Регионалната конференцијата „Напади врз демократијата и човековите права: Граѓанските организации во поддршка на општествата од Западен Балкан кои се соочуваат со дезинформации, говор на омраза и хибридни напади“ е во организација на ЦИВИЛ во соработка со Балкан форум и членките на Платформата за граѓанско општество за демократија и човекови права (ПГО).
Конференцијата се одржува во Скопје, во хотелот „Парк резиденс&Спа“ ( зад градскиот фудбалски стадион), денеска, 28 јули 2021.
Меѓу учесниците и говорниците на двата панели на конференцијата се Марион Краске, проф-д-р Снежана Трпевска, Волфганг Ресман, Амина Шурковиќ, Ненад Шебек, Абит Хоџа, Тијана Цвјетичанин, Амина Шемсовиќ, Ерјон Цурај, Бојан Кордалов, Мерсиха Смаиловиќ, Владимир Ѓорѓевски и други претставници на медиумите и граѓанското општество. Учесниците се од земјите на Западен Балкан и од Германија.
Настанот ќе се емитува преку онлајн платформите на ЦИВИЛ, на Фејсбук страницата и на Јутуб каналот, додека медиумските содржини ќе бидат преведени од тимовите на ЦИВИЛ и Балкански форум. Редакциите се поканети да присуствуваат физички или онлајн. На барање од редакциите, организаторите ќе обезбедат линк за онлајн присуство на конференцијата.