• Latest
Photo by Jonathan Velasquez on Unsplash

ИЗЈАВИ НА ДЕНОТ: Ивановска, Рашковски, Заев, Филипче, Орданоски, Илијев…

April 14, 2021
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
Фото: Руска нафтена инсталација. Скриншот од видео на MIRROR NOW

Кина ја зграпчува руската нафта откако побарувачката од Индија се намалува по царините на Трамп

August 20, 2025

Во јуни исплатени 830.336.364 денари за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

ИЗЈАВИ НА ДЕНОТ: Ивановска, Рашковски, Заев, Филипче, Орданоски, Илијев…

April 14, 2021 19:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Photo by Jonathan Velasquez on Unsplash

Photo by Jonathan Velasquez on Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

Ивановска: Собранието треба да ја продолжи расправата за Националната стратегија за спречување на корупцијата

„Успешната антикорупциска политика е дел и од процесот на евроинтеграции, а стратегијата е темел за унапредување на законската рамка и преземање на реформски активности. ДКСК примени широк, инклузивен и транспарентен процес во подготовката и изработката на стратегијата со учество на претставници на државни органи, институции, здруженија, фондации, приватен сектор, медиуми, но и претставници од Делегацијата на Европската Унија, ОБСЕ, РАИ и ИРИ,“рече Ивановска.

Рашковски: Се надевам лажните вести ќе престанат, зошто нивното негативно влијание не штети само лично

„Вистината нека се провери преку институциите. Нема затскривање позади функции. За лажните вести најдобро искуство да го преточиш во научен труд е преку лично искуство. Се надевам лажните вести ќе престанат, зошто нивното негативно влијание не штети само лично. Вистинската причина за повлекувањето е наведена во самото писмо. Се поразлично од тоа е лажна вест,“ напиша Рашковски на Фејсбук.

Заев: И во услови на пандемија натфрлен приходот од царините и другите давачки за полнење на Буџетот

„Втора година по ред нашите цариници и Царинската управа го одбележуваат – Денот на царината, во посебна, вонредна состојба заради мерките за спречување на ширењето на корона вирусот. Но и во такви услови им оддаваме признание за нивната посветеност и заради исклучителните и неопходни напори што ги прават, заедно со сите органи и министерства во Владата за одржување на економската активност и поддршка на работењето на економските оператори во меѓународната трговија и во извозот и увозот,“ вели Заев во честитката по повод Денот на царината.

Филипче: Максимум 300 илјади денари за комплексно лекување од Ковид – 19 во приватните болници

„Откако ќе се изгласа Законот за здравствена заштита со измените и дополнувањата, пациентите во приватните болници кои се лекуваат од Ковид – 19, ако е комплексно лекувањето и долго трае, максималната сума што треба да ја плати е 300 илјади денари. Станува збор за сума што пацинетите ја плаќаат во приватните болници, а таму заминале на своја волја да се  лекуваат, како што тоа го прават сега, а плаќаат голема сума пари. Ако треба ние да ги користиме како држава ресурсите на приватните болници, тогаш за тие ресурси не наплаќаме никаков надоместок кон приватните болници, а Фондот си ја презема услугата на плаќање. Таква ситуација засега нема,“ изјави министерот за здравство Венко Филипче. 

Орданоски: Шарената револуција го постигна тоа што го сакаше токму поради нејзината децентрализираност

„Кога се случи Шарената револуција, важно е да се каже дека тоа е навистина еден од ретките на Балканот во последните неколку децении со една оргинална невладина организација во целите тие настани, нормално пота се вмеша и политички фактор, се вмешаа можеби, дури и некакви странски фактори со поддршка, но се работеше за едно оригинално незадоволство на илјадници луѓе. Ним не им требаше некоја посебна оргиназација во тоа лежи убавината, затоа и остави толку силен впечаток бидејќи не го финансираше никој, луѓето сами доаѓаа“, изјави Сашо Орданоски на настанот на ЦИВИЛ по повод одбележување 5 години од Шарената револуција.

Илијев: Го осудувам секое насилство и непочитување на законите

„На 8 април на Меѓународниот ден на Ромите сакавме да поставиме камен темелник за отпочнување на изградба на типски куќи каде е планирано да се сместат сите 24 семејства кои живеат во Старата касарна во Кочани и уште неколку други семејства кои се социјално загрозени, без разлика на нивната етничка припадност. Меѓутоа, на 7 април добивме писмо од непознати нарачатели преку кое бевме известени дека локалните жители на Трајаново Трло нема да дозволат да се изгради до нив нова населба. На 8 април жителите на Трајаново трло организираа мирен протест, но на протестот беше истакнат и транспарент „Само преку нас мртви“ кое јас го осудувам и тоа не треба да ја отсликува сликата за соживотот во Кочани“, изјави Градоначалникот на Кочани Николчо Илијев.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ