ВЕСТ НА ДЕНОТ:
Заев: Подготвен е Закон за паричен надоместок на стечајни работници без 15 години стаж
Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање на Панчо Минов во врска со стечајните работници на кои им недостасуваат неколку месеци за да го исполнат условот 15 години работен стаж за да се стекнат со паричен надоместок, рече дека за тие лица веќе има подготвен закон, за кој, како што рече, верува дека Парламентот ќе го усвои.
Според Заев, законското решение опфаќа околу 1.100 лица.
„Се работи за 140.000 денари. Државата веќе помага со милијарда и 500 илјади денари. Треба да разговараме со министерот за финансии и да ги видиме сите параметри, за да ги направиме математиките. Но ќе направиме се за овие лица да земаат паричен надоместок“, потенцира Заев.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Смаиловиќ: Со поддршкa и на ромската заедница покренуваме постапка за вознемирување против Богојески
ЦИВИЛ ВО ЖИВО
ЦИВИЛ во живо: „Можеме ли заедно?“
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ
„Можеме ли заедно?“ – дебата на ЦИВИЛ за различноститe
ЦИВИЛ ќе одржи јавен настан на тема „Можеме ли заедно?“ на кој ќе стане збор за тоа кои се придобивките кога различните заедници работат и живеат заедно, на 2 јуни (среда), во хотел Парк Резиденс&Спа, зад градскиот стадион во Скопје.
Учесниците ќе споделат ставови, искуства и сознанија за тоа дали и како мултикултурализмот и почитувањето на различностите се рефлектираат во работните и животните опкружувања.
Дебатата е дел од Иницијативата „Направи разлика: Почитувај ги различностите“ што се спроведува со поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото војводство Луксембург.
Европските вредности и мултикултурата на локално ниво, работилница на ЦИВИЛ во Куманово
ЦИВИЛ организира работилница во Куманово на 3 јуни (четврток) на тема „Учество во креирање политики, јакнење на јавната свеста и промоција на европските вредности, мултикултурализмот и недискриминацијата на локално ниво“.
Ова е само дел од активностите на ЦИВИЛ во напорите да се придонесе кон запознавање, мотивирање и мобилизирање на општеството на сите нивоа и во сите сектори. Конкретно, со оваа работилница се продолжува директната соработка на ЦИВИЛ со општините во креирањето успешни модели за граѓанско учество во процесите на носење одлуки на локално ниво во овие исклучително важно области.
ЦИВИЛ ја препознава потребата од активно вклучување на сите засегнати страни во одговор на прашањата за соработка меѓу локалната власт, граѓанските здруженија, медиумите и граѓанките и граѓаните во негувањето и промоцијата на европските вредности воопшто и мултикултурализмот посебно, како на национално, така и на локално ниво.
Работилницата ќе се одржи со физичко присуство со максимално почитување на протоколите и мерките за заштита и безбедност од Ковид-19.
Работилницата е дел од проектот „Европски перспективи“ што ЦИВИЛ го спроведува со поддршка на Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ПОДДРШКА Словачкиот амбасадор во земјава Хенрик Маркуш, денeска, говорејќи на четвртата пленарна сесија на Националната конвенција за ЕУ во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК), рече дека местото на С Македонија е несомнено во ЕУ и оти промената на името на земјава не било наградено со почнување на вистинските преговори за членство.
OБРАЗОВАНИЕ Работата и посветеноста на наставниците треба да се вреднува и почитува, посебно во услови на пандемија кога сите заеднички вложивме максимални напори да имаме успешна учебна година. Министерството за образование и наука (МОН), апелира до локалните самоуправи и училиштата да го почитуваат Законот и да ги исплаќаат надоместоците за прекувремена работа на наставниците, соопштија од МОН.
ЕКОНОМИЈА Не сметам дека со електронските картични за српските туристи низ патарините ќе се дестимулира домашниот туризам. Секако тоа се предвидени трошоци, изјави заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.
ЧОВЕКОВИ ПРАВА Пандемијата и нејзиното влијание врз човековите слободи и права во Севена Македонија, Албанија и Косово била главната тема на средбата на омбудсманите на трите држави, Насер Зибери, Еринда Баланца и Наим Ќељај.
ИНТЕРПЕЛАЦИИ Претседателот на Собранието Талат Џафери очекува до 8 јуни да се најде на дневен ред на следната седница барем една од двете интерпелации поднесени за министерот за правда Бојан Маричиќ и вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски.
СЛОБОДНА ЗОНА
„Системот мора да покаже еластичност и креативност во решавање на проблемите. Институциите да не се користат единствено за санирање и лечење на последиците, туку мора активно да реагираат во превенирање на потенцијалните опасности за нарушување на функционирање на системот.
Примерот со Еуростандард банка треба да биде опомена, но треба и да се извлече поука.
Да се анализираат состојбите и да се извршат измени, ако е неопходно, и на повеќе законски решенија со единствена цел квалитативно да се подобрат можностите за навремена и ефикасна реакција на институциите која ќе овозможи, не само еднаква заштита на сите штедачи (и на оние со заштеди преку 30.000 евра) и на правните лица – клиенти на банките, туку и на подобрување на вкупниот правен систем кој ќе гарантира заштита на правата и еднаквост пред законите на граѓаните, државата и економските субјекти“, пишува Перо Наумовски во анализата „Да не се брза со измени на Законот за банки“.
„Пред неколку денови на панелот „Говорот на омразата во политиката“, во организација на ЦИВИЛ, Петар Богојески се обиде неговиот експлицитен говор на омраза пласиран во последно време на социјалните мрежи да го прикаже како експеримент и истражување.
Повеќе од јасен е одговорот на прашањето дали се работи за „социјален експеримент“ или во борбата за политички поени не се бираат начините да се стигне од „500 до 50.000 гласови“, пишува Јане Ѓорѓиоски во анализата – „Експериментот“ на Богојески.