• Latest
Протест на ВМРО-ДПМНЕ, 9 јуни 2021 (извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Пресек: Младите не смеат да кренат раце од промените, Пендаровски за важноста на едукацијата за перењето пари, едиторијал за „војната“ против Брисел и Вашингтон

June 10, 2021
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Пресек: Младите не смеат да кренат раце од промените, Пендаровски за важноста на едукацијата за перењето пари, едиторијал за „војната“ против Брисел и Вашингтон

June 10, 2021 17:41
in ДНЕВНИК, ТОП 5
Протест на ВМРО-ДПМНЕ, 9 јуни 2021 (извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Протест на ВМРО-ДПМНЕ, 9 јуни 2021 (извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Стојческа, Арсовска и Стојкоски на панелот на ЦИВИЛ: Младите ги поседуваат европските вредости, не смеат да кренат раце од промените

„Имав можност да студирам во Словенија и имав прилика да научам многу повеќе за европските вредости. Кога на 18 години отидов во Словенија имав потешкотии да се прилагодам. Промените што се случуваа во  време на Шарената револуција ја следев од таму. Во однос на дигитализацијата, имаме можност да растеме. Нема оправдување дека не може нешто да се смени и да кренеме раце. Не смееме да кажеме „пиши пропало“, мора да се бориме за поздрава средина и поубави можности“, изјави Билјана Арсовска на јавниот настан на ЦИВИЛ на тема „Младите и европските вредности“.

Билјана Стојческа од Младински сојуз на Крушево, на јавниот настан на ЦИВИЛ истакна дека не зборуваме за ЕУ како институција, туку за евриопските вредности, и откако ќе се усвојат европските вредности дури тогаш може да зборуваме за ЕУ интеграции.

„Преку сите наши проекти промовираме европски вредности. Што ние правиме за младите? Убедена сум дека прво треба тука да почнеме да се сакаме, да им покажеме на ЕУ дека сме спремни да не примат во својата кујна. Младите се двигатели на промените.

Андреј Стојкоски од Национален младински совет на панелот истакна дека младите луѓе веруваат во европските вредности и знаат што се европски вредости, ги применуваат тие вредности.

„Би рекол дека има мала бројка млади не се запознаени со европските вредности. Младите не ни знаат дека вредостите што ги носат во себе се токму европските вредности.

Сметам дека треба да се посвети поголемо внимание на оваа тема, во имплементација на европските вредности, за младите целосно да ги применуваат, изјави Стојкоски.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Пендаровски: Македонската јавност треба да биде соодветно информирана и едуцирана за препознавање на ризиците од перењето пари и финансирањето тероризам

„Овој Извештај за спроведена проценка за ризикот од финансирање на тероризам за непрофитните организации во нашата земја влева надеж дека со имплементација на препораките ќе го направиме системот посилен и поподготвен да се справува со заканата од тероризам и нелегалните извори за негово финансирање. На тој начин ќе ја зајакнеме довербата на граѓаните и на нашите европски партнери во капацитетот и интегритетот на надлежните домашни институции како клучни носители на концептот на добро владеење. Македонската јавност треба да биде соодветно информирана и едуцирана во врска со дејствувањето на непрофитните организации, кои пак, треба и самите да ги зајакнат сопствените капацитети за препознавање на ризиците кои произлегуваат од перењето пари и финансирањето тероризам“, изјави Пендаровски.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ДИЗАЈН Креативни дизајни – фустани и костуми создадени од студентите од факултетите за дизајн од целата држава, со употреба на само еколошки материјали, беа промовирани вечерва на одржливата модна ревија во Музејот на современа уметност.

САМИТ Премиерот Заев на Самитот на земјите од Западен Балкан во Тирана.

НАРЕДБА Со Извршна наредба на претседателот на САД Џо Бајден вчера се прошири опсегот на вонредни мерки за регионот на Западен Балкан, што опфаќа и замрзнување на имотот и забрана за влез во САД на лица кои работат против Договорот од Преспа и Охридскиот рамковен договор и нивното спроведување и ги поткопуваат мирот и регионалната соработка.

ЛЕТЕН РАСПУСТ Учениците одат на распуст, надлежните ќе решаваат како ќе продолжи наставата од септември.

ДЕН НА ВОЗДУХОПЛОВСТВО Со воена свеченост во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска армискиот воздухопловен ВИНГ (вВИНГ) ќе го одбележи Денот на единицата.

Десет НАТО сојузници меѓу кои и Северна Македонија стартуваат нова ера во обуката на воени пилоти.

МЕДИУМИ Во 2020 година зголемен број на напади врз новинари и слаб напредок во медумските слободи.

ПЕРСОНА НОН ГРАТА Русија протера вработен во амбасадата на Република Северна Македонија во Москва како одговор за протерувањето на руски дипломат од Скопје.

ДКСК Државната комисија за спречување на корупција на 49 седница согласно член 20 став 2 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси ја избра м-р Ирена Поповска, долгогодишен вработен раководен државен службеник во Секретаријатот на ДКСК за Генерален секретар на Секретаријатот во ДКСК.

СЛОБОДНА ЗОНА

Во денешниот едиторијал под наслов „Одат во војна против Брисел и Вашингтон, а блокираат сообраќајници со двајца без тројца“, Џабир Дерала пишува: „Ако е нејзин гласот на снимките што се објавуваат деновиве, Јелена Жугиќ ја одигрува својата животна улога. Таа и нејзината партија не се борат против Заев, туку против Брисел и Вашингтон. И потврдува дека тоа што го говори на снимките се мисли и ставови на нејзиниот претседател, Мицкоски кој, ако си замине, сите ќе заминат, а партијата ќе им ја преземат криминалци. „Ни го осудија Груевски за мерцедесот…“ – вели таа, растреперена, возбудена, патетична… Нема потреба да се аргументира посебно, доволно е само да се преслуша снимката, за да се сфати дека ВМРО-ДПМНЕ има голем проблем. Многу голем проблем. За среќа, колку и да се трудат, проблемот не успева да се излее од нивното заматено партиско корито. Сепак, Мицкоски мора да се одлучи, дали не спие поради Заев или поради Брисел и Вашингтон…“

Ирена Крџиќ

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ