• Latest

Пресек: Паричен надоместок за стечајците без 15 години работен стаж, пријава за Богојески за говор на омраза, ЦИВИЛ продолжува со јавни настани и работилници…

May 27, 2021
Фото: Фејсбук група „Стоп за Вардариште“

Стоп за Вардариште: Граѓаните го блокираа мостот „Близнаци”, бараат трајно решение за депониите

September 15, 2025
Прес конференција, 13 септември (фото извор: видео снимка на МВР)

Манипулативна злоупотреба на поимот „хибридни напади“: Кога државата си измислува непријатели

September 15, 2025

ДИК: Поднесени вкупно 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 листи за советници, најмногу за Град Скопје

September 14, 2025
Фото: Фејсбук Орце Ѓорѓиевски

Скопје гори – Орце си тера предизборна кампања

September 14, 2025
Проф. Оливер Андонов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Хаотично заебавање

September 14, 2025

Вината за пожарите Мицкоски ја гледа кај некои центри на моќ во државата, но и надвор, коишто не сакаат оваа Влада да успее

September 14, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Жителка на Трубарево заврши во болница, директорот на ЦУК, полицаец и војник на домашно лекување

September 14, 2025

Наместо политички спинови, Филипче понуди конкретен кризен план по пожарот во Трубарево, мерките да ги прифатат институциите

September 14, 2025

Обвинителството го истражува пожарот во Трубарево

September 14, 2025

ВМРО-ДПМНЕ обвинува без докази и аргументи: СДС(М) и ДУИ палат депонии – Филипче:Ова е надвор од секој здрав разум, наместо решенија, се нудат политички оправдувања и спинови

September 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Пресек: Паричен надоместок за стечајците без 15 години работен стаж, пријава за Богојески за говор на омраза, ЦИВИЛ продолжува со јавни настани и работилници…

May 27, 2021 17:27
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ:

Заев: Подготвен е Закон за паричен надоместок на стечајни работници без 15 години стаж

Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање на Панчо Минов во врска со стечајните работници на кои им недостасуваат неколку месеци за да го исполнат условот 15 години работен стаж за да се стекнат со паричен надоместок, рече дека за тие лица веќе има подготвен закон, за кој, како што рече, верува дека Парламентот ќе го усвои.

Според Заев, законското решение опфаќа околу 1.100 лица.

„Се работи за 140.000 денари. Државата веќе помага со милијарда и 500 илјади денари. Треба да разговараме со министерот за финансии и да ги видиме сите параметри, за да ги направиме математиките. Но ќе направиме се за овие лица да земаат паричен надоместок“, потенцира Заев.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Смаиловиќ: Со поддршкa и на ромската заедница покренуваме постапка за вознемирување против Богојески

ЦИВИЛ ВО ЖИВО

ЦИВИЛ во живо: „Можеме ли заедно?“

 

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

„Можеме ли заедно?“ – дебата на ЦИВИЛ за различноститe

ЦИВИЛ ќе одржи јавен настан на тема „Можеме ли заедно?“ на кој ќе стане збор за тоа кои се придобивките кога различните заедници работат и живеат заедно, на 2 јуни (среда), во хотел Парк Резиденс&Спа, зад градскиот стадион во Скопје.

Учесниците ќе споделат ставови, искуства и сознанија за тоа дали и како мултикултурализмот и почитувањето на различностите се рефлектираат во работните и животните опкружувања.

Дебатата е дел од Иницијативата „Направи разлика: Почитувај ги различностите“ што се спроведува со поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото војводство Луксембург.

Европските вредности и мултикултурата на локално ниво, работилница на ЦИВИЛ во Куманово

ЦИВИЛ организира работилница во Куманово на 3 јуни (четврток) на тема „Учество во креирање политики, јакнење на јавната свеста и промоција на европските вредности, мултикултурализмот и недискриминацијата на локално ниво“.

Ова е само дел од активностите на ЦИВИЛ во напорите да се придонесе кон запознавање, мотивирање и мобилизирање на општеството на сите нивоа и во сите сектори. Конкретно, со оваа  работилница се продолжува директната соработка на ЦИВИЛ со општините во креирањето успешни модели за граѓанско учество во процесите на носење одлуки на локално ниво во овие исклучително важно области.

ЦИВИЛ ја препознава потребата од активно вклучување на сите засегнати страни во одговор на прашањата за соработка меѓу локалната власт, граѓанските здруженија, медиумите и граѓанките и граѓаните во негувањето и промоцијата на европските вредности воопшто и мултикултурализмот посебно, како на национално, така и на локално ниво.

Работилницата ќе се одржи со физичко присуство со максимално почитување на протоколите и мерките за заштита и безбедност од Ковид-19.

Работилницата е дел од проектот „Европски перспективи“ што ЦИВИЛ го спроведува со поддршка на Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПОДДРШКА Словачкиот амбасадор во земјава Хенрик Маркуш, денeска, говорејќи на четвртата пленарна сесија на Националната конвенција за ЕУ во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК), рече дека местото на С Македонија е несомнено во ЕУ и оти промената на името на земјава не било наградено со почнување на вистинските преговори за членство.

OБРАЗОВАНИЕ Работата и посветеноста на наставниците треба да се вреднува и почитува, посебно во услови на пандемија кога сите заеднички вложивме максимални напори да имаме успешна учебна година. Министерството за образование и наука (МОН), апелира до локалните самоуправи и училиштата да го почитуваат Законот и да ги исплаќаат надоместоците за прекувремена работа на наставниците, соопштија од МОН.

ЕКОНОМИЈА Не сметам дека со електронските картични за српските туристи низ патарините ќе се дестимулира домашниот туризам. Секако тоа се предвидени трошоци, изјави заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

ЧОВЕКОВИ ПРАВА Пандемијата и нејзиното влијание врз човековите слободи и права во Севена Македонија, Албанија и Косово била главната тема на средбата на омбудсманите на трите држави, Насер Зибери, Еринда Баланца и Наим Ќељај.

ИНТЕРПЕЛАЦИИ Претседателот на Собранието Талат Џафери очекува до 8 јуни да се најде на дневен ред на следната седница барем една од двете интерпелации поднесени за министерот за правда Бојан Маричиќ и вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски.

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Системот мора да покаже еластичност и креативност  во решавање на проблемите. Институциите да не се користат единствено за санирање и лечење на последиците, туку мора активно да реагираат во превенирање на потенцијалните опасности за нарушување на функционирање на системот.

Примерот со Еуростандард банка треба да биде опомена, но треба и да се извлече поука.

Да се анализираат состојбите и да се извршат измени, ако е неопходно, и на повеќе законски решенија со единствена цел квалитативно да се подобрат можностите за навремена и ефикасна реакција на институциите која ќе овозможи, не само еднаква заштита на сите штедачи (и на оние со заштеди преку 30.000 евра) и на правните лица – клиенти на банките, туку и на подобрување на вкупниот правен систем кој ќе гарантира заштита на правата и еднаквост пред законите на граѓаните, државата и економските субјекти“, пишува Перо Наумовски во анализата „Да не се брза со измени на Законот за банки“.

„Пред неколку денови на панелот „Говорот на омразата во политиката“, во организација на ЦИВИЛ, Петар Богојески се обиде неговиот експлицитен говор на омраза пласиран во последно време на социјалните мрежи да го прикаже како експеримент и истражување.

Повеќе од јасен е одговорот на прашањето дали се работи за „социјален експеримент“ или во борбата за политички поени не се бираат начините да се стигне од „500 до 50.000 гласови“, пишува Јане Ѓорѓиоски во анализата – „Експериментот“ на Богојески.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    155 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • (ВИДЕО) Српскиот министер за одбрана, Гашиќ, екс-директор на БИА, тврди дека Кајмакчалан е српска земја

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ