и дека последиците ќе ги чувствуваме со години. Вирусот е тука за да остане. Човекот е тука за да опстане. Кој ќе биде победник, останува да видиме. Ако сакаме малку и да претераме во мрачните предвидувања, ќе кажеме дека дури и НАСА задоцни со мисијата „Истрајност“ на Марс…

Како и да е, да видиме што се случува со светот во кој, освен пандемијата, подеднакво смртоносни се и корупцијата и хибридните закани против демократијата.

Тајни зделки за набавки на вакцини против Ковид-19, апсурдни скокови на цените за лекови, терапија, медицински апарати и заштитни средства, корупција во трошењето на јавните пари наменети за заштита и борба против ковид-19 и последиците од пандемијата… Информатичката индустрија е во подем, но постојано се чувствува недостиг и од софтвер и од хардвер. Цените скокнаа, квалитетот падна.

Сето тоа придружено со жестока злоупотреба на несреќата на луѓето за стекнување политички профит, преку дезинформации, теории на заговорот и говор на омразата… Здравствените системи се постојано на работ на колапсот. Економијата, снабдувањето, транспортот, комуникациите, како и културата и образованието се трансформираа и функционираат, практично, како во воени услови. Впрочем, се работи за специфичен облик на војна – за здравјето на човечкиот род.

Ова е неволјите со кои се соочуваат и најразвиените демократски држави во светот, а оттаму може да се замисли како изгледаат состојбите во малите и сиромашните земји. Голем број земји се погодени и од криза на демократијата, со авторитарни тенденции и криминални структури на власт. Оние што беа и сè уште се во војна, минуваат низ неискажлива трагедија.

Оваа пандемија покажа дека не е сè во медицината и медицинскиот персонал. Здравствената култура на луѓето, медиумската писменост, политичката култура и отпорноста на хибридните закани против демократијата се подеднакво важни во оваа војна против смртоносниот вирус.

Слабостите што ги покажаа владите и административните системи низ светот во многу нешта беа предизвикани од недоволната транспарентност во планирањето и трошењето на јавните пари. Пакетите за помош во здравството и економијата се злоупотребуваат по целата вертикала, почнувајќи од поединци во структурите за донесување одлуки, завршувајќи со примателите.

Тајните преговори за набавки на вакцини директно од производителите ја исфрлија на површината нетранспарентноста и нефункционалноста на меѓународните системи за набавки и трговија во најделикатен момент во борбата против Ковид-19. Накратко, ја разоткри нечесноста во меѓународните односи.

Нетранспарентноста на Русија околу производството на нивната вакцина, придружена со познатите пропагандни трикови, ја направија победник, во моментов, во уште една битка против западните демократии. Сепак, не е далеку моментот кога ќе излезе на површина проблемот со капацитетите за производство на вакцината на Путин, како што ја нарекуваат неговите пропагандни центри. Кина, пак, е сосема друга приказна.

Во оваа бескрајна низа од политички надмудрувања, уцени и притисоци, најголема корист извлекоа фармацевтската индустрија и авторитарните режими, а најдебелиот крај од стапот го добија малите и сиромашните.

И повторно, целата приказна се врти околу јавните пари. Грешките, а уште повеќе недоволната транспарентност и корупцијата, придружени од црната пропаганда, ја поткопаа довербата во институциите, па дури и во самата вакцина. Така, сега постои реална опасност, еден дел од населението да им се придружи на антиваксерите, а тоа ќе биде силен удар за успехот на колективната имунизација.

Надуените цени на медицинската опрема и лекови ги намалија можностите за успешна борба против вирусот. За цените на витамините, минералите и разните комбинации „за долг и здрав живот“ и да не зборуваме. Се разви цела една старо-нова „култура“ на голтање секакви пилули кои, да ми простите, не се далеку од митовите за лукот, алкохолот и други состојки… Но многумина ги голтаат за „секој случај“, се разбира, ако имаат пари. Сè заедно, една хаотична состојба во која и онака ослабениот систем постојано е соочен со тројна борба:

  • да се грижи за јавното здравје со превенција и лекување колку што е можно побрзо и поквалитетно,
  • да се бори со митовите и дезинформациите кои ја поткопуваат довербата во здравствените институции и
  • да се бори со корупцијата во сопствените редови.

Каде попрво?

Сепак, има начини да се спречи корупцијата, а така и на директен начин да се зачуваат голем број животи и системот да остане цел и здрав.

Користењето на информатичката технологија во набавките и управувањето со јавните пари е основно средство за подобрување на транспарентноста и јавната контрола на властите. Медиумите и граѓанските организации, ако успеат да ја изградат и задржат довербата кај јавноста (друга тревожна приказна), можат да им помогнат и на властите и на јавноста да ги откриваат аномалиите и корупцијата.

Само влади кои вистински доследно ги презентираат јавните набавки онлајн, имаат шанси да ја докажат својата решеност да се справат со корупцијата. Дигитализираните буџети и јавни набавки се силна гаранција за транспарентност и можност за пресметка со корупцијата. Ако тој систем е редовен и зацврстен во една земја, тоа е чекор поблиску до добро владеење и намалена корупција.

Во случајот со нашата земја, институциите за борба против корупцијата, можат да донесат успех во борбата против корупцијата и на тој начин да спасат многу животи. Тоа се Државната комисија за спречување на корупцијата, Државниот завод за ревизија, УЈП и финансиската полиција, Обвинителството за организиран криминал, па и кабинетот на министерот за антикорупција во самата влада. Доколку им се обезбедат буџет, законски ингеренции и независност – успехот е на повидок. Уште пропагандата да се реши, а нема, ќе имаме помирен и поздрав живот…

Во овој момент е важно, особено за мала држава како што е Северна Македонија, да се потрошат сите можни средства на борба против Ковид-19 и заздравување на економијата, но со план, транспарентно и одговорно. Нешто слично на тоа слушнавме и од директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева: „Во ова време на криза, ве молиме, потрошете сè што е потребно. Но, трошете мудро и чувајте ги сметките“. Што значи тоа „чувајте ги сметките“? Тоа значи дека се ставени на располагање огромни финансиски средства за надоместување на загубите од борбата против Ковид-19. И тоа е добра вест.

И Европската инвестициона банка (ЕИБ) веќе има огромни проекти за помош на сите европски држави, не само членки на ЕУ. Тој што ќе приложи добри аргументи пред ЕИБ, дека постојат капацитети и политичка волја за борба против корупцијата и дека таа е ставена под контрола, ќе обезбеди силна и ефикасна инвестициска инјекција во нашата економија.

Помошта ќе дојде, но само ако успееме да се здружиме во напорите да се спасиме. Со други зборови, молитвите не се доволни, туку треба и да се качиме на чамецот за спасување. Ако цело време го одбиваме од себе чамецот со митови, теории на заговорот и дезинформации, само ќе се удавиме.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Tags: вакцинацијадобро владеењеЕИБекономијаКорупцијаММФпандемијапропагандатранспарентностфинансии
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ