„ЦИВИЛ и Балканскиот форум се членови на граѓанскиот форум. Тоа е разновидна платформа на организации. Ние ги обединивме нашите напори да дадеме пример, да покажеме дека можеме да работиме заедно и да создадеме единствен фронт за справување со прашањата што ги кочат демократиите, напредокот и иднината на нашите земји. Ние презентиравме заеднички изјави и манифести на бројни самити, и работиме на зајакнување на односите меѓу граѓанското општество, медиумите, младите, академската дијаспора и деловните сектори во регионот на Балканот.“, се обрати Астрит Истрефи од Балканскиот форум на почетокот на конференцијата „Напади врз демократијата и човековите права: Граѓанските организации во поддршка на општествата од Западен Балкан кои се соочуваат со дезинформации, говор на омраза и хибридни напади“ што се одржува денеска во Скопје.
„Ќе нагласам неколку критични прашања со кои се занимаваме.
Сведоци сме на различни форми на војување. Исклучително софистицирани, но незабележани или неоткриени, кои им се закануваат на нашите земји и општества, кои имаат сериозно влијание врз нашата демократија и го нарушуваат мирот и напредокот во нашите земји и региони.
Пропагандата, дезинформацијата, лажните вести, колку и да ги именуваме или дефинираме, докажано е дека имаат влијание не само во ширењето, туку и речиси имаат одлучувачко влијание на изборите, референдумите, мирот и процесите на интеграција во ЕУ, вклучително и во сегашната пандемија и вакцинација. Има многу докази за таква закана за нашите земји и општества.“, посочува Истрефи.
Се фокусираме како да станеме повнимателни за да се спротивставиме на таквите закани. Можеме да научиме многу едни од други, можеме да учиме од други примери. Можеме да работиме на нив и да градиме на успеси на кои сме сведоци, порача Астрит Истрефи од Балканскиот форум.